Преувеличена приказна за животот на полковникот Сандерс со години се споделува на Фејсбук

Фото: Denys VitaliPixabay

Иако полковникот Сандерс започнал со франшизата на својот рецепт за пилешко дури по неговото пензионирање, тврдењата во објавата за почетоците на неговото учество во Кентаки Фрајд Чикен се лажни. Тој не бил без пари бидејќи бил претприемнички бизнисмен со децении, ниту пак, почнал да готви само кога станал пензионер користејќи ги средствата од неговиот прв државен чек. Тој починал богат, но нема докази кои сугерираат дека Сандерс бил милијардер

Иако полковникот Сандерс започнал со франшизата на својот рецепт за пилешко дури по неговото пензионирање, тврдењата во објавата за почетоците на неговото учество во Кентаки Фрајд Чикен се лажни. Тој не бил без пари бидејќи бил бизнисмен со децении, ниту пак, почнал да готви само кога станал пензионер, користејќи ги средствата од неговиот прв државен чек. Тој починал богат, но нема докази кои сугерираат дека Сандерс бил милијардер

 

 

Анализираме објави на Фејсбук кои споделуваат инспиративна приказна за животот на основачот на KFC, полковникот Харланд Сандерс. Оваа приказна не е нова и се шири на социјалните мрежи од 2016 година. Таа содржи многу недоследности.

На 5-годишна возраст, неговиот татко починал.

 – На 16 години престанува да учи.

 – На 17 години веќе изгуби повеќе од 4 работни места.

 – Се ожени на 18 години.

 – Од 18 до 22 години работи како возач и не успева.

 -Одлучува да оди во војска, но е одбиен.

 – Неуспех како агент за осигурување.

 – На 25 години сопругата го остави и му ја зеде единствената ќерка.

 – Станува мијач во мало кафуле.

 – Не успева да ја врати ќерката.

 – Се пензионираше на 65 години.

 – На првиот ден од пензија државата му дава 105 долари.

 Сфаќајќи дека не може да се издржува, решава да се самоубие, измачуван од живот полн со неуспеси.Седи под дрво да го напише своето проштално писмо, но сфаќа дека има едно нешто што сè уште не пробал, а тоа е готвењето!  Со доларите што му ги дава владата, тој купува фритеза, прави пилешко по рецептот на баба му и го продава од врата до врата низ градот.

 На 88 години, полковник Сандерс, основач на KFC, милијардер…, пишува во објавата.

Познато е дека животот на полковникот Харланд Сандерс (1890-1980), основач на империјата за брза храна Кентаки Фрид Чикен (KFC), имал повеќе подеми и падови што ја прави неговата успешна приказна уште поневеројатна.

Сандерс одигра активна улога во создавањето на сопствениот мит, изработувајќи две одделни автобиографии, Животот како што знаев дека е добар (1974) и Автобиографијата на оригиналниот славен готвач (напишана во 1966 година, објавена во 2012), пишува во 2016 година сајтот за проверка на фактите Сноупс. Тој бил во поодмината возраст кога сфатил дека правењето храна е негова работа, а на уште подоцнежна возраст конечно сфатил како да се збогати правејќи го тоа.

Очекувано, Интернетот измислил своја скратена верзија на животната приказна на полковникот Сандерс – всушност, неколку верзии, секоја со свои пропусти и неточности, пишува Сноупс.

Вистина е дека полковникот Харланд Сандерс започнал со франшизата на својот пилешки рецепт дури по 65-годишна возраст – но објавата погрешно ги прикажува фактите за неговиот пат до успехот, наведуваат проверувачите на факти на ААП .

Сандерс оставил имот од помалку од 1,5 милиони американски долари и донирал милиони во добротворни цели, се вели во написот на Њујорк Тајмс од 1981 година во кој е опишан неговиот тестамент. Tој не бил милијардер.

Го продал Kentucky Fried Chicken во 1964 година, иако во тоа време сè уште служел во одборот на директори на компанијата и добивал „добра плата за советите за храна и неговите активности за односи со јавноста“, според написот од 1970 година во The New Yorker.

Неговата плата била 60.000 долари годишно, според написот на Њујорк Тајмс од 1996 година, кој, исто така, потврдува дека Сандерс ја продал компанијата во 1964 година за 2 милиона долари, наведува ААП во својата анализа.

Џош Озерски во својата книга од 2012 година, „Полковник Сандерс и американскиот сон“, истакнува дека Сандерс бил одговорен за рецептот за пилешко и начинот на кој се готви,  додека многу аспекти на синџирот за брза храна, како што се името, кофата и слоганот „лижењето на прстите е добро“ (“finger-lickin’ good”) биле изум на пријателот на Сандерс, Леон „Пит“ ХарманХарман го ставил пилешкото на Сандерс на менито на неговиот ресторан во Солт Лејк Сити три години пред наводното „пензионирање“ на Сандерс.

Сандерс го научил Харман за процесот на пржење на пилешко во 1952 година, кога Сандерс имал 62 години. До 1956 година, веста за успехот на Харман стигнала до други сопственици на ресторани и „шест или осум од нив направиле неформални договори за франшиза со полковникот, според кои му плаќаа четири центи за секое пилешко што го зготвија со неговиот процес“, според Њујоркер, пишува ААП.

Во врска со тврдењата за пензионирањето на Сандерс, желбата за самоубиство и „откровението под дрвото“, се чини дека нема докази дека овие настани се случиле врз основа на неговата автобиографија и други биографии кои ги анализирал сервисот за проверка на фактите на ААП.

Според Сноупс, не е точно дека Сандерс се пензионирал на 65 години. На оваа возраст, Сандерс бил успешен сопственик на комбо сервисна станица, мотел и кафуле во Корбин, Кентаки, но бизнисот почнал да се намалува кога блискиот меѓудржавен автопат бил пренасочен, па Сандерс бил принуден да го продаде со загуба. Сепак, тој не се сметал себеси за пензионер.

Како што наведува Сноупс во својата анализа, тврдењето дека Сандерс сакал да се убие е најеклатантната лага во интернет верзијата на неговата животна приказна. И покрај сите негови подеми и падови, нема докази дека некогаш размислувал за самоубиство, па дури и дека доживеал самоубиствени чувства. Навистина, тој бил во тешка ситуација откако бил принуден да го продаде бизнисот што го изградил во претходните децении за пени по долар, но тој не бил очаен.

Да немав 66 години и чек за социјално осигурување од 105 долари секој месец, не знам што би направил, напишал тој подоцна.

Но, за мене не беше прашање да се откажам. Тоа беше само проблем што да правам понатаму (страница 65 од „Автобиографијата на оригиналниот славен готвач), цитираат Сноупс и ААП.

Исто така, спротивно на тврдењето на објавата, готвењето не било нешто што Сандерс го започнал по неговото „пензионирање“ на 65-годишна возраст, пишува ААП. Шејла Грифин Ланас во својата книга од 2014 година, „Полковник Харланд Сандерс: Креатор на KFC“, истакнува дека Сандерс почнал да продава топли оброци како споредна работа од сервисна станица во 1930 година кога имал 40 години. Подоцна додал ресторан на станицата на автопатот 25 во источен Кентаки и во 1937 година додал мотел.

И покрај тоа што го водел успешниот бизнис со години, Сандерс на крајот имал само скромно враќање. Како што објаснува тој во автобиографијата од 2012 година објавена од KFC Corporation, „Автобиографијата на оригиналниот славен готвач“, автопатот 25 бил пренасочен „седум милји западно од градот“, загрозувајќи го целиот негов туристички бизнис. Тој ја продал станицата на аукција во март 1956 година.

Тоа ми донесе 75.000 долари, додека една и пол година претходно можев да добијам 164.000 долари за тоа, рекол Сандерс (страница 63),цитира ААП.

Во книгата, исто така, се вели дека Сандерс отишол да го види својот Харман во Солт Лејк Сити и бил изненаден кога го видел како готви по осум тенџериња пилешко дневно, означувајќи ја храната како Кентаки Фрајд Чикен без да му каже.

Потоа направивме договор, вели Сандерс (страница 66).

Му дозволив да ја има целата држава Јута. Во текот на неговата петта година откако Пит ја презеде мојата франшиза во Kentucky Fried Chicken, тој заработи 3,5 милиони долари во бизнисот, пренесува ААП делови од Автобиографијата на оригиналниот славен готвач.

Во следните четири години Сандерс наредил уште „четири или пет“ франшизи, секоја од нив плаќала 10 или 12 долари месечно (страница 67).

Сандерс, исто така, споменува дека неговата исплата за социјално осигурување од 105 долари му овозможила да патува низ Охајо и Индијана за да посетува ресторани за да го пржи пилешкото, додава ААП.

Сноупс прави анализа и на други точки од приказната за Сандерс која се споделува на Фејсбук. На пример, точно е дека таткото на Сандерс починал кога тој имал 5 години, но не е точно дека го напуштил училиштето на 16 години. Имено, Харланд Сандерс е роден во 1890 година. Неговиот татко Вилберт Д. Сандерс починал во 1895 година кога Харланд имал само пет години. (Некои објавени извори велат дека тој имал шест години, но годината на смртта на Вилберт е наведена на неговиот надгробен споменик, како 1895 година.), пишува Сноупс. Што се однесува до училиштето, го напуштил на 13 години, две недели откако тргнал во седмо одделение.

Во 2016 година, The Verge ја дебанкираше Јутјуб верзијата од приказната која се споделува на социјалните мрежи за животот на Сандерс.

Од сето погоре можеме да заклучиме, иако полковникот Сандерс започнал со франшизата на својот рецепт за пилешко дури по неговото пензионирање, тврдењата на објавата за почетоците на неговото учество во Кентаки Фрајд Чикен се лажни. Тој не бил без пари бидејќи бил претприемнички бизнисмен со децении, ниту пак, почнал да готви само кога станал пензионер користејќи ги средствата од неговиот прв државен чек. Тој починал богат, но нема докази кои сугерираат дека Сандерс бил милијардер. Имајќи предвид дека делови од неговиот приватен живот изнесени во објавата се точни, но дел се неточни, објавата можеме да ја оцениме како делумно неточна.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција