Рецензија: Изборна манипулација со демографијата

dnevnik-izborna-manipulacija-so-demografijata-crop-resize

На два дена пред изборниот молк објавена е оваа необична економска анализа во која преку доста компликувана и се чини не сосема разбирлива математика се настојува да се оспори – така да ја наречеме – „најпатриотската замерка“ која македонската јавност ја има кон оваа власт. Македонците кон ДПМНЕ а Албанците кон ДУИ – дека ни се иселуваат највредните делови од општеството, оние со чија помош земјата и единствено може да има иднина: високобразованите, од редот на дипломците од техничките и природни науки главно, со познавање на странски јазици

Изборна манипулација со демографијата

Линк до оригиналниот напис: Изборна манипулација со демографијата

Датум и време на објавување:23.04.19 22:44

Датум на рецензирање:26.04.2014

Рецензент: Љубомир Костовски

Веќе неколку години се говори јавно и речиси и нема обиди да се оспори сознанието дека повеќе од 440 илјади граѓани се иселиле од Македонија во последните 12 години. Бидејќи последните осум години со земјата владее партијата на Никола Груевски, тој демографски, но и развоен шок целосно ја соголува вистината за (не)успешноста на една политика! Веројатно и затоа демографијата е еден од трите столба на изборната програма на СДСМ. Ова е еден од главните аргументи со кои СДСМ ја напаѓаат власта.

Изворот на кој се повикува опозицијата е извештај на Светската банка објавен кон крајот на 2012 година, а кој ги мери миграциите заклучно со 2010 година, кога се иселени 447.138 граѓани. Дневник се обиде да ги најде бројките на Светската банка и да утврди што точно покажуваат тие имајќи ја предвид катаклизмичната прогноза од опозицијата. Анализата покажува дека практично се работи за лица во иселени последните 50 години вкупно, а не само во последните неколку години и тоа јасно е посочено на веб-страницата на Светската банка во Единицата за миграции на оваа меѓународна организација.

Дали е тоа така?

Анонимниот автор (се работи за прилично голем текст, инаку, што можеби говори дека некому и не му е пријатно да се потпише!) се обидел да не ја оспори вистинитоста на бројките, односно релеватноста на изворите, ама ја оспорува динамиката на иселувањето, обидувајќи се иселувањето од последниоте 12 години да го премести на период од 50 години!

Најнапред станува чудно како власта не се сетила со сите оние службеници и аналитичари во своите редови да го види тоа, бидејќи, таа и самата не спори дека од земја со 2,1 милиона жители, околу 21,9 отсто од населението емигрирало, што ја вбројува Македонија во првите 25 држави во светот подложни на миграција. Светската банка констатира дека луѓето со наш пасош најмногу се иселуваат во Италија (101 илјада), Германија (99 илјади), Австралија (60 илјади), Швајцарија (46 илјади), Турција (35 илјади) итн.

Фактот овде се праватобиди да се направи една сложена математика врз основа на тоа дека емиграцијата СБ ја води од 1960 година и дека правени се две одделени анализи, дата бази (1960 – 2000 и 2000-2010) при што, веројатно тука е  клучот, втората дата база во себе ги вклучувала и податоците на првата, значи имаме кумулативен преглед, па актуелната власт е речиси целосно „невина“ по ова прашање.

Тука има многу фактографски нелогичности. На пример, како тоа се вели дека„притоа, до 1960 година во Македонија се иселени 103 илјади лица, а во просек годишно се иселувале по околу 8.800 луѓе“, кога претходно се тврди дека СБ нема податоци (дата база) за периодот пред 1960! Значи ли тоа дека се настојува тие 103 илјади лица да се „три од карти“ во целата таа математика, за да се растовари главната бројка? Потоа, се вели дека „најкритичен е периодот од 1980 до 1985 година, кога се иселени речиси 100 илјади луѓе (по 20.000 луѓе годишно)“, за да се констатира дека „последниов период, од 2005 до 2010 година, пак, според Светската банка, е еден од периодите кога има најмалку иселување“, таман кога ја имаме на чело сегашната власт! За ова не ни е посочен никаков линк, ниту коментар на стручњак, макар и провладин, како потврда на таквиот пристап!

Најпрвин да речеме дека ова прашање не го актуелизираше СДСМ ,туку податоците кои ги објави Еуростат! Еуростат не е во принцип заинтересиран за мртвите, туку за живите емигранти, а, пак, за тие од 1960-та секако не му е грижа! Не го интересираат кумулативни туку актуелни состојби! Тие податоци ги користи и самата Влада! Еве што велат владини извори (види овде). Овој извор го посочуваме само затоа што е на македонски јазик и што истиот е составен дел од: Мерките и активностите на Владата на РМ за миграциона политика, Мерките за интеграција на иселениците и за сопирање на одливот на мозоци (т.н. brain drain). Таму се следи одливот на граѓани од земјава и ќе укажеме само на неколку  податоци – во мигот надвор од РМ се 550.000 наши граѓани (се сметаат живите, не мртвите!), дека стапката на емиграција е 26,5 отсто. Само во прекуокеанските земји имаме  174 илјади наши граѓани! Карактеристика е трајно семејно иселување(!) и мал број на илегални емигранти. Значи, статистиката е официјална и се базира на податоци на земјите во кои имаме ислеување на наши граѓани.

Официјалните европски податоци (види овде, како и овде) говорат дека само во три европски земји (Италија, Швајцарија и Германија) во 2010 година имало 220 илјади наши граѓани, а во две балкански земји членки на Унијата во 2010 година (Хрватска и Словенија) 27 илјади граѓани. Таму се говори дека само во периодот 2002-2008 година вселувањето било 110 илјади и тоа само во ЕУ и тоа без Велика Британија. Остатокот пресметајте го од разликата од 220 илјади, колку ги има сега, односно до 2012 година.

Еуростат и СБ се практични организации и нив не ги интерсираат мртвите иселеници, туку активните кон кои имаат релации или може да ги имаат со властите. Потоа, целата статистика пред 1991 година е водена на ниво на СФРЈ а не на ФИРОМ, од причини што не мора да се објаснуваат. Значи, имаме обиди на неколку дена пред гласањето да внесе една мешаница по ова прашање, кое тешко го оптоварува владеењето на екипата на Груевски и тоа како во поглед на социјално-економската ефикасност, така и во поглед на податоците кои се местат во областа на порастот на вработеноста (се вели падот на невработеноста!) односно матежите со избирачките списоци.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција