Рецензија: Дајнерс затвора експозитури, Бобо и Раца ја цедат фирмата по пет илјади евра месечно за кирија

Бобо-и-Раца-ја-цедат-фирмата-по-пет-илјади-евра-месечно-за-кирија-crop-resize

„Ако централата се обидува да намали трошоци, зошто директорот месечно добива нешто над 5.300 евра месечно за кирија, пари со кои во моментов во Скопје комотно може да функционираат и да работат барем пет салони. Според пазарните услови во моментов, сумата којашто се плаќа за кирија е барем десет пати повисока од реалните цени, а дали тоа отвора пат кон евентуален начин на којшто може да се корумпираат политичарите кои потоа може да влијаат на одлуките во корист на компанијата треба да утврдат надлежните државни институции.“

Tекстo се пресметува со опозициска политичарка преку друга личност (нејзиниот сопруг), се приход кој нема врска со државата (режиски трошоци на именуваниот од фирмата), а има врска со контролата на приходите (ама приходот е пријавен). Се разбира, има врска со политиката во која дел од граѓанството едноставно не ги сака оние со кои не може да се идентификува, особено ако се поимотни од него. Поводот значи постои, но сите други елементи за креирање на новинарски текст, при што не се внимава на стандардите, ги нема.

Дајнерс-затвора-експозитури-Бобо-и-Раца-ја-цедат-фирмата-по-пет-илјади-евра-месечно-за-кирија

Линк до оригиналниот написДајнерс затвора експозитури, Бобо и Раца ја цедат фирмата по пет илјади евра месечно за кирија

Датум и време на објавување: 01.02.2014

Датум на рецензирање: 02.02.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

ВистинитостДали е Луксембург даночен рај во Европа? Може ли земја-членка на ЕУ и нејзин основач да биде во тоа друштво? Според овој напис може, бидејќи „Дајнерс клуб“, таму го има седиштето, а, пак, тоа е компанијата за која работи сопругот на Радмила Шеќеринска? Според медиумите информацијата за даночен рај не е точна, бидејќи, Луксембург соработува со оние форми на финансиска контрола кои постојат во Унијата. Како и многу други работи и ова е случајно избран пример на сеопшта импровизација – седиштето на фирмата за која станува збор, инаку е во Чикаго (САД), а франшизата на македонскиот претставник доаѓа од преку океанот!

Се разбира дека ова прашање, како и темата за „Дајнерс“, воопшто не битна во контекстот кој овде е употребен (има ли незаконитост во секојдневието на Шеќеринска), ама стои во текстот и е дел од едно просто собирање на сѐ што постои во околината на некоја личност и нејзина „обработка“ во стилот на кардинал Ришеље – „дајте ми два збора и јас ќе ве обесам“.

Се вадат некои детали за работата на фирмата, а потоа таа фирма се сожалува – токму тие пари што се плаќале на нејзиниот управител белким би ја спасиле, бидејќи таа сега оди надолу… Потоа, се собираат парите што семејството на Шеќеринска го добива во услови кога државата (УЈП) „со суста на устата“ ги штити најбогатите луѓе во земјата. Доволно е, се вели, што тие наши сограѓани го пријавиле приходот и, нели, од тоа државата има директна полза. Па, ако некој го пријавува приходот и тоа е случај со приходите на сопругот на Шеќеринска, зошто јавно му се бројат парите и дали за некој месец да очекуваме дека УЈП ќе ги смени критериумите кон сите имотни лица?

Извори на информации: Се разбира, во тоа собирање на сѐ и сешто не се внимавало на изворите, бидејќи целта (валкање на ликот на опозициониот политичар и преку тоа обид за нивелирање на корупцијата во земјата) ги оправдува средствата.

Како извори се неидентификувани вработени во фирмата на сопругот на политичарката, потоа импресиите на Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, „доказите“, во случајот вест на друг, близок медиум за премин на спомнатата фирма во е-банкарство, наместо директно плаќање (од кога е тоа показател на лошо работење, а не на прилагодување на новитетите на пазарот!) и слично на тоа.

Најбитните документи кои текстот бил должен да им ги соопшти на читателите – соопштение на регионалното седиште на фирмата на сопругот на Шеќеринска – во текстот го нема (види овде)!

Содржајност: Ако во многу долг текст, дури и вонстадардно за еден весник кој се нарекува „вечерен“, што некогаш беше помек израз за таблоид, не се најде било каква изјава или полуизјава или истргната реченица од нешто што значи став на страната која се напаѓа, тогаш се губи сеопфатноста и покрај многуте „поттеми“ што се отвораат.

Пристрасност: Во текстот има најмногу простор за изјавите на политичкиот ривал на Шеќеринска – Илија Димовски. Само што тој во реално отсуство на противникот, или страната која се напаѓа, наликува на боксер кој боксува во рингот со невидлив противник. Негов партнер можеби се некои тези од коментарот на Шеќеринска, по повод овој случај со станот, ама бидејќи тие ги нема да се дадат, како што е редот, монологот се трансформира, да говориме со јазикот на филмот – во некаква пантомима на сцената.

Оригиналност/Плагијат: Текстот не е потпишан како авторски, туку со она „Р.В.“ (редакција Вечер). Ова делумно се должи на фактот што тој по структурата е како мозаик, преполн со лепенки од овде-онде, веројатно собирани од повеќе индивидуи. Но, и потписите од тој тип (со неколку автори) не се туѓи на новинарството!

Квалитет на насловот: Насловот секако ќе влезе во црниот алманах на локалните медиумски примери. Најпрвин тој станува патерналистички „преокупиран“ со работењето на фирмата која се набљудува и се обидува конфронтацијата која постои во мигот на два нивоа (ВМРО ДПМНЕ-СДСМ и Вечер-Шеќеринска) да ја претвори во конфронтација меѓу фирмата на нејзиниот сопруг и него самиот. Во таа пренапрегната намера требало да се вметне и името на сопругата (која е цел на написот), па се добил километарски производ со скусено име во него (Раца место Радмила, што е навистина свежо „преименување“).

ФотографијаСе користат две фотографии, кои се, навистина, „паднати од небо“ и тешко го оправдуваат присуството во весникот, но се дел од атмосферата на импровизација. Првата е многу мала и сосема нејасна. Со лупа, значи со тешкотија, би виделе дека се работи за влез во некој „Дајнерс клуб“, ама не можете да видите во кој град се наоѓа и да објасните што има врска таа фотографија со приложеното. Се затвора клубот или не? Работи 24 часа на ден, добивате таму сет на услуги…

Втората фотографија е од реклама на њујоршки хотел каде некој треба да плати 7.095 долари од ноќ. И каде е тука паралелата со режиски трошоци од 5.300 долари на месечно за сопругот на Шеќеринска, кои значи и не се само кирија, но тоа и не е битно, како и целата таа споредба што се прави врз основа на бизнис релации и менаџерски договори во рамките на една од најреномираните фирми на планетата.

Говор на омраза: Текстот има за цел да предизвика негативни емоции кај читателите и така една политичарка, преку нејзиниот сопруг и неговиот бизнис, да биде предмет на остракизам, односно да се елиминира противникот од политичката борба со сторија која нема врска со корупцијата или со јавниот интерес.

Заклучок:  Управниот одбор на фирмата која се споменува во овој текст децидно застана зад извршниот директор на „Дајнерс клуб Македонија“ и сопруг на Радмила Шекеринска, Божидар Јанковски, зад наводната афера со киријата од 5.317 евра која на име станбени трошоци тој ја добивал од компанијата во која работи. Во соопштението се вели дека „Дајнерс клуб Македонија“ е пример за странски инвеститор кој веќе две децении успешно работи во Македонија, во согласност со сите домашни закони и правила на меѓународниот франшизен договор со „Дајнерс клуб интернешенел“. Значи, темата која излегува од кругот на нормалниот и релевантен интерес за политичките играчи во земјава, придружена е и со тежок дилентантизам (примерот со седиштето на фирмата, на пример), како и измислување на состојба која фрла црна сенка врз работењето на една фирма. После вакви „фаули“ на еден весник врз позната фирма со скапи адвокати, некаде во западните земји медиумот не бил имал добра иднина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција