Рецензија: СДСМ купи нови автомобили за партиските шефови

lider_mk-lider_mk_2014_03_12_sdsm-kupi-nov-crop-resize

Информацијата која е поврзана со една сосема легитимна одлука на политичка партија, во овој случај опозициската СДСМ, да купи два нови автомобила, низ приказната се претвора во отворена сатанизација на врвот на тој политички субјект и скриена мобилизација на граѓаните да не го даваат својот глас за партијата „која однапред ги изгубила изборите“ .

FireShot Screen Capture #122 - 'СДСМ купи нови автомобили за партиските шефови! I lider_mk' - lider_mk_2014_03_12_sdsm-kupi-novЛинк до оригиналниот напис: СДСМ купи нови автомобили за партиските шефови

Датум и време на објавување: 12.03.2014,  07:45

Датум на рецензирање: 13.03.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

„ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА“ НА СДСМ

Иницијалната вест за купување на автомобилите е точна и потврдена во седиштето на партијата и дотука е сѐ во ред. Нема извртување на вистината и фактите. Проблемот е  во тоа што  медиум понатаму во обработка на оваа вест прави низа конструкции и преку коментари без потпис на авторот си зeма за право тој да ја оценува оправданоста на оваа одлука и да го прави финансискиот биланс на партијата, да го пренесува мислењето на „просечниот македонски граѓанин“,  а не направил никакво истражување или  анкета меѓу обичните граѓании со што би ги потврдил своите тези, и однапред ги знае изборните резултати, иако уште не е започната ни изборната кампања. Целиот концепт на текстот е усмерен против партискиот врв. Почнувајки од насловот во кој без аргументи тврди дека „СДСМ купи автомобили за партиските шефови“. Притоа, ја немаме фотографијата на автомобилите за кои зборува, туку првите двајца луѓе на СДСМ, за кои се наводно купени тие автомобили.

„Заев и Шекеринска не можат да ја контролираат потребата од луксуз. Партиските шефови се луксузираат со последните пари од партиската каса, трошат пари од партиската каса кога  партијата е речиси шворц “…

Со никакви факти или официјални партиски изјави медиумот не ја докажува тезата дека се тоа „последните пари“ со што читателите би ги уверил во веродостојноста на тврдењето дека тоа се навистина „послендните пари“.

Целата содржина на информацијата е сконцентрирана во идејата однапред се дисквалификува партијата како губитник, иако уште не е започната ни изборната кампања.

…„Партијата е пред нов поразтоа за жал на се поголемиот  број разочарани социјалдемократи е реалност за новото раководство на СДСМ кое ја води партијата во уште еден изборен пораз“…

 

ОДНАПРЕД ПОЗНАТИ „РЕЗУЛТАТИ“ НА ГЛАСАЊЕТО

Изнесува експлицитна, негативна оценка за успехот на овој политички субјект на претстојните избори. Од каде медиумот со таква сигурност може да тврди дека оваа партија е пред нов пораз. Дали има некоја инсајдерска информација од  Државната изборна комисија или знае дека изборите се однапред наместени во полза на некоја друга партија. Без аргументи се обидува да ги убеди граѓаните дека СДСМ е една неуспешна партија, однапред осудена на пораз во која членството е незадоволно од партискиот врв поради неконтролираното трошење на парите за сопственото луксузирање  што претставува преносна порака и на бирачите да не се определуваат за партијата која на претстојните избори е сигурен губитник.

…„Во партијата постоело силно незадоволство како се трошат парите од партиската каса, голем број активисти и  членови работата волонтерски, бројни се оние кои трошат сопствени приходи… Оваа дилема на Шекеринска е несватлива за просечен македонски граѓанин и затоа не поминува ветувањето за враќање на средната класа и грижа за обичните граѓани“…

 

ЕРОЗИЈА НА ПРИВАТНОСТ

Ваквиот начин на пишување покажува и дека живееме во време во кое медиумите свесно вршат ерозија на приватноста што отвора прашање како во такви услови да се  сочува нашиот личен интегритет. Постојат човекови права кои се апсолутно заштитени, а тоа се однесува и на приватноста. Но, во нашата приватност влегуваат сите, од државата, преку маркетингшки компании, до соседите и медиумите. Во ера на интернетот, она што е еднаш објавено, за сите времиња е објавено. Затоа медиумите се тие кои први треба да внимваат  да не ги повредуваат човековите права и приватноста на граѓаните.

…„Шекеринска е навикната на  скапа и брендирана облека, на раскошни вили и монденски стил на живот… холивудската викендичка во Маврово, кириите од становите што се бројат во илјадници евра… ако приватно се вози со скапи џипови, зошто на работа, во партијата да се вози во голем и удобен но неколку години стар автомобил“…

Неколку констатции во овој текст наметнуваат прашање за кредибилитетот на изворите на информациите на кој новинаритетребаат да обрнат посебно внимание. Во каков извор би требало да се катогоризираат „безимените разочарани социјалдемократи“. Дали се баш тие во позицијата да ја знаат правата вистина за случувањата во партијата?

Критиката, која е упатена кон полтичкиот субјект, не е аргументирана  и со неа не се брани јавниот интерес, туку е отворено напаѓачка со цел да се демонизира политичкиот противник. На граѓаните им се сугеруира дека политичкиот субјект е второкласен во изборната трка и на ироничен начин се претставува дека е само декор  во неа, како и дека веќе ја изгубил. На тој начин се влијае на граѓаните при гласањето. Со тоа се нарушени основните начела на новинарската етика.

Прекршени се генерално прифатените стандарди на Меѓународната федерација на новинарите кога е во прашање известувањето за изборите и  Механизмот 4  на УНЕСКО, кој се однесува на известувањето на медиумите за партиско политичките прашања во текот на изборите.

Механизам 4

Медиумите за време на изборната кампања треба да обезбедат отвореност кон различни политички мислења и гледишта и непристрасно известување  за политичките партии, воздржувајќи се од дискриминација  по  која било основа, а посебно врз основа на  политичката припадност. Непристрасност за време на изборната кампања, меѓу другото, значи и дека  медиумите не смеат да изразуваат гледишта за или против некоја политичка партија,  ниту да се јавуваат како застапници на конкретни политички гледишта во актуелната политичка дебата .

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција