Претседателот на Танзанија не бил убиен, туку починал во болница од здравствени причини

Фото: flickr.com

Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху, причината за смртта на шеесет и едногодишниот претседател Џон Магуфули не ја лоцира во никакво убиство, туку посочи дека имал здравствени проблеми односно срцево заболување. „Википедија“, повикувајќи се на изјава од потпретседателката Сулуху, пишува дека  претседателот имал коморбидитети повеќе од 10 години, а, исто така, наведува дека постоеле шпекулации во најмалку два наврата дека Магуфули бил заразен со коронавирусот пред да почине

Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху, причината за смртта на шеесет и едногодишниот претседател Џон Магуфули не ја лоцира во никакво убиство, туку посочи дека имал здравствени проблеми односно срцево заболување. „Википедија“, повикувајќи се на изјава од потпретседателката Сулуху, пишува дека  претседателот имал коморбидитети повеќе од 10 години, а, исто така, наведува дека постоеле шпекулации во најмалку два наврата дека Магуфули бил заразен со коронавирусот пред да почине

 

 

Рецензираме Фејсбук пост во којшто се коментира веста за смртта на претседателот на Танзанија, Џон Магуфули и се тврди дека тој бил „убиен“.

Го убија овој шо им ги проби лажните ПЦР тестови на СЗО, кога им прати земени брисеви од коза и папаја, а они открија дека се позитивни на Коронавирус!, се вели во објавата што ја рецензираме.

Но, дали е навистина така?

Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху, причината за смртта на шеесет и едногодишниот претседател Џон Магуфули не ја лоцира во никакво убиство, туку посочи дека имал здравствени проблеми, односно срцево заболување.

Тој починал во болницата во Дар ес Салам откако не се појавуваше во јавноста повеќе од две недели, по што почнаа да се шират гласини дека здравјето му е влошено. „Википедија“, повикувајќи се на изјава од потпретседателката Сулуху, известува дека претседателот имал коморбидитети повеќе од 10 години. „Википедија“, исто така, наведува дека постоеле шпекулации во најмалку два наврата дека Магуфули бил заразен со коронавирусот пред да почине.

Магуфули не е забележан јавно од 27 февруари и почнаа да кружат гласини на интернет дека е болен. Кенијски весник на 10 март 2021 година извести дека африканскиот лидер е третиран за ковид-19 во болница во Најроби, што доведе до низа шпекулации дека е можно да се работи за претседателот Магуфули. Опозицискиот политичар Тунду Лису, повикувајќи се на неименувани извори и без докази кажа дека чул оти Магуфули се заразил со коронавирусот и бил хоспитализиран, пишува на Википедија.

Никаде на интернет не може да се пронајде ниту гласина, ниту информација од медиум, ниту чие било  сомневање дека станува збор за убиство. Напротив, официјално е потврдено дека претседателот починал во болница.

Претседателот на Танзанија беше критикуван зашто ги охрабруваше граѓаните да се молат во црквите и во џамиите за да го победат „сатанистичкиот коронавирус“. Тој одбиваше да нарача вакцини за своите граѓани. Во Танзанија уште има шпекулации дека вистинската причина за смрртта на претседателот е ковид-19, објавува „Вол Стрит Џрнал“.

Оттука, не е точно дека претседателот бил убиен, како што се тврди во постот што го рецензираме и го оценуваме како невистинит.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција