Со монтирана фотографија починато лице се обвинува за експлозија на споменик во Џорџија

Станува збор за гранитен споменик во американската држава Џорџија, кој беше бомбардиран. На социјалните мрежи се појави фотографија, заедно со тврдењето дека сторителот е познат. Таков е и случајот со постот што го рецензираме, во кој се тврди дека до споменикот пронајден бил пасошот на Мухамед Ата. Фотографијата на која се гледа пасошот е графички изменета односно фотомонтирана. Вистинскиот виновник за експлозијата кај споменикот не е познат, но тој не е Мухамед Ата. Тој  беше вклучен во нападите од 11 септември 2001 година на кулите близначки во САД и не е жив

Станува збор за гранитен споменик во американската држава Џорџија, кој беше бомбардиран. На социјалните мрежи се појави фотографија, заедно со тврдењето дека сторителот е познат. Таков е и случајот со постот што го рецензираме, во кој се тврди дека до споменикот пронајден бил пасошот на Мухамед Ата. Фотографијата на која се гледа пасошот е графички изменета односно фотомонтирана. Вистинскиот виновник за експлозијата кај споменикот не е познат, но тој не е Мухамед Ата. Тој  беше вклучен во нападите од 11 септември 2001 година на кулите близначки во САД и не е жив

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека е пронајден пасош кај разрушен контроверзен споменик во Џорџија. Во постот се тврди дека ФБИ и ЦИА почнале истрага. Во објавата на Фејсбук пишува:

13.07.2022
Најден пасош кај разрушените сатански плочи во Џорџија.
ФБИ и ЦИА почнале истрага.

Во состав на постот споделена е и фотографија на која има и напис на англиски јазик „вонредни вести“ и каде се тврди дека пасошот на Мухамед Ата е пронајден кај гробиштата во Џорџија, а ФБИ и ЦИА почнуваат истрага за антитероризам. Инаку, Мухамед Ата е едно од лицата кое беше вклучено во нападите од 11 септември 2001 година.

Фотографијата што се споделува содржи два дела. На првиот дел гробиштата се фотографирани од подалеку, а вториот дел е зумиран, односно се гледаат одблиску.

Но, и покрај тоа што се наведува во постот кој е предмет на нашата рецензија, сторителот или сторителите кои фрлиле бомба врз споменикот познат како Џорџија Гајдстоус (група на гранитни монолити) остануваат непознати. Станува збор за гранитен споменик во американската држава Џорџија, кој беше бомбардиран. На социјалните мрежи се појави фотографија со тврдење дека сторителот е познат. Таков е и случајот со постот што го рецензираме, во кој се тврди дека до споменикот пронајден бил пасошот на Мухамед Ата.

Фотографијата на која се гледа пасошот е графички изменета односно фотомонтирана. Вистинскиот виновник за експлозијата кај споменикот не е познат, но тој не е Мухамед Ата. Ата, кој беше вклучен во нападите од 11 септември 2001 година на кулите близначки во САД, не е жив.

 

Каков бил текот на настаните во однос на експлозијата врз споменикот?

Во јули годинава, се слушнала експлозија во близина на Елбертон Џорџија (САД). Дотогаш таму имало гранител споменик со мистериозни натписи. Еден од столбовите е срушен во експлозијата, а подоцна во текот на денот, остатокот од структурата е уништена од безбедносни причини. Структурата беше нарекувана „американски Стоунхенџ“. Таа е изградена во крајот на седумдесетите години и со години е предмет на теории на заговор. Според она што се гледа на безбедносните камери, силна експлозија се случила на местото, на 6 јули годинава, околу 4 часот наутро по локално време. Снимката покажува дека долниот дел од структурата се тресе, а парчиња од споменикот се разнесуваат на растојание од неколку метри во околното поле. Подоцна, на друга снимка од безбедносна камера, се гледа сив автомобил, „Седан“ го напушта местото (кое е инаку рурално), откако плочата целосно е срушена и се крева облак од прашина.

До моментот на пишувањето на оваа рецензија, не е познато кој стои зад експлозијата. Споделената фотографија не е доказ за идентитетот на сторителот. Таа е изменета графички и не е веродостојна. На оригиналната фотографија воопшто нема пасош. Никој не оставил пасош на местото на злосторството за да создаде трага. Освен тоа, Мухамед Ата не може да биде виновен за инцидентот. Тој беше еден од лицата одговорни за нападите од 11 септември 2001 година, кога и загина. Кон фотографијата во постот што го рецензираме, приложена е и неговата американска виза издадена во 2000 година. Ориналната фотографија која е видоизменета, може да се погледне овде и истата е објавена од Бирото за истраги на Џорџија.

 

Џорџија Гајдстоунс беше споменик кој често беше предмет на десничарски теории на заговор поради мистериозниот начин на неговото настанување како и некои од испишаните пораки на него и нивната интерпретација. Местото повеќе пати беше вандализирано, на него испишувани беа разни натписи, како на пример „нов светски поредок“ што претставува стара, непоткрепена теорија на заговор дека на повидок е тоталитарна светска влада. Тоа ги натера локалните власти во Џорџија да постават безбедносни камери. Структурата стана популарна изминативе месеци откако стана мета на републиканскиот кандидат за гувернер на Џорџија, Кандис Тејлор, кој вети дека ако победи, ќе го уништи споменикот.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека во постот што го рецензираме, содржината, односно фотографијата е изменета и фотошопирана (altered content). Не е познат идентитетот на лицето или лицата кои стојат зад експлозијата на споменикот Џорџија Гајдстоунс.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција