Рецензија: Пронајден труп во распаѓање, се претпоставува дека е на младата Дениса

10072014-Republika-Denisa-09876-098-crop-resize

Парадоксално, но во првиот момент, кога ќе стигне информација за трауматичен настан во редакцијата, новинарите и уредниците велат: „Имаме добра сторија денеска…“. Новинарскиот инстикт и адреналин започнуваат да работат. Така вели новинарската лекција „Новинарите и трауматичните настани“

Во тој момент, ниту новинарите, ниту нивните уредници, ниту, пак оние кои најнепосредно погодени од траумати;ните настани, не сфаќаат како тие влијаат на нив.

Бидејќи се многу важни, препораките за известување за трауматични настани се вклучени и во Кодексот на новинарите во член 8. За нашата рецензија е битен првиот став од овој член:

„Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.“

10072014-Republika-DenisaЛинк до оригиналниот напис: Пронајден труп во распаѓање, се претпоставува дека е на младата Дениса

Датум и време на објавување: 06.10.2014, 15:20

Датум на рецензирање: 07.10.2014

Рецензент: Зоран Бојаровски

Кога се работи за вакви настани, сите шпекулации треба да се остават настрана. Едноставно не се шпекулира!!! Тоа е толку едноставно и толку обврзувачко правило.

Додека се свежи емотивните рани, и уште повеќе кога нема официјален и целосен извештај од овластени институции за вакви настани, тие не се раскажуваат, зашто кога се раскажуваат, добиваат неконтролирани насоки заради болните емоции и заради можниот гнев. Далеку поконструктивно е да се почека, сознанијата да бидат јасно и недвосмислено потврдени од стручни и овластени лица.

Ниту еден, ама баш ниту еден медиум на денот кога се рапири оваа информација, не се воздржа да шпекулира дека телото кое е пронајдено во морските води е на младата девојка од Македонија која неодамна исчезна додека била на работа на брод. Некои од медиумите се повикуваа на извори, но ниту еден не помисли што ќе предизвика оваа информација кај нејзините најблиски.

И веднаш, до крајот на денот стигнаа првите трауматични последици од ваквите настани. Родителите на младата девојка гласно и болно запрашаа: „Зарем преку интернет ќе дознаваме за судбината на нашата ќерка?

Верификацијата на фактите е во срцето на новинарството. Новинарите се потпираат на една од најсуштествените постапки во нивната работа – верификација, односно проверка на информациите. Овие инструменти на верификација и проверка го издвојуваат новинарството од другите начини на комуникација, како што се шпекулацијата, пропагандата и забавата.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција