Рецензија: Шиповиќ се уште нема наследник на функцијата претседавач

Maxim-maxim_mk_shipovikj-se-ushte-nema-naslednik-na-funkcijata-pretsedavach1-crop-resize

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ предложија, мнозинството на СДСМ одби гласање. Шиповиќ се уште нема наследник на функцијата претседавач со Советот на општина Центар. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека во интерес на граѓаните општината потребно е да добие прв човек на Советот и дека се подготвени да гласаат за секое решение кое ќе го предложи СДСМ“

Порталот излегува со тенденциозен и пристрасен напис за седницата на Општина Центар,  што се потпира единствено на ставовите на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, додека другата страна на приказната воопшто ја нема. Особено е проблематичен насловот на текстот, „Шиповиќ се уште нема наследник на функцијата претседавач“,  што алудира на тоа дека Шиповиќ повеќе не е на челната позиција на Советот. Што, пак, не соодветствува  со фактичката состојба и  ја доведува јавноста во заблуда.

FireShot Screen Capture #040 - 'Шиповиќ се уште нема наследник на функцијата претседавач I Maxim' - maxim_mk_shipovikj-se-ushte-nema-naslednik-na-funkcijata-pretsedavachЛинк до оригиналниот напис: Шиповиќ се уште нема наследник на функцијата претседавач

Датум и време на објавување: 6.11.2013, 10:05

Датум на рецензирање: 6.11.2013

Рецензент: Оливера Војновска

Вистинитост: Веста има проблеми со вистинитоста. Точно е дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на седницата на Советот покренаа иницијатива за избор на нов претседавач, како и тоа дека советничката група на Сојузот за иднината го одби тоа барање. Но, никаде во написот не се споменува битниот момент, образложението на советниците од коалицијата предводена од СДСМ: „Советот има легитимно избран претседател“. Исто така, е дискутабилно и тврдењето:

„Постои законска неопходност да се изгласа претседател на Совет со цел да не се блокира работата на Советот и функционирањето на општината“

Имено, Мирослав Шипивиќ се наоѓа во екстрадициски притвор во Виена, но, тој  не е разрешен од функцијата, ниту пак, самиот се повлекол од неа.

Извори на информации:  Текстот е целосно едностран. Наспроти деталното претставување на ставот на ВМРО-ДПМНЕ , нема ниту збор за настапот на советниците од СДСМ и нивните коалициски партнери. А, го нема ниту соопштението од СДСМ, кое го пренесоа другите медиуми. Ваквиот пристап е во спротивност со амандманот 1 од  Кодексот на новинари:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци“.

Пристрасност: Тестот е неизбалансиран и во него силно провејува наклонетост кон една партија (ВМРО-ДПМНЕ) која нема мнозинство во Советот на Центар.

Коментирање:  Иако коментаторските елемнти не се експлицитни, туку „обландирани“, сепак,  тие може да се препознаат во написот.

Оригиналност/Плагијат: Поради пластичното пренесување на тезите на една политичка партија, овој материјал остава впечаток дека му фали оригиналност.

Квалитет на насловот: Насловот само навидум информира, но во суштина манипулира со вистината.

Фотографија: Текстот е илустриран со стара неквалитетна фотографија од седница на Советот на Општина Центар, на  која се гледа дека со неа претседава Шиповиќ.

Заклучок: Материјалот  содржи одредени елементи на известување , но, му недостасуваат информативниот сегмент и политичката дистанца. Написот е „тенок“ и нештата ги прикажува селективно, со што на читателите им се ускратува можноста да добијат една пореална слика за настанот. Според стилот и начинот на кој е напишан, тој  повеќе  наликува на наменско четиво ставено во функција на политичко одмерување на силите во Општина Центар.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција