Сината светлина што се појавила пред земјотресот во Турција не е мистерија, туку природен феномен

Фото: Принтскрин видео

Светлината што се појавила на небото пред земјотресот во Турција не е никаква мистерија. Станува збор за редок природен феномен, претходно забележуван  во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред или за време на нивното случување.

Светлината што се појавила на небото пред земјотресот во Турција не е никаква мистерија. Станува збор за редок природен феномен, претходно забележуван  во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред или за време на нивното случување

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој пласираа теорија на заговор за некакви мистериозна светлина која се појавила непосредно пред разорниот земјотрес кој ја погоди Турција и зад себе остави многу рушевини и жртви.

И додека сите очи се вперени кон рушевините и преживеаните, турските медиуми четири дена по земјотресот објавуваат видео снимка на која се гледа мистериозна светлина и „објект“ кој го прелетува небото и тоа 17 секунди пред катастрофалниот удар.
Мајк : Па народе .. ова не беше природен земјотрес, стои во објавата што ја анализираме.

Точно е дека неколку секунди пред земјотресот од 7,8 степени по Рихтер да ја погоди Турција, на небото се појавила сина светлина, но тоа не е никаква мистериозна светлина. Иако овој феномен се користи за плетење некакви теории на заговор дека земјотресот не бил природен, туку некој го предизвикал намерно.

Но, тука нема никаква мистерија, станува збор за светлина којашто наликува на грмотевици пред бура. „National Geographic“ пред неколку години посвети цела статија на овој феномен во која нуди научни одговори за него.

Кога земјотрес со јачина од 8,1 степени според Рихтер го погоди Мексико во 2017 година, на социјалните мрежи се појавија морничави слики од зелена и сина светлина на небото. Таканаречената мексичка змјотресна светлина  беше уште еден мистериозен пример на феномен што ги збунуваше експертите.

Како топчести молњи, земјотресната светлина е релативно ретка појава и на научниците им е тешко да објаснат што точно се тие. Работата ја комплицира тоа што не сите случаи изгледаат исто, што предизвикува објаснувања кои се движат од едноставни молњи до НЛО и појави од другиот свет, пишува National Geographic

 

Фридеман Фројнд, професор по физика на Државниот универзитет во Сан Хозе и истражувач во Истражувачкиот центар Ејмс на НАСА, во интервју за „National Geographic“ во 2014 година изјави дека:

Светлината може да добие многу различни форми и бои, 

Фројнд и неговите колеги проучувале 65 извештаи за таква светлина кои датираат од 1.600 година, објавувајќи ги нивните откритија во 2014 година во списанието „Seismological Research Letters“.

На 12 ноември 1988 година, на пример, луѓето пријавиле виолетово-розова светла топка долж Свети Лоренс во Квебек, 11 дена пред силниот земјотрес. Во Писко, Перу, светлината се појавила во форма на силни блесоци кои го осветлиле небото, снимени од безбедносните камери пред земјотресот со јачина од 8 степени во 2007 година.

Дури и пред земјотресот во 2009 година во Аквила, Италија, биле забележани мали пламени светлина како треперат над камените улици.

 

Дали оваа појава е реална?

Геолошкиот институт на САД е внимателен околу тоа дали постои земјотресни светлина (EQL).

Геофизичарите се разликуваат околу тоа во која мера поединечните извештаи за невообичаена светлина во моментот и во близина на епицентарот на земјотресот всушност претставуваат EQL, вели институтот на својата веб-страница.

Некои се сомневаат дека било кој извештај претставува цврст доказ за EQL, додека други мислат дека барем некои извештаи убедливо се совпаѓаат со EQL, пишува „National Geographic.

Што би можело да ја предизвика светлината?

Анализирајќи 65 светлосни инциденти во време на земјотрес во студија од 2014 година, Фројнд и неговите колеги теоретизирале дека светлината е предизвикани од електрични полнежи кои се активираат во одредени видови карпи за време на сеизмичка активност.

Тоа е како да сте вклучле батерија во Земјината кора, истакнува Фројнд.

Како што пишува „National Geographic“, базалтните и магматските (габро) карпи, на пример, имаат ситни дефекти во нивните кристали што би можеле да ослободат електричен полнеж во воздухот. Услови поволни за светлина постојат кај помалку од 0,5 отсто од земјотресите ширум светот, проценуваат научниците, што би објаснило зошто тие биле релативно ретки. Тие, исто така, забележале дека земјотресната светлина се појавуваат почесто пред или за време на земјотресот, а не толку многу после него.

Претходна студија покажала дека тектонскиот стрес го создава т.н. пиезоелектричен ефект, во кој карпите што содржат кварц произведуваат силни електрични полиња кога се компресирани на одреден начин. Но, една од компликациите во проучувањето на земјотресните светлина е, се разбира, тоа што тие се непредвидливи и краткотрајни. Во обид да го заобиколат ова, некои научници се обиделе да го рекреираат феноменот во лабораторија.

Во студија предводена од физичар од Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси и објавена во 2014 година, зрна од различни материјали – брашно, пластични дискови, гипс – создаваат скокови на напон кога се тресат. Научниците го припишуваат овој ефект на триењето помеѓу зрната, што би било во спротивност и со пиезоелектричната теорија и со теоријата на Фројнд,  пишува „National Geographic.

Од сето ова можеме да заклучиме дека светлината што се појавила на небото пред земјотресот во Турицја не е никаква мистерија. Станува збор за редок природен феномен, претходно забележуван  во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред или за време на нивното случување.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција