Рецензија: Матурантите повеќе знаат странски јазици отколку мајчиниот

FireShot Screen Capture #302 - 'ALFA TV' - matura-crop-resize

Прес конференцијата на министерот за образование, Абдулаќим Адеми, за резултатите од државната матура беше предмет на известување од речиси сите дневни медиуми во земјата, при што дел од нив се обидоа да го стават акцентот на информациите на министерот врз посебни делови или посебни сознанија.

FireShot Screen Capture #302 - 'ALFA TV' - maturaЛинк до оригиналниот напис: Матурантите повеќе знаат странски јазици отколку мајчиниот

Датум и време на објавување: 15.07.2014, 18:52

Датум на рецензирање: 15.07.2014

Рецензент:Љубомир Костовски

„Матурантите имаат поголемо познавање на странските јазици отколку на мајчиниот покажаа резултатите од државната матура. Просечната oцена по мајчин јазик е 2,99, за странски 3,34. Државна матура во земјава се реализира по седми пат, полагаа повеќе од 18 илјади матуранти, а просечната оцена од постигањата е 3,11“.

Преку коментаторски поставениот наслов се врши обид да се испрати укор до матурантите, бидејќи тие наводно подобро го познаваат странскиот од мајчиниот јазик. Во текстот е поставен и мал и синтаксички неисправен коментар на министерот – кој, иако не многу одреден

„Мајчин јазик успехот е понизок од англискиот има неколку причини. Процесот на екстерно оценување и процесот на државна матура не е само да ги провериме реалните оценки туку и да настојуваме да ги елиминираме слабостите во системот. Се надевам дека и наставниците и учениците и министерството за образование и наука во иднина ќе преземат чекори овој процес да биде поквалитетен“

земен е како потврда на тезата од насловот.

Кога веќе ќе се постави ваков наслов, значи кога се коментира некаква состојба добро е да не се мешаат „баби и жаби“.

Имено, треба да се земе предвид раширеноста на практиката странскиот јазик, најчесто англискиот, да се изучува низ додатна, приватна настава, на товар на родителите, се разбира, која се смета за „корисна инвестиција“ од многу причини. Тоа секако влијае на квалитетот на матурскиот испит по овој предмет без при тоа наставниците (редовните) да имаат ама грам влијае со својата настава за овој ефект! Тука се секако и современите медиуми и комуникации (па и интернетот) кој предизвикува практицирање на странскиот јазик, одново најчесто англискиот.

И гледачите на оваа телевизија реагирале, па на веб страницата веќе има забелешки, меѓу кои и таква дека и македонските државни институции при вработување имаат полагање на тест од англискиот, а македонскиот … тоа се подразбира.

Секако, при полагањето на мајчиниот јазик се одговара на многу прашања (половината или над тоа) од литературата и значи тоа не е само испит по граматика и писменост како кај странскиот јазик! Впрочем, со вакви прилози вината за состојбите во образованието, кои се загрижувачки, се поместуваат од училниците кон децата и родителите, без да се види дека некој прима плата и одговара за тоа колку „потковани“ ученици излегуваат од обврзувачките нивоа на образование. Авторката на текстот требало така и да го чита излагањето на министерот.

Во овој прилог од пресот редуциран е прегледот на успехот по другите предмети, независно од коментаторскиот приод – најслаб е успехот по историја (2,7) и тоа можеби заслужувало коментар, особено што живееме во доба кога историјата е нешто повеќе од „учителка на животот“?!

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција