Рецензија: Детали од Централниот одбор на Бихаќка: Заев бегал од одговори зошто му се заканувал на Груевски

SDSM-centralen-0987-0098-crop-resize

 

Ова е текст кој се темели на шпекулации. Во него има само претпоставки и теории. Написот нуди само анонимен извор, со што се доведува во прашање вистинитоста на исказите.

SDSM centralenЛинк до оригиналниот напис: Детали од Централниот одбор на Бихаќка: Заев бегал од одговори зошто му се заканувал на Груевски

Датум и време на објавување: 06.02.2015, 21:13

Датум на рецензирање: 09.02.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ

Целиот текст стои на стаклени нозе. Изјавата, а и шпекулациите во текстот, кои повеќе личат на коментар, лесно можат да се оценат како лажни и невистинити бидејќи зад нив не стои конкретно име и презиме, ниту за нив има потврда од СДСМ. Напротив, уште истиот ден кога е објавен и текстот, од опозициската партија испратија и соопштение до медиумите во кое се демантира целиот овој напис. Сепак, тоа не е земено предвид ниту, пак, е поправено во некој друг текст на медиумот.

Сепак, за овие тврдења да бидат издржани, треба многу повеќе од текст со анонимен извор.

Понатаму, написoт и не содржи информативен дел, туку озборувачки. Затоа, пак, имаме подметнување на содржина со која по секоја цена сака да се оцрни партијата:

„Нашиот извор вели дека во дебата освен Заев никој од раководството не почувствувал потреба да се вклучи и да му даде поддршка на лидерот. Молчеле и Радмила Шеќеринска и Генералниот секретар Оливер Спасовски и потпретседателите на партијата. За да биде полна салата, нашиот извор вели дека биле виканти и претседателите на општинските одбори на партијата.“

Во суштината на овој текст постои длабок спин. Тој, секако, е со политичка заднина, чија единствена цел е да ги дефокусира читателите од главните настани за доказите за криминал во Владата на Макeдонија. Поради тоа, овој текст е објавен и за време додека се одржуваше седницата на Централниот одбор на СДСМ. Инаку, нема никаква друга смисла освен да ја минимизира главната поента на седницата.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција