Рецензија: Тодоров преку јапонската „кајзен“ метода ќе ја анализира Очната клиника

FireShot Screen Capture303-kajzen metodalfa_mk_News_aspx_id=80035_U81zcEDNUwp-crop-resize

Секако дека пациентите се заинтересирани да влезат во простори каде има систем кој функционира и каде, пред сѐ, ќе добијат квалитетна и што понавремена услуга, во случајот за својот вид. Но дали тие очекувања имаат врска со методата која ја наведува министерот (јапонската кајзен метода) ?

FireShot Screen Capture303-kajzen metodalfa_mk_News_aspx_id=80035_U81zcEDNUwpЛинк до оригиналниот напис: Тодоров преку јапонската „кајзен“ метода ќе ја анализира Очната клиника

Датум и време на објавување: 20.07.2014, 16:26

Датум на рецензирање:21.07.2014

Рецензент:Љубомир Костовски

„Тодоров преку јапонската ’кајзен’ метода ќе ја анализира Очната клиника
Како функционира системот за плаќање по успешност на скопската офталмолошка клиника, односно дали внесените податоци се совпаѓаат со сработеното ќе проверува министерот за здравство Никола Тодоров. Тој заедно со тим од стручни соработници од утре во следните 5 дена ќе ја чешла работата на оваа клиника како дел од таканаречениот ’Кајзен’ мониторинг. Во овој период Тодоров ќе го анализира и електронскиот систем на закажување ’Мој Термин’, со цел да утврди дали системот го почитуваат како докторите, така и пациентите, односно дали прегледите се изведуваат во рамки на закажаните термини“.

Ова е дел од веста објавена како авторски прилог и како пледоаје во 5-дневната анализа на работата на оваа здравствена установа. Таа е дел од прес конференција, ама е направена со амбиција да биде новинарски обработена. Таа е и своевидна најава за влезот на тимот на Тодоров на клиниката, кој ќе ја следи комуникацијата меѓу вработените и нивните пациенти. За време на мониторингот ќе се следи и колку се спроведуваат мерките и укажувањата во насока на исполнување на стандардите за акредитација.

Оттука и насловот на прилогот, кој треба да биде влез во појаснување на споменатата метода, што секако, некако понуден на споменатиот начин (на чинија, земен здраво за готово) укажува евентуално некаков исчекор во мерењето на резултатите во здравството од „универзалецот“ Тодоров. Но, новинарската задача при претставување на нова метода, која не е позната во нашата средина, бара барем некаква минимална проверка на истата.

Јапонскиот идеограм за зборот „кајзен“ се состои од идеограмите за „промена“ и „добро“.
Јапонскиот идеограм за зборот „кајзен“ се состои од идеограмите за „промена“ и „добро“.

Методата, инаку, е применета уште во самоуправна Југославија (во фабрика во Сента) и е, пред се, врзана за индустријата каде постои проиводство на лента. Буквалниот превод е „постојано подобрување“ (повеќе информации на српски јазик има на веб-локацијата „Поглед преку рамето назад“ или нивната страница на Фејсбук) и името доаѓа од јапонски институт, која најпрвин се применувала како американска индустриска метода, а дури потоа се одомаќинил во Јапонија (применувана и во Џапан тобако и Тојота). Во Јапонија по таа метода, всушност, работат 90 отсто од индустриските капацитети, ама да се меша таа метода во целосно друг систем (здравство), кој има други цели и каде ефектот мора да се мери од аспект на пациентот и никако поинаку (!) е просто повод само за критички осврт на таквото „јапонизирање“ на тлото на Клиничкиот центар! Уште повеќе што ваквите посети само ги затскриваат вистинските проблеми во клиничките центри, особено огромните долгови (види овде).

Примената на методот во непроизводните сфери, која се јавува ваму-таму, има само некои карикатурални карактеристики (дали телефонот да ви биде од левата или десната страна, каде да ви стои лекарската слушалка, а во која фиока рецептите), ама практиката во Јапонија со оваа метода резултирала обично со отпуштања на „неадаптибилните работници“ и кусење на трошоците со дополнително оптоварување на вработените со нови обврски (да речеме секој администртивец кога си оди од работа си го носи сметот со себе, па хигиеничарките стануваат непотребни!).

Во време кога постојат толку брзи и достапни извори, кејзен методата требало да биде прикажана во вистинска светлина. Освен ако медиумот не се вклопува во пропагандната шарада на министерот!

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција