Скопје доби „Фестивал на цвеќето“

Цветниот фестивал по третпат се одржа во Градскиот парк во Скопје Фото: Принтскрин

Проект: ФЕСТИВАЛ НА ЦВЕЌЕТО

Опис на проектот: Градот Скопје, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, во насока на разубавување и на облагородување на вториот дел од Градскиот парк, ќе организира Фестивал на цвеќето. Во оваа активност ќе учествуваат ЈП „Паркови и зеленило“, фирмите што се занимаваат со хортикултура и претставници од земјите од регионот што се од областа од хортикултурата. Добивки од организирањето на овој фестивал се облагородување на овој дел од паркот, едукација на вработените во ЈП „Паркови и зеленило“, запознавање со културите од другите земји од Европа и поставување легенди за дрвјата во градски парк (потекло, вид, возраст, хабитус и сл.). (Рок: 2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Првиот „Фестивал на цвеќето“  се одржа во мај 2014 година. Ова е исполнето ветување на  градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, дадено во  неговата Изборна програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје!“ , (во  делот Комунални дејности, подобрување на комуналните услуги и на јавната чистота, стр. 24), со која излезе на локалните избори во 2013 година.

На 17  и 18 мај 2014 година во вториот дел од Градскиот парк, спроти „Паркот за миленици“, се одржа првиот скопски Цветен фестивал, под мотото: „Слушни ја бојата“. Медиумите информираа дека организатор на манифестацијата  е ЈП „Паркови и зеленило“, а генерален покровител Град Скопје .

Целта на манифестацијата, според организаторот, е да се промовира одгледувањето цвеќе, младите да научат нешто повеќе, а Скопје да го добие епитетот цветен град. Идејата произлегува од еден цветен фестивал во Талин.

Фестивалот на цвеќето почна со цветно дефиле во кое учествуваа околу 500 деца, а кое тргна од плоштадот „Македонија“ и се движеше кон Градскиот парк. Се организираат различни работилници  за тоа како правилно да се садат и негуваат цвеќињата, како да направат цветен аранжман, како да изработат цветно оригами…

Вто­ри­от скоп­ски „Цве­тен фе­сти­вал“,  све­че­но бе­ше отво­рен на 16.05.2017 во Град­ски­от парк и во текот на двата дена (16 и 17 мај) посетителите имаа мож­ност да ужи­ва­ат во цвет­ни­те аранж­ма­ни, да се еду­ци­ра­ат и да се за­ба­ву­ва­ат на отво­ре­но. Фестивалот го отвори  градоначалникот Трајановски кој рече дека имаат намера Скопје да го направат град на цвеќето

Третиот „Фестивал на цвеќето“ во Скопје се одржа на 14 и 15 мај оваа година под мотото „1000 цвета за Скопје“.  На свеченото отворање на фестивалот, градоначалникот  Трајановски, меѓу другото,  рече:

Скопскиот цветен фестивал е традиционална градска манифестација која го слави цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено. Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ и годинава го организираат фестивалот на цвеќето токму во сезоната кога, поради поволните временски услови, луѓето поминуваат се повеќе време на отворено и ги разубавуваат своите тераси и градини со нови цветни насади и со ново зеленило.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција