Рецензија: Жестоки премолчени пораки од Нуланд до СДСМ

FireShot-Screen-Capture-012-Жестоки-премолчени-пораки-од-Нуланд-до-СДСМ-I-Република-Online-republika_mk__p284131-crop-resize

Рецензираме непотпишан текст кој отвора реторичко прашање, што е реална политика и политички реализам и дали написите кои содржински навлегуваат длабоко во есенцијалните политички прашања треба и мора да се базираат на објективна и рационална вистина или можат да бидат импровизација скарана со фактите.

Помошник државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, ја посети Македонија и тоа е точно. Изјавите кои по разговорите ги дале и Нуланд и премиерот се во класичната рамка на куртоазен стилизиран дипломатски речник и не кажуваат многу за централните теми на разговорот. Зад нив, секако, стои нешто друго, вероватно посодржајно и посериозно од видената куртоазија за што ние не можеме да дознаеме во блиска иднина.

Меѓутоа, ако се направи компилација од еден збор на Нуланд, повеќе бајати изјави на премиерот и неколу измислени реченици, се добива прекрасна „лесковачка муќалица“ наречена спин, кој заслужува рецензија.

FireShot Screen Capture #012 - 'Жестоки премолчени пораки од Нуланд до СДСМ I Република Online' - republika_mk__p=284131Линк до оригиналниот напис: Жестоки премолчени пораки од Нуланд до СДСМ

Датум и време на објавување: 15.07.2014, 12:57

Датум на рецензирање: 18.07.2014

Рецензент: Александар Писарев

 

КОМПИЛАЦИЈА ЗА СПИН

Некоректно е и непрофесионално и кон читателите и кон Викторија Нуланд, нејзината посета да се користи за спинување, за напад и сатанизација на опозицијата и со измилени изјави да се манипулира со читателите дека кажала нешто, што не го ни спомнала за време на своја посета.

…„Таа и на почетокот на нејзиното обраќање потсети дека добро ги познава состојбите во Македонија…. по сето тоа јасно е дека планот на СДСМ е многу провиден и за Нулад и за САД, …останува на СДСМ дали ќе го продолжи самоубиствениот пат за партијата, или ќе проработи свеста за работата и за партијата и како што неколку пати посочи Нуланд за просперитет на Република Македонија“…

Нуланд ова не го кажала, но премиерот би сакал да го чуе, па медиумот направил компилација и пласирал невиден спин во кој може да поверува само оној кој не ја следел и не прочитал и во другите медиуми што изјавила Викторија Нуланд за време на нејзината посета на Македонија и регионот.

 

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ЧУЕ ОНА ШТО НЕ Е КАЖАНО

Бидејќи Нуланд не кажала ништо од она што власта би сакала да го слушне, авторот се обидел да измисли изјави и врз основа на паранормални способности од тоа да направи сензационален насловен блок „Жестоки премолчани пораки од Нуланд до СДСМ“.

Реченица која заслужува не само рецензентска, туку и психоаналитичка анализа, бидејќи со нормалните човечки сетила не е можно да се чуе нешто што е премолчено, односно не е изречено. Како тогаш да се поверува на „пораката“ и на нејзината вистинитост која никој не ја слушнал.

Секој што малку се разбира во дипломатијата и во начинот како таа функционира не може да ја амортизира острината на пораките упатени до балканските лидери од форумот „Кроација 2014“, нарекувајќи ги „корумпирани политичари кои ја уриваат демократијата на Балканот и се служат со политички, економски и судски закани за да се задуши опозицијата и да ги ограбат граѓаните“, порачувајќи им и дека: „Европа не може да биде слободна кога изборите се манипулираат, кога слободните медиуми се замолчуваат и кога малцинствата се под закана“.

Став, кој е оправдан и недвосмислено директен. И оваа порака, во никој случај не ги исклучува и македонските лидери, и нема дилема дека на состаноците со државниот врв, зад затворени врати е употребен и далеку поостар тон. Бидејќи најголмиот дел од констатациите изречени во Цавтат се однесува на нас, оти ние сме практично симбол на тоа што е спротивно на владеењето на правото, на правната држава и што значи криминално управување со државата.

Овие мисли на Нуланд медиумот „не ги прочитал“ или сметал дека не се во полза на актуелната власт да ги објави, бидејќи би можела во нив да се препознае. Затоа пораките за клептократите, автократите, корупцијата, за слободните избори, меѓуетничките односи… не може да се спинуваат како општи и неадресирани и за македонските власти.

 

ОТВОРЕН РАЗГОВОР НЕ Е СТАВ ТУКУ Е АМБИЕНТ

Манипулација се прави и со следната реченица:

„Имавме отворен и искрен разговор со премерот… со што беше јасно изразен став на Вашингтон кон внатершно политичка ситуација во земјата која вештачки се креира од опозицијата“.

Формулацијата „искрен и отворен разговор“ е атмосфера и амбиент во кој се разговарало и не е и не може да биде став. Тоа е амбинет од разговорот и не кажува ништо за содржина, а најмалку од амбиентот на „отворен и искрен разговор“… произлегува … „јасно изразен став на Вашингтон кон ситуацијата во земјата која вештачки се креира од опозицијата“… таков став и таква изјава Викторија Нуланд, барем колку што е јавноста запознаена, не пренесла во име на Вашингтон, барем не јавно или во соопштение после посетата.

Спинот и манипулација со името на Викторија Нуланд продолжуваат уште побескрупулозно во следниот цитат:

„Од тука доаѓа и најголемиот удар на меѓународната заедница на политиките и креирање на кризата кои ги наметнува СДСМ. Вашингтон разговара со Груевски и отворено застанува зад политиките кои носат просперитет во државата, но не и со СДСМ…“

Кога се разговара со претставници на државен врв никогаш не се користи таков речник ако е целта да се охрабрат соговорниците и да им се даде импулс за одредени значајни чекори или реформи. Тоа подразбира дека Нуланд сигурно не зборувала за СДСМ со таков речник и со таков тон каков што го пренесува медиумот, ниту отворено ја фалела политиката на Груевски, бидејќи тоа би имало спротивен ефект во мигот кога се очекува и посетата на медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц и самитот на НАТО, како и амбиентот на затегнати меѓуетнички односи, кои биле тема на разговори, а кои се премолчени во написот, иако се изречени јавно.

Ова е само уште еден од последните индекси на долгиот процес во кој медиумите блиски до власта се користат само за спинување во полза на актуелната власт, при што се прекршени сите етички норми на објективно новинарство и меѓународен и домашен Кодекс на новинарите.

Прекршен е основниот принцип на Кодексот на новинарите на Македонија:

Основната задача на новинарот е да ја почитува вистината и право на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Прекршени се членот 1 и членот 14 од Кодексот на новинарите на Македонија:

Член 1

Известување од политички процеси, треба да биде непристрасно и избалансирано.

 

Член 14

Новинарот треба да објавува точни и проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсфикиува документи.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција