Со измислена, навредлива изјава на воената хунта на Нигер се „удира“ по Нуланд

Фото: Принтскрин видео - youtube.com

Наводната цинична изјава за амбасадорката Викторија Нуланд, што се споделува во оваа објава на Фејсбук, е измислена. Ниту еден официјален, етаблиран, релевантен и кредибилен  медиум  нема пренесено ваква изјава од таканаречената „револуционерна влада“ на Нигер, дека не ги сакале парите на САД и уште наводно препорачале „да се искористат за програма за слабеење на Викторија Нуланд“. Измислената изјава се појави на Редит,  ама во коментарите под објавата се кажува дека се работи за невистина, односно дека некој се шегувал

Наводната цинична изјава за амбасадорката Викторија Нуланд, што се споделува во оваа објава на Фејсбук, е измислена. Ниту еден официјален, етаблиран, релевантен и кредибилен  медиум  нема пренесено ваква изјава од таканаречената „револуционерна влада“ на Нигер, дека не ги сакале парите на САД и уште наводно препорачале „да се искористат за програма за слабеење на Викторија Нуланд“. Измислената изјава се појави на Редит,  ама во коментарите под објавата се кажува дека се работи за невистина и дека некој се шегувал

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фоторафија од амбасадорката Викторија Нуланд, која е американски дипломат со 33-годишно искуство и се вели:

Револуционерната влада на Нигер им одговори на САД во врска со прекинувањето на помошта што ја добиваат: Не ни требаат вашите пари, искористете ги за да финансирате програма за слабеење на Викторија Нуланд.

Меѓутоа, ова е измислена изјава атрибуирана на воената хунта во Нигер. Во Нигер се случи државен удар односно пуч, а новите власти не се признаени за легитимни ниту од страна на САД,  ниту од Европската Унија.

Дел од војската во оваа западноафриканска држава на националната телевизија објави дека извршила државен удар, дека е укинат Уставот, дека се суспендирани  институциите на власта и затворени границите на државата, а дека претседателот Мохамед Базум е задржан во Претседателската палатата во главниот град Ниамеј од припадници на гардата.

На 7 август 2023 година на официјалната страница на Стејт Департментот објавена е изјава од Викторија Нуланд за ситуацијата во Нигер, каде таа беше во дипломатска посета. Значи, точно е тоа дека таа била во дипломатска посета на Нигер после државниот удар, во обид да се воспостави дипломатско решение на проблемите, но немало успех. Она кое што никаде не се споменува, во ниту еден официјален, етаблиран, релевантен и кредибилен медиум е наводната изјава на таканаречената „револуционерна влада“ на Нигер, односно од пучистите, дека не ги сакале парите на САД и уште порачале истите „да се искористат за програма за слабеење на Викторија Нуланд“. Станува збор за измислена изјава.

Се сретнавме со самопрогласениот началник на одбраната на оваа операција, генерал Бармоу и тројца од полковниците кои го поддржуваат. Ќе кажам дека овие разговори беа екстремно отворени и на моменти доста тешки, зашто повторно, се обидувавме да преговараме за решение. Не беше лесно да се придвижат работите. Тие се многу цврсти во нивниот поглед за тоа како сакаат да продолжат и тој не е во согласност со Уставот на Нигер. Така што повторно, бевме многу отворени за тоа што ризикуваат. Ја оставивме отворена вратата да продолжиме со разговори. Но повторно, тешко беше денеска и ќе бидам отворена за тоа. Исто така, пред да пристигнеме побаравме во текот на денот можност да се сретнеме со претседателот Базум, да ги чуеме неговите согледувања директно – зборувавме со него на телефон, но не го видовме и тоа никогаш не ни беше дозволено. Исто побаравме некои гестови за здравје и благосостојба, тој е во многу тешка ситуација поради куќниот притвор заедно со неговиот син и неговата сопруга. Се надевам дека во периодот што следи луѓето кои се одговорни за моменталната ситуација ќе им се навратат на тие наши барања. Исто така, не ни беше дадена шанса да го видиме самопромовираниот претседател господинот Тиани. Така што, останато ни беше да му кажеме јасно на господинот Бармоу какви се работите. Тоа беше тешка мисија, но неопходна од перспектива на американските интереси во обидот да се види дали оваа многу тешка ситуација може да се разреши дипломатски, изјави Нуланд после дипломатската посета.

Сите светски медиуми известија за тоа дека новата власт во Нигер која не е признаена ни од САД ни од ЕУ, одбиле дипломатска помош од Америка за враќање на демократски избраниот претседател и враќање на уставноста на Нигер. Следствено, помошта од САД кон Нигер е паузирана.

Измислената изјава којашто е споделена во објавата – одбивање на парична помош од САД за Нигер и цинизмот парите да бидат пренасочени кон програма за слабеење на Нуланд, се појави на Редит. Но, во коментарите под објавата се кажува дека се работи за невистина, односно дека некој се шегувал.

Лидерите на ЕКОВАС ќе одржат самит за да се договорат за планот за акција за Нигер, каде што лидерите на пучот одбиваат да се повлечат. Пучистите во Нигер веќе објавија листа на 21 лице, идни  министри во новата влада, форсирајќи ја својата агенда пред самитот на регионалните лидери на кој се бара тие да се повлечат од државниот удар.

Поради сите горенаведени факти објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција