Руски едиторијал од 2003 г., воскреснат во април 2020 г., искористен за манипулација дека немало разлика помеѓу САРС и Ковид 19

Фото: Скриншот од постот

Постот изразува неоснован сомнеж во корона вирусот Сарс-Ков 2, предизвикувачот на болеста Ковид-19, со што неупатени и неинформирани корисници можат да бидат доведени во заблуда дека е истиот вирус како и предизвикувачот на САРС од 2003 г.

Пост во јавна група на Фејсбук со фотографија до која стои коментар, изразува сомнеж во корона вирусот Сарс-Ков 2, предизвикувачот на болеста Ковид-19, со што неупатени и неинформирани корисници можат да бидат доведени во заблуда дека е истиот вирус како и предизвикувачот на САРС од 2003 г.

 

Во постот, под фотографијата од насловната страница на „Северноуралски вести“, издание 24 од 2003 година, како пропратен коментар пишува:

Корона вирус во 2003??? Сега шо прајме

Станува збор за фотографија на насловната страница на локален, градски руски весник, „Северноуралски вести“, од која се гледа дека главниот едиторијал на 13 јуни 2003 г. бил посветен на тогашниот вирус САРС.

Со наднаслов „Жешката линија на академик Чучалин“ (руски пулмолог и член на Руската академија на науки д-р Александар Чучалин, кој и денеска е активен во борбата против коронавирусот) и наслов „Корона вирусот станува поагресивен“, во едиторијалот се обработува темата на ширење на вирусот и вестите во светот во последните два месеци – се мисли на април 2003-та, за тогашната појава на корона вирусот предизвикувач на САРС, како и за прехотходната појава на светски зголемен број пријавени случаи на воспаление на белите дробови помеѓу 1997 и 1999 година, при што се експлоатира хипотезата дека тие случаи биле претходница на САРС-от и дека станувало збор за ист предизвикувач.

Сето ова може да се разбере од претрага по интернет, од која ќе се види дека оваа фотографија со оваа насловница на локалнот руски весник, станала популарна во Русија во април 2020 година, првата недела од карантинот започнат тогаш во земјата и кога руските медиуми ја ископале насловницата од 2003 година, па дури за таа насловница и тој едиторијал имало специјална емисија на првиот канал на руската државна телевизија. За оваа интерсна популарност после 17 години, пишува сегашниот уредник на весникот Северноуралски вести, извесен Г. Каландинскиј, а тоа е објавено и на порталот Сев-Ур Инфо, како и на сајтот на градот Северноуралск на 20-ти април 2020 г. и оtтаму може да се разбере целата приказна со оваа насловна страница од 2003 година.

Таа фотографијата од насловната, сега, на 12-ти септември 2020 г. е закачена на постот што го рецензираме, при што е заокружена со црвено и годината кога е излезен едиторијалот, 2003 година. Тоа потенцирање, заедно со текстот во постот „Корона вирус во 2003??? Сега шо прајме“, го упатува читателот на заклучок дека вирусот корона постоел и во 2003 година и дека тука е нешто чудно. Ова оди на линија на теориите на заговор дека вирусот не е нов, дека можеби и не е толку опасен ако го имало во 2003 година и слично. Дека тоа е така, може да се види и од коментарот под постот, каде што на укажување од друг ФБ корисник, дека во 2003 година навистина постоел корона вирус предизвикувач на САРС, авторот на постот одговара:

Разлика помеѓу старата и 19 нема, тоа е факт на СЗО. Единствена разлика е „газдата“ денешен, Масоните и Илуминатите кои ги однесоа бизнисисте во Кина и одат на уништување на УСА и ЕУ…читај малку повеќе не е на одмет.

Постот е објавен на 12 септември и сѐ уште е вирален. Досега го имаат споделено 382 корисници на ФБ на своите профили. Само упатен читател кој што би напрвил претрага по интернет или информиран читател, кој се сеќава или знае за САРС од 2003 година, може да процени правилно. Сите останати може да бидат доведени во заблуда и поради тоа „Вистиномер“ го рецензираше овој пост, кој е со вистината фотграфија, но манипулативен текст на авторот.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција