Рецензија: Несекојдневна дарба на ученикот од скопска општина Аеродром

Деветгодишниот-Јован-www_dnevnik_mk__I-crop-resize

Новинарот, за да може професионално да се занимава со својата професија, мора да поседува енциклопедиско знаење, широка култура и стручност за темите кои сака да ги обработува. Во големите и сериозни редакции постојат стручни консултанти за разни области кои им помагаат на новинарите подлабински да ги обработат темите кои се од  јавен интерес, а за кои новинарот не е доволно стручен.

Читателот, кој го предложил овој текст за рецензија, сериозно се замислил над темата, поставувајќи прашање дали треба да се глорифицира дете од девет години, кое е оптеретено со геостратешките проблеми на денешницата и историските премрежија околу Македонија, нејзините историски поделби, неслоги меѓу политичарите и револуционерите, односите и лични неслагања помеѓу Јане Сандански и Тодор Александров, мажачката на вдовицата на убиениот претседател на САД, Кенеди и тоа со, замислите, грчкиот милијардер Оназис…

FireShot Screen Capture #123 - 'Деветгодишниот Јован знае зошто не се поднесувале Сандански и Александров' - www_dnevnik_mk__IЛинк до оригиналниот напис: Несекојдневна дарба на ученикот од скопска општина Аеродром

Датум и време на објавување: 07.03.2014, 16:50

Датум на рецензирање: 15.03.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

ВУНДЕРКИНД ИЛИ НЕОСТВАРЕНИ АМБИЦИИ НА РОДИТЕЛИТЕ

Дали згрешил читателот што укажал на ова, или новинарот што една вистинита приказна ја пласирал на ваков начин.

Грешката на новинарот е во едностраниот приод  на темата и отсуство на амбицијата малку да се истражува и на приказната да ѝ се даде додадена вредност. Недостасува експертското мислење, барем од училишниот педагог, кој би требало да каже дали е нормално дете од девет години да проучува геостратешките прашања,

…„и што и се случило на Македонија во 1913 година, во какви односи биле Јане Сандански и Тодор Александров и зошто не се поднесувале, каква улога имала ЦИА во атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди и која е историската заднина на сегашните случувања во Украина“…

Авторот на текстот требало подлабоко да навлезе во комплексноста на проблемот со растењето на еден деветгодишник, да праша експерти што е вообичаено, а што не е за неговата возраст, а не да го глорифицира уште во насловот и да потенцира  дека:

… „Секој свој слободен момент го користи да прочита некоја историска книга, енциклопедија од која може да ги дознае и запамети фактите за одредени случувања важни за нашата земја така и за светот.
… „Ние сме едно од најстариоте племиња на светот, многу е важно децата да знаат за својата историја, тогаш знаат кои се и какви ќе пораснат“
.
… „Најчесто сум во училишна библиотека во која ќе земам некоја од големите енциклопедии и ќе ги голтам додека ја чекам мајка ми да дојде по мене. Можам така да останам со часови, да не забележам колку време поминало. Дури не ме интересираат ни компјутерските игри…

Новинарот го потенцира ставот на директорката на училиштето:

…„Вистинска е гордост за родителите, но и за училиштето  ученикот што од сега има вакви ставови и посветеност кон историјата, сигурно ќе израсне во солидна личност која ќе и даде голем придонес на својата земја“…

А го маргинализира мислењето на професорот по историја кој како одговор на „детското прашање“:

„…што мислиш наставнику  за омразата помеѓу Сандански и Тодоро Александров?“, му одгворил: „треба прво да изедеш многу фурни леб за да зборуваш за Тодор Александров“.

Можеби во оваа реченица се криел одговорот  на прашањето што е нормално, а што не во развојот на ова дете. И, зошто не го интересираат компјтерските игри и играњето со врсниците.

Новинарот требало да побара одговор на ова прашања од експертите и да ја обработи приказната  и од тој аспект.

Ако подлабоко го анализираме целиот феномен  на овој „вундеркинд“ и неговиот интерес, или можеби наметнат интерес за македонската историја во време на балканските војни и античкиот период, мораме да се вратиме на фактот кој го потернцира авторот.

 „Неговиот интерес за историјата на Македонија почнува кога имал само три години“ … „Не знам од каде кај него толкава желба за историја, но со татко му Васко веќе многу сериозно зборуваат за тоа, како двајца возрасни.“

Значи „интересот“ се јавува некаде во 2006-2007 година што се поклопува со доаѓањето на власт на  ВМРО-ДПМНЕ и национал-патриотската платформа и еуфорија за „Гоцевата раса“ и античкото потекло  на овдешниот народ.

 

ЗА ДЕЦАТА СЕ ИГРИТЕ, А ЗА НОВИНАРИТЕ ЕНЦИКЛОПЕДИИ

Апсолутно не ни е намера да го оспоруваме талентот на ова дете, но сакаме да укажеме на мислењето и предупредувањето на дипломиран педагог Јелена Холцер од Белград, која работи со талентирани деца и чие мислење, или на некој нејзин колега, недостасува во овој текст:

„Наместо да инсистирате детето да има енциклопедиски информации, работете на неговото подобро снаоѓање во проблематичните ситуации, на развојот на креативност, меморијата, снаоѓањето во секојдневниот живот, овозможете му на детето што повеќе играње и социјална интеракција. Родителското форсирање на развојот на некаков талент може да има контраефект и по развојот на неговиот талент и на неговата самодоверба и однос кон околината. Само играта овозможува развојот на фантазијата без која ниеден потенцијал не може да се развие.“

Таа советува да му се овозможи на детето што повеќе  игра, забава, разновидни содржини. Родителите не треба да инсистираат на создавање на вундеркиндови од совите деца. Многу поголема шанса да добијат Нобеловата награда имаат оние деца кои се развиваат заедно со своите врсници, самостојно возат велосипед на две тркала, вешто можат да се качуват и слегуват низ дрво, да играт топка, да раскажуват шеги и вицови…

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција