Снимката на која сенаторот Греам вели „Русите умираат“ е фабрикувана

Фото: Принтскрин видео

Не е вистина дека Греам изјавил „И Русите умираат. Најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“, а видеото кое што го тврди тоа е погрешно едитирано. Подолга верзија на разговорот, која беше објавена од украинската влада, а потоа и од Ројтерс, меѓу другото, покажува дека двете забелешки – врамени како дел од истиот коментар – всушност не се поврзани. Самиот Греам потврди дека неговите коментари биле погрешно претставени во видеото, појаснувајќи за Ројтерс дека тој едноставно го пофалил духот на Украинците во отпорот на руската инвазија со помош обезбедена од Вашингтон

Не е вистина дека Греам изјавил „И Русите умираат. Најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“, а видеото кое што го тврди тоа е погрешно едитирано. Подолга верзија на разговорот, која беше објавена од украинската влада, а потоа и од Ројтерс, меѓу другото, покажува дека двете забелешки – врамени како дел од истиот коментар – всушност не се поврзани. Самиот Греам потврди дека неговите коментари биле погрешно претставени во видеото, појаснувајќи за Ројтерс дека тој едноставно го пофалил духот на Украинците во отпорот на руската инвазија со помош обезбедена од Вашингтон

.

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека американскиот сенатор, Линдзи Греам при средбата со украинскиот претседател, Володомир Зеленски изјавил дека тоа што Русите умираат се најдобро потрошените пари (на САД). Ова е невистина, видеото е едитирано, а сенаторот Греам ги нема кажано овие реченици во ист контекст.

Американскиот сенатор Линдзи Греам: „Русите умираат… тоа се најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“. (Ројтерс)

United States Senator Lindsey Graham: “The Russians are dying… it’s the best money we’ve ever spent.” (Reuters)

На 26 мај, сенаторот Линдзи Греам го посети Киев и се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски, изразувајќи ја својата поддршка за отпорот на Украина.

Но, за време на неговото патување, републиканецот од Јужна Каролина, стана дел од информативната војна меѓу Москва и Киев, откако неговиот коментар беше изваден од контекст и вооружен со пропаганда од двете страни за да се промовираат соодветните наративи.

Во кратко видео, коешто се споделува на социјалните мрежи се чини дека Греам при интеракцијата со украинскиот лидер вели „И Русите умираат“ при што навидум додава „Најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“.

Видеото, првпат беше објавено на каналот на Телеграм на украинската влада во петокот, 26 мај, при што брзо следуваа напади од руски владини претставници.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјавите на Греам ги нарече „срам“ за Соединети Држави.

Руското Министерство за внатрешни работи го стави републиканецот од Јужна Каролина на листата на барани лица, откако го обвини дека ја фалел смртта на Русите во војната во Украина.

Греам, Линдзи Олин, Американец, роден на 9 јули 1955 година, се бара според Кривичниот законик“, соопшти руското Министерство за внатрешни работи, пренесуваат новинските агенции Тас и РИА Новости.

Во меѓувреме, повеќе проукраински канали и изданија побрзаа да го цитираат Греам во обид да ги разгорат патриотските чувства и да ги исмеваат „окупаторите“.

Но, како што ескалираа реакциите против Греам, набрзо се покажа дека неговите коментари биле погрешно уредени во краткиот клип, во коишто се споени неколку негови различни коментари.

Подолга верзија на разговорот, која беше објавена од украинската влада, а потоа и од Ројтерс, меѓу другото, покажува дека двете забелешки – врамени како дел од истиот коментар – всушност ,не се поврзани.

Во првиот дел, Зеленски им се заблагодарува на Соединетите Држави и сојузниците за нивната „безрезервна поддршка“ за Украина, наведувајќи дека поддршката на Америка од почетокот на инвазијата надминала „38 милијарди долари“.

На тоа, Греам одговара:

„Најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“, додавајќи дека ова е „457-ми ден од војната што требаше да трае три дена“.

Подоцна во разговорот се случува следнава дискусија:

Греам: Ме потсетуваш на нашите предци во Америка. Имаше време кога вака се боревме до последната личност. Ослободи се или умри.

Зеленски: Ослободи се или умри. Сега сте слободни. И ние ќе бидеме.

Греам: …И Русите умираат.

Зеленски: Да, но тие дојдоа на наша територија, ние не се бориме на нивна територија.

Самиот Греам потврди дека неговите коментари биле погрешно претставени во видеото, појаснувајќи за Ројтерс дека тој едноставно го пофалил духот на Украинците во отпорот на руската инвазија со помош обезбедена од Вашингтон.

Откако беше ставен на руската листа на барани лица, сенаторот ја потврди својата посветеност да ѝ даде поддршка на Украина, истакнувајќи дека ќе го носи налогот за апсење како „значка на честа“.

Да знам дека мојата посветеност на Украина го навлече гневот на режимот на Путин, ми носи огромна радост. Ќе продолжам да стојам со и за слободата на Украина додека секој руски војник не биде протеран од украинската територија.

Коментарот, исто така, поттикна жесток одговор од руски политичари и пропагандисти. Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го нарече 67-годишниот републиканец „стар будала“.

Старата будала Линдзи Греам рече дека САД никогаш не потрошиле пари толку успешно како за убиства на Руси, рече Медведев. Тој не требаше да го стори тоа.

Во изјавата испратена по е-пошта за новинската агенција Ројтерс, Греам одговори на коментарите на Медведев и рече дека како и обично, руската пропагандна машина напорно работи.

Г. Медведев, ако сакате Русите да престанат да умираат во Украина, повлечете се. Запрете ја инвазијата. Стоп за воените злосторства. Вистината е дека вие и Путин не се грижите многу за руските војници.

Оваа објава претставува најнов пример за тоа како јавните изјави може да се извадат од контекст и да се вооружат за пропагандни цели во конфликт кој започна уште пред 16 месеци. Според сите наведени факти, оценуваме дека не е вистина дека Греам изјавил „И Русите умираат. Најдобрите пари што некогаш сме ги потрошиле“, а видеото кое што го тврди тоа е погрешно едитирано.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција