Рецензија: Маркарт ќе вработи 600 лица – Саем за вработување на 4-ти октомври

Маркарт ќе вработи 600 лица   Саем за вработување на 4 ти октомври-crop-resize

Пред нас е текст кој  само половично ја информира јавноста за прес-конференцијата на германската компанија „Маркарт“,  на која официјално беше најавен стартот на оваа нова инвестиција во Велес. Во извештајот од пресот  недостига информацијата дека сопругата на министерот за странски инвестиции, Веле Самак  (кој инаку ја донесе оваа инвестиција во државата), веќе е вработена во фирмата.

 

Маркарт ќе вработи 600 лица   Саем за вработување на 4 ти октомври   Press24 finalЛинк до оригиналниот напис: Маркарт ќе вработи 600 лица – Саем за вработување на 4 – ти октомври

Датум и време на објавување: 23.09.2014, 13:25

Датум на рецензирање: 24.09.2014

Рецензент: Оливера Војновска

 

ПРИКРИЕНА ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Написот нема проблеми со вистинитоста, ниту со изворите. Текстот се повикува на официјален настан и изјавите во него се точно пренесени. Основниот проблем  е во селективниот пристап со кој на читателите не им се соопштува битна информација: „дека сопругата на министерот веќе извршува висока раководна функција во компанијата која се занимава со изработка на електрични прекинувачи и друга електроника за автомобили“. Имено, како што пренесоа дел од медиумите, тоа на прес-коференцијата го потврдил главниот извршен директор на „Маркарт“, одговарајќи на новинарско прашање.  А,  впрочем, сопругата на Самак и самата била присутна на настанот.

Ние сме решени да ги ангажираме најдобрите луѓе. Од најдобрите кои конкурира во почетокот ние одличивме да ја ангажираме сопругата на Самак. Нејзината позиција не е директор, но сме среќни што ја имаме во нашите редови и тоа е само коинциденција што таа е сопруга на минситерот. Се надевем дека ушто долго ќе соработуваме со неа, бидејќи и работата што и е понудена е одлична,“  (Харалд Маркарт, генереален директор, „Маркарт“)

Исто така, во материјалот што го рецензираме не се споменува ниту дека раководството на германската Компанија соопштило дека платите на вработените ќе бидат во рамките на македонскиот стандард.

„Ние не сме овде бидејќи планираме европски плати, планот е да понудиме плати според македонскиот стандард, како и остнатите инвеститори за кои сме информирани,“   (Волфганг Ајехер, менаџер во „Маркарт“)

Што укажува на тоа дека  не е во прашање  некаков превид, туку наменски е направена таква селеција при што  се презентираат само  оние моменти од пресот што се во прилог на власта.

 

НАСЛОВОТ ВИСИ

Насловната конструкција на  извештајот се состои од два дела, а  информацијата дадена во првиот дел:

„Маркарт ќе вработи 600 лица“

воопшто ја нема во текстот. Сепак, не станува збор за тоа дека е пласиран погрешен податок, бидејќи, како што објавија речиси сите медиуми  тоа било кажано на пресот. Но, како се случило насловот да виси?

Ваков сличен извештај (во кој ја има истата словна грешка – „напиот“ наместо „нашиот“) и со речиси идентичен наслов и иста фотографија,  беше објавен давесетина минути претходно на еден друг медиум. Па, веројатно, текстот што е предмет на нашата рецензија, е преземен од овој портал, но невнимателно. Имено, иако и во содржинскиот дел на овој текст, не се споменува бројката на луѓето кои ќе се варботуваат, сепак, тоа се кажува во видеото преземено од една интернет телевизија и дадено во рамките на написот:

„Во фабриката на  „Маркарт“ се отворени повеќе од сто работни места, а во следните пет години ќе се вработат  600 лица.“

 

САМО УБАВИ ВЕСТИ

Со објавувањето само на убавите вести – дека оваа странска Компанија во почетокот на октомври преку своевиден саем за вработување ќе регрутира инжењери, лица за работа во логистика и работници за призвоидство и прикривањето на оние кои може да наидат на негативни реакции, прилично јасно се покажува на која страна е наклонет написот.

Пристрасноста може да се препознае и во фотографијата со која е илустриран текстот. Имено, направен е таков избор на фотографија на која не се прикажува сопругата на Самак. (Некои медиуми  објавија снимки – фотографии на кои се гледа дека таа е дел од тимот на компанијата).

Ваквиот пристап на пласирање на информациите остава простор за сомнеж дека намерата била да не се крева „прав“ во јавноста и да се заштитат министерот и владејачката партија од обвинувања за непотизам. Што, пак, се коси со стандардите на професионалното и етички исправно новинарство кое, меѓу другото, подразбира дека: „основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината “ и дека „новинарот нема да прикрива суштински податоци“ (преамбулата и првиот амандман од Кодексот на новинарите).

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција