Пост за починатиот Матеј Периш преку манипулативен наслов сака да привлече што е можно повеќе кликови

Текстот содржи фотографија од телото на Матеј Периш, но таа е целосно замаглена, така што не може да се каже дека не е за тие со слабо срце, односно не може да се види дека „целиот е распаднат,“ како што се тврди во насловот. Исто е и со видеото во написот. На видеото се гледа само местото од каде е извлечено телото, односно водата од реката и скалите. Таму не се гледа ниту тело, ниту пак други детали и очигледно е дека видеото е снимено откако телото е веќе извлечено од водата

Пост на Фејсбук споделува напис кој тврди дека содржи видео од моментот на извлекувањето на мртвото тело на Хрватот Матеј Периш кој беше пронајден во водите на Дунав во Белград. За да биде поубедлив насловот, пишува дека „не е за тие со слабо срце“. Но кога ќе го отворите написот, ќе видите дека станува збор за клик бејт наслов кој има единствена цел да привлече што е можно повеќе кликови.

Очевидци откриваат како е пронадено телото на Хрватот Матеј Периш во водите на Дунав. На него стоело облеката што ја носел кобната вечер додека телото му било во распаѓање, се вели во написот.

Текстот содржи фотографија од телото на Матеј Периш, но таа е целосно замаглена, така што не може да се каже дека не е за тие со слабо срце, односно не може да се види дека „целиот е распаднат“, како што се тврди во насловот. Исто е и со видеото во написот. На видеото се гледа само местото од каде е извлечено телото, односно водата од реката и скалите. Таму не се гледа ниту тело, ниту пак други детали и очигледно е дека видеото е снимено откако телото е веќе извлечено од водата.

Всушност и самото видео кое е преземено од српските медиуми има наслов „Овде го извлекоа телото на Матеј Периш“.

Очигледно е дека постот содржи клик бејт наслов, кој нема за цел да информира, туку да привлече што е можно повеќе кликови.

Оттука можеме да кажеме дека на постот што го анализираме му недостига контекст.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција