Со дигитално изменето видео се тврди дека Зеленски пеел на руски јазик

Фото: Принтскрин видео

Зеленски не пее во видеото споделено на Фејсбук, а уште помалку пеел на руски, како што се тврди. Видеото е дигитално изменето и неговиот лик е вметнат на местото на украинскиот комичар Васил Бајдак кој преку оваа песна повикува на донации за украинската војска

Зеленски не пее во видеото споделено на Фејсбук, а уште помалку пеел на руски, како што се тврди. Видеото е дигитално изменето и неговиот лик е вметнат на местото на украинскиот комичар Васил Бајдак, кој преку оваа песна повикува на донации за украинската војска

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува видео на кое се гледа пејач кој наликува на украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Во описот на самата објава пишува:

Украинецот вокал кој обожаваше Руски јазик 😏😏

Станува збор за преработка на англиската песна „Just the two of us“, но на украински јазик.

Меѓутоа, она што е спорно во објавата е што видеото е дигитално изменето. На оригиналното видео не пее Зеленски, уште помалку на руски, туку украинскиот стенд-ап комичар Васил Бајдак.

Песната во оригинал на украински се вика: „Просто скинь донат“, или во превод, „Само пуштете донација“.

Интересно е дека во видеото од објавата што ја анализираме, дигитално не е вметнат само ликот на Зеленски, туку изменети се и ликовите на женските вокали.

Дигитално изменето видео со ликот на Зеленски
Оригиналното видео со стенд-ап комичарот Бајдак
Дигитално изменетото видео каде на женските вокали им се ставени машки ликови
Оригиналното видео на кое се гледаат женските вокали

Васил Бајдак е познат украински стенд-ап комичар кој преку преработки на песни, собира донации за украинската армија. Благодарение на својата креативност, тој собрал повеќе од 10 милиони гривни за потребите на украинските вооружени сили.

Ова не е единствена преработка на песна која ја направил Бајдак со цел да собере донации. Тој има направено видео со преработка на песната на Олександр Пономарев, „Тој ја чека“, менувајќи ја во „Тој чека да донира“, а пеел и во придружба на воен бенд.

Повеќе за неговите активности поврзани со собирањето донации за украинската војска може да се прочита тука.

Од ова можеме да заклучиме дека Зеленски не пее во видеото на објавата што е предмет на нашата анализа, а уште помалку пеел на руски, како што се тврди. Видеото е дигитално изменето и неговиот лик е вметнат на местото на оригиналниот лик, украинскиот комичар Бајдак кој преку оваа песна повикува на донации за украинската војска.

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција