Рецензија: Крик за слобода на албанските актери – На претстава со транспарент „Остави ме да дишам“

Крик за слобода на албанските актери претстава Остави ме да дишам Локално - 001 - crop-resize

 

Оваа рецензија нема дa има повеќе од три реченици. Толку колку што ги има веста што ја рецензираме:

Сосема непрофесионално и недозволиво е да се измислува или накалемува нешто на некој настан или некоја порака. Ниту на настанот, ниту на пораката на транспарентот што актерите на Албанскиот национален театар од Скопје го раширија на крајот на претставата пред тетовската публика нема ништо за „задушеноста на општеството,  на слобода и правата на граѓанинот!“, како што се „фантазира“ во рецензираниов текст.

Има само порака како знак на протест кој се однесува на страшното загадување на воздухот во Тетово.

Крик за слобода на албанските актери претстава Остави ме да дишам Локално - 001Линк до оригиналниот напис: Крик за слобода на албанските актери-На претстава со транспарент „Остави ме да дишам“

Датум и време на објавување: 23.01.2015, 7:48

Датум на рецензирање: 25.01.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Ова е четврта реченица и, навистина првата беше предолга, но се надеваме дека нема да ни забележите бидејќи мора да ја наведеме и изворната информација за оваа вест. И во неа нема ништо од измислицата наведена во рецензираниот текст, башка коментари интегрирани во текстот, башка сензационалистички, тенденциозен наслов…

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција