Смртта на доктор Фулер не е поврзана со нејзиниот позитивен став кон ковид вакцините

Фото: Принтскрин видео

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и се наведува јавноста да поверува дека вакцината против ковид-19 или наклонетиот став кој доктор Фулер го имала кон вакцината, на некој начин е поврзан со нејзината смрт. Тоа не е точно. Според Медицинскиот факултет на Универзитетот Мичиген, каде што работела, таа починала на 18 ноември 2022 година на возраст од 67 години од болест неповрзана со ковид-19.  Нејзините колеги се непријатно изненадени од начинот на којшто смртта на доктор Фулер е злоупотребена од теоретичарите на заговор

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и се наведува јавноста да поверува дека вакцината против ковид-19 или наклонетиот став кој доктор Фулер го имала кон вакцината, на некој начин е поврзан со нејзината смрт. Тоа не е точно. Според Медицинскиот факултет на Универзитетот Мичиген, каде што работела, таа починала на 18 ноември 2022 година на возраст од 67 години од болест неповрзана со ковид-19.  Нејзините колеги се непријатно изненадени од начинот на којшто смртта на доктор Фулер е злоупотребена од теоретичарите на заговор

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

ГЛАСАЛА ЗА ИТНА УПОТРЕБА..
БОГ ДА ЈА ПРОСТИ…АМИИИН
РЕЧЕ: “Многу, многу, многу, многу се безбедни, дури побезбедни од сите други в@кс“
-Др. Оведа Фулер, светски познат вирУсолОг на ФДА, „НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА“ откако го притисна копчето за итна употреба на в@кс.
„Непозната болест“?
Се чини дека стана прилично вообичаена работа.
Откако започна вакциналната кампања против ковид-19, вообичаено стана во антивакциналните кругови, смртните случаи кои ќе настанат кај луѓе кои биле промотори, или пак, медицински ги изложувале сознанијата за безбедноста, ефикасноста и корисноста на вакцините против ковид-19, да биде злоупотребувана, односно ставана во контекст на некаква мистериозност, ненадејност и поврзаност со самата вакцина или со нивната професионална поддршка кон позитивниот безбедносен профил на вакцините. Притоа, не се даваат никакви докази или аргументи дека професионалната поддршка на лицето коешто починало кон афирмацијата на вакцините против ковид-19, на каков било начин е поврзано со смртта на личноста.
Во постот што го рецензираме се споделува видео на коешто докторката Овета Фулер (родена 1955 година, а починала на 18 ноември 2022 година) зборува дека со мРНК вакцината одобрена во Обединетото Кралство, примателот на вакцината не го добива вирусот и дека вакцината против ковид е безбедна како и другите вакцини, дури и побезбедна. Таа додава дека вакцините се безбедни, но не ги знааеме долгорочните ефекти, но нејзината претпоставка е дека и долгорочно нема да предизвикуваат проблем. Потоа во следната секвенца од видеото, докторката Фулер ги охрабрува граѓаните да се вакцинираат, зашто не сака луѓето да се разболуваат, да умираат и зашто овие вакцини функционираат.
Во видеото се кажува дека докторката починала после кратка болест која не била поврзана со ковид-19. Во коментарите под постот што го рецензираме се зборува како вакцината да е причинител на смртта, односно дека „пропагандата морала да прикрие дека причината за смртта на доктор Фулер морало да биде поврзана со ковид вакцините“.

Но, нема никакви докази дека смртта на доктор Фулер е поврзана со вакцината, а уште помалку со нејзините медицински професионални улоги во нејзината промоција и објаснувањето кое во повеќе наврати го давала дека вакцината е безбедна.  Дополнително, смртта на докторката не претставува никаков доказ дека вакцините против ковид-19 се небезбедни. Со испуштање на фактите дека станува збор за смрт предизвикана од друга медицинска состојба која траела кратко, без никакви аргументи и докази, во постот се инсинуира дека вакцините против ковид-19 и смртта на докторката се поврзани!

И проверувачите на факти на Политифакт, веќе го имаат констатирано истото:

Доктор Овета Фулер која беше во комитетот на ФДА за вакцини и биолошки продукти, одигра клучна улога во одобрувањето на вакцината против ковид-19 за итна употреба. Таа почина на 18 ноември 2022 година на возраст од 67 години од болест неповрзана со ковид-19, според Медицинскиот факултет на Универзитетот Мичиген, каде што работеше. Нема докази дека смртта на Фулер е поврзана со вакцините против ковид-19.

Нејзините колеги се непријатно изненадени од начинот на кој што смртта на доктор Фулер е злоупотребена од теоретичарите на заговор.

За нотирање е дека антивакциналните кругови на социјалните мрежи продолжуваат да манипулираат и погрешно да ја наведуваат јавноста за постоење на таканаречени ,,ненадејни смртни случаи” (sudden deaths) и во оваа категорија го ставаат секој смртен случај кој им оди во прилог на девалвација и дискредитација на лица кои ја промовирале, или пак, ја примиле вакцината.

Повеќе студии и научни рецензии не пронајдоа поврзаност меѓу вакцинацијата и смртта кај луѓе на било која возраст, освен во ретки случаи.

Политифакт додава дека деталите за смртта на Фулер сè уште не се достапни и дека обдукција не е извршена.

Поради сите горенаведени факти,сметаме дека во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и се наведува јавноста да поверува дека вакцината против ковид-19 или наклонетиот став кој доктор Фулер го имала кон вакцината, на некој начин е поврзан со нејзината смрт. Тоа не е точно, бидејќи причините за смртта не се поврзани со ковид или вакцината, туку станува збор за кратко боледување по што докторката, која имала 67 години, починала.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција