Синот на Сорос не ветил дека ќе ги „искорени конзервативците од интернет“

Интервјуто на синот на Сорос, Александар за „Wall Street Journal“ во кое зборува за преземање на водството над татковата финансиска империја, е искористено за пласирање на измислени изјави за неговиот наводен „план за цензурирање на конзервативците на интернет“. Наспроти изнесеното во постот, наводните изјави дека е „стопати полош од татко му“ и дека „ќе ги искорени конзервативците од интернет“, Александар Сорос не ги има кажано. Дезинформацијата потекнува од американскиот сајт The People`s Voice, кој некогаш се викаше News Punch, на кој честопати се објавуваат дезинформации и теории на заговор.

Интервјуто на синот на Сорос, Александар за „Wall Street Journal“ во кое зборува за преземање на водството над татковата финансиска империја, е искористено за пласирање на измислени изјави за неговиот наводен „план за цензурирање на конзервативците на интернет“. Наспроти изнесеното во постот, наводните изјави дека е „стопати полош од татко му“ и дека „ќе ги искорени конзервативците од интернет“, Александар Сорос не ги има кажано. Дезинформацијата потекнува од американскиот сајт The People`s Voice, кој некогаш се викаше News Punch, на кој честопати се објавуваат дезинформации и теории на заговор

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Алекс Сорос вети дека ќе ги искорени конзервативците од интернет: „Јас сум 100 пати полош од татко ми“.

Дали татко му му го поклонил цел свет?

Веројатно мисли дека го поседува универзумот.

Инаку она што не засега нас е тоа што тој директно раководи со проектот Балканска унија во кој треба да бидат вклучени Скопје, Тирана, Приштина, Подгорица и Белград, со главно седиште во Белград.

Интервјуто на синот на Сорос, Александар за „Wall Street Journal“ во кое зборува за преземање на водството над татковата финансиска империја, е искористено за пласирање на измислени изјави за неговиот наводен „план за цензурирање на конзервативците на интернет“. Наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, наводните изјави дека е „стопати полош од татко му“ и дека „ќе ги искорени конзервативците од интернет“, Александар Сорос не ги има кажано. Во интервјуто за Wall Street Journal тој зборува за преземањето водство врз финансиската империја на татко му, но цитатите кои му се припишуваат не ги кажува.

Дезинформацијата потекнува од американскиот сајт The People`s Voice, кој некогаш се викаше News Punch, на кој честопати се објавуваат дезинформации и теории на заговор.

Како што пишуваат проверувачите на факти на „Истиномер“ Србија, Александар Сорос е избран за претседател на одборот на Фондацијата за отворено општество во декември 2022 година, ама таа информација е соопштена дури на 11 јуни годинава во интервју на Александар Сорос за The Wall Street Journal. Александар Сорос е наследник на 92 годишниот татко Џорџ Сорос, кој покрена непрофитна организација за доделување грантови во 1993 година за поддршка на граѓанските цели ширум светот.

Во интервјуто за Wall Street Journal Александар Сорос вели дека планира да ги поддржи целите кои обично се поврзуваат со левицата, како што се правата на абортус, правото на гласање, но покажува и извесно разбирање кон луѓето што имаат различни ставови од неговите.

Тој во интервјуто ги повикува демократските политичари да ги подобрат и унапредат своите пораки.

Нашата страна мора да е подобра во поглед на тоа да бидеме малку попатриотски ориентирани и поинклузивни. Само затоа што некој гласал за Трамп не значи дека е изгубен случај или расист,  изјави Александар Сорос.

Тој е единствениот член на семејството во инвестицискиот комитет за управување со соросовиот фонд, за кој Wall Street Journal пишува дека управува со 25 милијарди долари семеен имот. Задолжен е и за Super PAK, aмерикански механизам за усмерување на средства кон политички партии.

Александар Сорос, 37-годишен дипломиран историчар е вториот најмлад од
петте деца на Сорос, пишува Би Би Си.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно оти синот на Сорос ветил дека ќе ги искорени конзервативците од интернет. Таква изјава не дал во интервјуто на Wall Street Journal, а не може да се пронајде и никаде на интернет, освен во фабрикуваниот текст  на The People`s Voice.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција