Преку манипулирани фотографии се шират дезинформации за половата припадност на Мишел Обама

Фото: скриншот од дел од објавата

Тврдењата дека Мишел Обама е трансродова жена која е родена како маж не само што се лажни, туку се и апсурдно смешни, бидејќи таа родила две девојчиња – Малија Обама и Саша Обама. Во ноември 2018 година, Мишел Обама дури и се отвори за своето искуство со неплодност, откривајќи дека доживеала спонтан абортус на почетокот на нивниот брак. На крајот таа и поранешниот претседател Барак Обама прибегнаа кон ин-витро оплодување (ИВФ) за да ги зачнат Малија и Саша
Трансродовите жени не можат да раѓаат или да претрпат спонтани абортуси, бидејќи се родени мажи, и немаат и јајници и матка

Тврдењата дека Мишел Обама е трансродова жена, која е родена како маж не само што се лажни, туку се и апсурдно смешни, бидејќи таа родила две девојчиња – Малија Обама и Саша Обама

 

Пост на мрежата Фејсбук преку фотошоппирани фотографии, шири лажна вест дека поранешната прва дама на САД, Мишел Обама е маж.

Најверојатно следниот претседател на Америка. Нормално, под превезот на “прва блек жена”, као “најјача демокртија” во светот, под сводот на вештачкото виножито, ќе го “доебе” и тоа нешто нормално што остана. Фала му само на #Бога за се’ уште здравиот резон и етика, кај мал број на индивидуи, стои во објавата која ја анализираме.

Постот е придружен од две фотографии на кои наводно, под облеката, се гледаат облик кој би требало да навести постоење на машки полов орган на Мишел Обама.

Не е првпат Мишел Обама во манипулативни постови да биде лажно претставувана дека, наводно, не е жена. Ваквите небулози речиси секогаш потекнуваат од кругови кои се склони кон теории на заговор, а со цел во лагата да уверат што поголем број луѓе, користат алатки за изменување на фотографиите, ги фотошопираат фотографиите, доведувајќи ги лековерните во ситуација да се сомневаат дури и во очигледни факти.

Вистиномер веќе има дебанкирано една таква информација која преку дигитално изменета фотографија инсинуираше дека Мишел Обама е маж.

Во 2020 година се ширеше и надградена верзија на овие лажни тврдења во кои се тврдеше дека Мишел Обама, родена со името Мајкл Лаван Робинсон, всушност, била – маж. Лажните вести на интернет поврзани со Мишел Обама, особено се размножија откако таа отворено почна да му изразува поддршка на Џо Бајден во неговата претседателска трка против Доналд Трамп, која заврши со негова победа.

Тврдењата дека Мишел Обама била маж ги имаат побиено и други сервиси за проверка на фактите како Ројтерс и Политфакт.

Тврдењата дека Мишел Обама е трансродова жена која е родена како маж не само што се лажни, туку се и апсурдно смешни, бидејќи таа родила две девојчиња – Малија Обама и Саша Обама.

Во ноември 2018 година, Мишел Обама дури и се отвори пред јавноста за своето искуство со неплодност, откривајќи дека доживеала спонтан абортус на почетокот на нивниот брак. На крајот таа и поранешниот претседател Барак Обама прибегнале кон ин-витро оплодување (ИВФ) за да ги зачнат Малија и Саша.

Трансродовите жени не можат да раѓаат или да претрпат спонтани абортуси, бидејќи немаат и јајници и матка.

Малија Обама со нејзината нова тукушто родена сестра Саша (2001), Фото: techarp.com

Мишел Обама понекогаш споделува фотографии од своето детство на својот Инстаграм профил. Сите тие се доказ дека пораснала како девојче, никогаш како момче.

Што се однесува до фотографиите во постот, тие се фотошопирани со цел  да се шират лажни вести дека Мишел Обама е маж.

Првата фотографија, која ја прикажува Мишел Обама како го допира меѓуножјето, е фотошопирана со помош на фотографија направена од фотографот на АФП, Џевел Самад.

Оригиналната фотографија е достапна на Getty Images со број на фотографија 167345551, со опис:

Американскиот претседател Барак Обама и првата дама Мишел Обама пристигнуваат во воздухопловната база Ендрус во Мериленд на 24 април 2013 година за да заминат за Далас, Тексас. Обама се упати кон Далас, Тексас за да присуствува на настанот на Демократскиот национален комитет подоцна во текот на денот. Тој, исто така, ќе присуствува на комеморацијата во Вако во четврток за жртвите од експлозијата на фабриката за вештачко ѓубриво Вест, Тексас. АФП ФОТО/Џевел Самад

Оригиналната фотографија покажува дека Мишел Обама гледа надолу со десната рака покривајќи го меѓуножјето, најверојатно борејќи се против ветрот од ротирачките сечила на хеликоптерот.

Фотографијата е изменета за да се промени аголот на нејзината рака, поради што нејзиниот фустан одеднаш станува многу поширок. Креаторот на лажната фотографија потоа го додал „меѓуножјето“.

Втората фотографија на Мишел Обама со видлива испакнатост е скриншот од видео на Демократската национална конвенција, кога таа одржа говор на 25 август 2008 година.

Десетици милиони луѓе го следеа нејзиниот говор, а десетици фотографи ја фотографираа Мишел Обама од моментот кога таа излезе на сцената на Пепси центарот во Денвер, Колорадо тој ден.

Ако Мишел Обама навистина имаше испакнатост, тоа ќе беше забележано на видеата и фотографиите направени тој ден.

Сепак, ниту една од вистинските фотографии направени од фотографите тој ден не покажа такво нешто. Виралната фотографија е очигледно дополнително уредена за да го додаде тој детаљ.

Сите овие тврдења дека е Мишел Обама родена како момче никогаш не биле поткрепени со никакви докази.

Имајќи предвид дека постот како доказ за тврдењето користи фотошопирани фотографии, можеме да кажеме дека тој е невистинит.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција