Рецензија: Доказ дека Бог постои: Ограбиле црква, па за кратко време се разнеле во воздух! (ВИДЕО)

 

23-09876-09860-crop-resize

Сензационализам, до крај непроверен, со цврсти заклучоци кои навлегуваат во доменот на теологијата и со наводни аргументи за „Божјо присуство“. Неоправдано мешање на духовното, без претходно целосно утврдување и анализирање на реалното.

2Линк до оригиналниот напис: Доказ дека Бог постои: Ограбиле црква, па за кратко време се разнеле во воздух! (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 19.12.2014, 16:08

Датум на рецензирање: 22.12.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ТРИВИЈАЛНИ И НАВРЕДЛИВИ „НОВИНАРСКИ ДОКАЗИ“ ЗА ПОСТОЕЊЕ НА БОГ

Постоење на Бог или, пак, верувањето дали има Господ или не, според мене, пред сè, е лично прашање кое секој човек сам со себе го разгледува и за тоа бара соодветни одговори во текот на целиот свој живот. Имајќи го тоа предвид, не сакам да навлезам во оваа тематика или, пак, да отворам теолошка дебата. Веќе споменав, тоа, барем за мене, е внатрешен статус и не гледам новинарска оправданост „божјо чувство“ да ѝ се наметнува на публиката, онака како од ракав фрлено. Станува збор за материја која од почетокот на историјата го спојувала и делела човештвото, која ги окупирала животите на најголемите умови и филозофи, потрага која нема да запре. Оттука неразбирливо и недозволиво е на јавноста да ѝ се нуди еден единствен настан, до крај нерасчистен, како некаков си апсолутен доказ за „Божјо дело“. Не знам што сè не треба да се случи за со толкава леснотија да прогласите дека имате „Доказ дека Бог постои“, или, пак, спротивното. Сигурно тоа не може да биде фактот дека „некој ограбил црква, па за кратко време се разнел во воздух!

Од друга страна, ако малку повеќе се истражи оваа случка, ќе се види дека навистина имало грабеж на црква и автомобилска бркотница по сторителите, како што е и прикажано на видеозаписот, но не е и докрај сигурно дека автомобилот со кој бегале крадците бил погоден од гром. Таа дилема се отвора во коментарите под оригиналниот видеоматеријал, со кој се поткрепува тезата за „постоење на Бог“ , но, исто така, простор за сомнеж оставаат и неколкуж светски медиуми, кои веста дека гром е причинител за експлозијата во најмала рака ја пренесуваат со сериозни огради. Нивните наслови се во прашална форма, а притоа не ја исклучуваат и можноста за видеомонтажа на снимката која „вирусно“ се прошири на интернет. Значи, овие кредибилни медиуми знаеле и, секако, употребиле новинарски алатки како што се „наводно“, „како што пренесуваат“, итн. за целосно да не ѝ дадат тежина и легитимитет на случка која можеби и не е веродостојна. Нормално дека, како им што прилега на редакции со традиција и со искуство, не налепиле наслов кој не само што некако би се оградил од ситуацијата, туку и дополнително би „треснал зелена“, верувам навредлива, без каква било аргументација или прецизни факти.

Сензационализам без усул.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција