Рецензија: Ратко Младиќ силуван во затвор!?

Ратко-Младиќ-силуван-во-затвор-MKnews-crop-resize-mk

Бог да бие кој прв почна да ги употребува термините „дознаваме“, „од сигурни извори“, „пренесува“… Историјата на новинарството тоа сигурно може да го лоцира, но за тоа друг пат и во друга рубрика.

„Миењето раце“ од вистинитоста на информациите, или нешто како Понтиј Пилат во ерата на глобалното (комуникациско) село го има магичниот збор „пренесува“. И, ете, ние сме чисти, а ако не им верувате на информациите, видете кај тие што сме ги пренеле. Лесно се проверува дека изворот е, најмалку речено, дискутабилен…

Ратко Младиќ силуван во затвор     MKnews.mkЛинк до оригиналниот напис: Ратко Младиќ силуван во затвор!?

Датум и време на објавување: 19.08.2014

Датум на рецензирање: 21.08.2014

Рецензент: Стојан Синадинов

Фактите во овој текст не можат да се утврдат. Нивната веродостојност почива на неименуван извор, најверојатно измислен, бидејќи е проѕирно „спакуван“:

„Холандски државјанин по потекло од Сараево кој работи како чувар во затворот открил дека воениот злосторник Ратко Младиќ  бил зверски силуван од страна на пет затворениции од Хашкиот трибунал, пренесува порталот Сараево365.“

И површниот преглед на изворот на информациите, пак, сугерира дека се работи за „интернет-кромид“, без основните податоци за неговите сопственици и уредници, кому не му сметало да си направи и своевиден follow up на веќе измислената вест. Демек, ова е вест во низа, што ли?!

И, кога веќе веста е некритички преземена, таа продолжува во тој стил: непотврдено, непроверено, со многу валкана фантазија како креација. Ако воопшто можат следниве редови да се наречат креација:

„- Чекаа да падне мрак и потоа со часови зверски го силуваа петорица затвореници, тоа е се што можам да ви откријам, изјавил чуварот.

Овој инцидент се случил во четвртокот вечерта, а злосторникот Младиќ моментално се наоѓа на интензивна нега во една од Хашките болници.

Според првичните информации силувачите биле од Руанда.“

Пренесената вест има политичка наклонетост и интегрирано го коментира наводниот чин. Секој просечен читател добро знае дека личноста за која се пишува воопшто не е омилена во средината од каде што потекнува „изворот“ на информациите (Босна и Херцеговина). Со право, како што со право е на обвинителна клупа во Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг.

И пренесувачите на веста би требало да ги знаат замките на меѓунационалната нетрпеливост. На Младиќ сѐ уште му се суди. Но, и во случај да му се пресуди дека е виновен за воени злосторства и геноцид, ниту „изворот“ ниту пренесувачите не смеат пристрасно да коментираат во веста:

Порталот кој  дошол до овие информации напиша „Им упатуваме искрени честитки на силувачите и се надеваме дека користеле бодликава жица на нивните полови органи за време на чинот.“

Насловот е тенденциозен и сензационален, а написот поттикнувана насилство.

Овој текст, всушност, претставува своевидно сурфање на бранот на ефектите околу едно друго обвинение за сексуално злоставување и брутално убиство. Се работи за случајот на Тијана Јуриќ, а за осомничениот за овој чин, Драган Ѓуриќ, во српските портали веќе со денови се плетат сценарија какви се одмазднички мачења (ќе) го чекаат во затворот.

Или, накратко кажано, огорчените противници на ваквите чинови – од убиство до геноцид – имаат голем капацитет за смислување нови злодела.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција