Рецензија: 1800 денари за еден здрав ручек по рецепт на Владата

FireShot-Screen-Capture-038-1_800-A1ON-a1on_mk_wordpress_archives_405557-crop-resize

Рецензираме новинарски текст кој успеал она што е „невидливо“ да го направи видливо и на светлост на денот да „сервира“ еден најобичен ручек по рецептот на Владата. Да ја разобличи манипулацијата со граѓаните дека во услови на најниски плати во регионот, едно семејство може да се храни здраво, според препораките од владината кампања.
Медиумот со тоа испраќа јасна порака до читателите дека целата кампања „Здрава храна и здрав начин на животот значат долг живот“ е проблематична, бидејќи во услови на општа сиромаштија и на мали плати, ниту преку оваа кампања ќе го подобрат квалитетот на животот, ниту е можно да се хранат здраво.

FireShot Screen Capture #038 - '1_800 денари за еден здрав ручек по рецепт на Владата I A1ON' - a1on_mk_wordpress_archives_405557Линк до оригиналниот напис: 1800 денари за еден здрав ручек по рецепт на Владата

Датум и време на објавување: 05.11.2014, 16:25

Датум на рецензирање: 10.11.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ДВА И ДВА НЕ СЕ СЕКОГАШ ЧЕТИРИ

Текстот преку наизглед прозаична истражувачка приказна и анализа, заснована на проста фактографија, со цените прибрани од пазар и од супермаркети, на читателите точно им кажува што мисли и конкрентно ги наведува примеритие и цените како изгледа и колку чини да се зготви еден обичен ручек со здрава храна по рецептот на Владата.

„500 грама вргањ 500-600 денари,0,5 литар ладно цедено маслиново масло 205 денари, литар најефтино бело вино 100 денари… вкупно 900 денари“… „Здрав леб од владините спотови: 500 грама пченакрно брашно 50 денари, 500 грама ржано брашно … 500 грама интегрално брашно… 0,5 литри ладно цедено маслионово масло 205 ден…, семки од тиква 40 ден…. вкупно 369“… Кога сè е „купено“ и собрани трошоците, на граѓаните им е упатена јасна порака дека два и два не се секогаш четири.

 

РАЗОБЛИЧЕНА МАНИПУЛАЦИЈА

Ако тргнеме од тоа дека најделотворен модел за манипулација со јавното мислење се пропагандата и рекламите, овој текст со непобитни факти го разобличува манипулативниот публицитет на владината кампања за здрава храна и ја упатува читателската публика, односно граѓаните, здраво да резонираат и самите да донесат суд врз основа на изнесените факти – цените кои се проверени во малопродажба. Со тоа ја демантира Владата дека: „препораките од кампањата се применливи за обичниот граѓанин, дека е оправдано да се очекува промена на навиките на исхрана бидејќи, како што вели Владата, „не е сѐ до парите, до свеста е“.

Медиумот го тврди спротивното. Сепак е до парите:

„Ако се земат само овие два рецепти, за еден семеен ручек без супа и здрав десерт од овошје, односно само лебот и шницлите од вргањ со прилог, едно четворочлено семејство ќе го чини околу 1800 денари. Според последните податоци од Завод за статистика просечна македонска плата во август 2014 година изнесувала 21.217 денари и е една од најниските во регионот.“

 

ПРИДОНЕС КОН СОЗДАВАЊЕ КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ

Угледните и сериозни медиуми водат сметка за јавниот интерес и врз основа на тоа ги определуваат темите.
Текстот кој по сите критериуми заслужува позитивна рецензија придонесува за создавање критичко мислење во општеството, поттикнува јавна дебата за прашања од општ интерес и, едноставно, е совест на заедницата.
Испочитуван е еден од основните принципи на однесување на новинарите, кој произлегува од Кодексот на новинарите на Макеоднија, а тоа е дека треба да се почитува вистината и дека јавноста треба да биде информирана за прашањата од јавен инетрес.

Според принципите на Меѓународната федерација на новинарите, меѓу другите приоритети во изборот на централните теми се и социјалните прашања, потребите на граѓаните, правото на граѓаните да бидат точно информирани и тие принципи во овој текст се задоволени.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција