Симпсонови не предвиделе дека оваа есен ќе има војна во Косово

Фото: Принтскрин видео

Симпсонови не предвиделе дека филмот „Косовска есен“ ќе биде увертира за каква било војна. Прикажувањето на овој филм заедно со филмот на Опенхајмер, во една од епизодите на Симсонови, нема врска со некакви предвидувања за крвава косовска есен, како што се тврди во објавата. Таквото тврдење не е поткрепено со издржани факти и докази и е дел од уште една во низата теории на заговор и конспирации

Симпсонови не предвиделе дека филмот „Косовска есен“ ќе биде увертира за каква било војна. Прикажувањето на овој филм заедно со филмот на Опенхајмер, во една од епизодите на Симсонови, нема врска со некакви предвидувања за крвава косовска есен, како што се тврди во објавата. Таквото тврдење не е поткрепено со издржани факти и докази и е дел од уште една во низата теории на заговор и конспирации

 

 

Објава на Фејсбук тврди дека Симпсонови ги предвиделе актуелните настани на Косово, односно најавиле крвава косовска есен. Ваквите тврдења не се ништо друго освен конспирациски.

Симпсонови во 2005та година ја најавија Косовската Есен! Сцена од епизода од 2005та година на оКУЛТната серија Симпсонови, во која во кино сала на репертоарот се два филма, Косовска Есен и Опенхајмеров Лифт (десно во аголот на сликата). Не се работи за никакви случајни предвидувања на светските настани многу пред да се случат како и претходно во оваа серија, туку се работи за однапред припремени сценарија во окултна тајна елита чиј припадник е продуцентот на Симпсонови, Мет Гронинг, како и неговите претходници во улога на гласници на новиот светски поредок, Орвел и Хаксли.
Вториве ги најавија дистописките општества кои веќе се имплементираат, а Гронинг најавува крвава косовска есен, која веќе започна во неделата и можна нуклеарна војна најавена преку филмот за таткото на атомската бомба, Опенхајмер, кој за чудо имаше светска премиера пред неколку месеци.
Во светот на илузијата, ништо не е случајно…, стои во објавата.

Таа е придружена со фотографија на која се гледа како Барт и Лиза Симпсонови гледаат постери за филмови при што на едниот пишува „Косовска есен“, а другиот го најавува филмот „Лифтот на Опенхајмер“.

Во последните неколку недели на социјалните мрежи стана доста вирално едно видео во кое семејството Симпсон оди на кино на проекција на филмот на познатa албанскa режисерка „Косовска есен“ (Kosovo autumn). Филмот на албански јазик е за луѓето од Косово кои се во војна, а теоретичарите на заговор ова го гледаат како навестување на војната во Косово оваа есен.

Во клипот, семејството Симпсон гледа филмски постери пред прикажувањето, вклучувајќи го и оној насловен „Лифтот на Опенхајмер“.

Нараторот од видеото на ТикТок наведува дека е „особено интересно“ што филмот за „таткото на атомската бомба“ Роберт Опенхајмер моментално е во кината. „Значи, се работи за оваа година. „Косовска есен, оваа година“, завршува видеото.

Исечокот што стана вирален како дел од „предвидувањата на Симпсонови“ е дел од 20-та епизода од 16-та сезона насловена „Дома далеку од Хомер“, која се емитуваше на 15 мај 2005 година.

Токму во оваа епизода Лиза добива билети за проекцијата на филмот „Косовска есен“ на кој оди целото семејство Симпсон.

Косово беше меѓународна тема во 2005 година кога американската организација „Институт за мир“ на Соединетите Американски Држави издаде документ во март 2005 година, во кој се наведува дека процесот на одлучување за идниот статус на Косово треба да започне во 2005 година.

Советот за безбедност на ОН одлучи малку подоцна, во октомври 2005 година, дека „време е да се започне политички процес за одлучување за идниот статус на Косово“.

Бидејќи прашањето за Косово беше актуелно и во 2005 година, Симпсонови го обработиле на свој начин, како што често прават со темите за кои зборуваат.

Дополнително, дури и плакатот за филмот за Опенхајмер не ја зголемува силата на „доказите“ за предвидување на војната во Косово наесен. Книгата „Американски Прометеј“ од Каи Бирд и Мартин Џ. Шервина, според која се снимаше „Опенхајмер“ на Нолан, чија премиера беше на 21 јули годинава, беше објавена само еден месец пред емитувањето на спорната епизода, на 5 октомври 2005 година.

Во меѓувреме, „таткото на атомската бомба“, физичарот Роберт Опенхајмер, беше централна тема на бројни документарни филмови, серии, книги, драми, па дури и опери.

Од ова можеме да заклучиме дека Симпсонови не предвиделе дека филмот „Косовска есен“ ќе биде увертира за каква било војна. Прикажувањето на овој филм заедно со филмот на Опенхајмер, во една од епизодите на Симсонови, нема врска со некакви предвидувања за крвава косовска есен, како што се тврди во објавата. Таквото тврдење не е поткрепено со издржани факти и докази и е дел од уште една во низата теории на заговор и конспирации. Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција