Религиозен ритуал претставен како педофилија
Не е вистина дека на видеото споделено во рамките на постот е прикажан доказ за педофилија. Станува збор за религиозен ритуал, кој иако е контроверзен и поттикнува дебати ширум светот, сепак не вклучува педофилија
Не е вистина дека на видеото, споделено во рамките на постот, е прикажан доказ за педофилија. Станува збор за религиозен ритуал, кој иако е контроверзен и поттикнува дебати ширум светот, сепак не вклучува педофилија
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се тврди дека е претставен свештеник педофил а во склоп на постот, прикачен е и видеоматеријал, на кој се гледа како свештено лице за кое се објаснува дека е од еврејската заедница со ултра ортодоксни религиозни погледи, изведува ритуал на обрежување. Во постот се вели:
17.06.2022Свештеник-педофил, сатански знаци низ планетата.Кратко видео.Насекаде се сатанистите.Ние бевме под нивна команда.
Кога бебето се обрежува, некои ритуални Евреи спроведуваат практика наречена Metzitzah B`peh. Тоа значи дека со устата се извлекува крв од раната на бебето каде што е направено обрежувањето како дел од ритуалот. После Metzitzah B`peh, некои бебиња добиваат инфекција. Експертите за јавно здравје посочуваат дека оваа практика може да ги стави бебињата под повисок ризик да добијат штетен вирус наречен херпес симплекс вирус тип 1 или попознат како HSV-1. Некои од овие бебиња сериозно се разболеа, развија проблеми со мозокот, а други починаа. Нема докажан начин да се елиминира ризикот од инфекцијата HSV-1 предизвикана од директно орално извлекување на крвта, но има опции за да се намали ризикот. Многу возрасни лица го имаат овој вирус во своите тела. Може да немаат симптоми или само да имаат благи симптоми како херпеси на устата. За разлика од возрасните, бебињата се премали за да се борат со овој вирус. Кога бебето ќе го добие вирусот, може да има оштетување на мозокот, доживотно да биде оневозможено, или во некои случаи да почине.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар