Рецензија: Нервоза и паника во опозицијата: СДСМ преку Сорос создава алиби за пораз

FireShot-Screen-Capture-132-kurir_mk_ma

Кога и самите граѓани реагираат,  забележуваат и укажуваат на сериозни нарушувања на стандардите на новинарската професија, значи дека со текстот кој го рецензираме навистина нешто не е во ред. Во овој случај и новинарските здруженија, но и државата би требало да реагираат, бидејќи ова не е првпат  истиот медиум да отвора хајка, неаргументирано да обвинува и да мобилизира против  плејада истакнати новинари и опозициски медиуми само затоа што нивните содржини несе по воља на авторот кој немал храброст да се потпише под  нешто што не може да се нарече новинарски производ него обичен пафлет.

FireShot Screen Capture #132 - 'Нервоза и паника во опозицијата_ СДСМ преку СОРОС создава алиби за пораз' - kurir_mk_maЛинк до оригиналниот напис: Нервоза и паника во опозицијата: СДСМ преку Сорос создава алиби за пораз

Датум и време на објавување: 12.04.2014, 23:38

Датум на рецензирање: 14.04.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

НАПАДОТ  Е НАЈДОБРА ОДБРАНА

Уште во  првиот пасус, во лидот, прекршен е изборниот молк, бидејќи на 12 април во медиумот е објавена следната содржина: „владеачката партија покажува стабилност, сериозност и доследност единствено фокусирајќи се кон теренските внатрепартиски подготовки за денот на изборите,… опозицијата преку Соросовите невладини организации создава алиби за очекуваните  лоши резултати од изборите“… Пристрасноста кон владеачката партија е јасна и очигледна, а граѓаните треба да се мобилизираат и да гласаат за …„стабилна, сериозна  и доследна владечката партија“… а не за „оние кои и пред гласањето веќе ги загубиле изборите“.

Вероватно свесни дека со ова го прекршиле изборниот молк, за да се оправдаат, веднаш, како „мали деца“ ја обвинуваат опозицијата дека таа прва почнала да го прекршува молкот, секако не заборавајќи како причина за тоа повторно да наведат дека нивната загуба на изборите однапред  е позната,  …„паника во опозициската партија е толку голема за да мора во денот кога е изборен молк да создава алиби за очекуваните  лоши изборни  резултати“… Целата понатамошна „содржина“  е конструкција и пресметка со противничките  медиуми, без факти и без извори на кои се повикува, но со дел од нивни фотографии.

 

СПИСОК ЗА „ОТСТРЕЛ“

Она на што итно треба да се реагира и не би смеело да се толерира е мобилизација и повикување на „отстрел“ против неистомисленици, како и ширење негативни ставови и повикување на етничка и сексуална дискриминација и навредување по етничка основа и сексуалното определување.  „Предводник на оваа организација е Албанец Џабир Дерала, од заштитник на правата на Албанците до борец за правата на хомосексуалците,…  Џабир Дерала излезе пред владата  чија цел беше одбрана на правата на хомосексуалците“ а сега е главна тупаница на СДСМ во изборниот мониторинг“…  „цел на фондацијата Сорос и нивните полуги, вклучително и сателит невладини организации, како и портали насочена е да се дисквалификува изборниот процес преку измислици…. практично на дело да се оправдат добиените пари…  Пари кои од фондацијата СОРОС на Владе Милчин ги добиваат за креирање лаги, Ацо Кабарнов кум на Љубомир Фрчковски, порталите Либертас и Плус инфо Цивил, фондацијата Метаморфозис, Бранко Геровски поранешен уредник на весникот Шпиц и  советник на  Велија Рамковски“…

Поради објавување на сличен список на неподобни и несакани поединци и организации, неодамна во нашето непосредно соседство против хушкачите е покрената предистражна постапка поради загрозување на безбедноста, расна и друга дискриминација.

 

НОВИНАРСКО ЕДНОУМИЕ

Не се во прашање ни Ацо Кабарнов, ни Геровски, ни Цивил, ни Џабир Дерала, ни Владе Милчин, ни Сорос, ни Метаморфозис… Во прашање е стравот од нивниот новинарски и интелектуален авторитет и интегритет кој го уживаат кај голем број граѓани и во институциите во ЕУ од кои како „ѓавол од крст“  власта се обидува да избега и да се скрие со своите лаги. Ова е по вторпат обид на цела плејада на новинари и на граѓански организации да им се одземе  легитимното право да бидат критички настроени кон власта и да укажуваат на грешки во нивната политика. Тие би сакале на реалноста сите да гледаме со диоптрија на власта, да владее новинарско  и политичко едноумие.

Ова е спротивно на членот  16 од Кодексот на новинарите на Македонија кој вели:

„Новинарот ќе ги поттикнува различноста на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги“.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција