Спортската сала во Арачиново е изградена со задоцнување

Проектот, кој што е и предизборно ветување на ДУИ, беше започнат да се реализира (гради) во 2011 година, а завршен е со задоцнување, во 2016 година

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Спортската сала во Арачиново е проект кој што е започнат уште во 2011 г., и како краен рок за завршување на работите беше одредена 2013 година. Сепак, неколку години работите останаа во првобитната фаза. За задоцнувањето на работите, поранешниот министер за образование, Абдулаќим Адеми се оправда дека нема доволно средства за овој проект, и дека работите ќе продолжат во 2015 година.

„Заради финансиски причини прекинати се работите не само во салата во Арачиново, туку и во неколку други сали. Јас се договорив со компанијата која што ги извршува работите, веднаш да почнат со работа во салата во село Липково, каде што се започнати работите“. (Извор: Aлсат-М, 08.12.2014)

Сепак, проектот не успеаја да го завршат ниту во 2015 година.

По големо доцнење, конечно на 24.06.2016 беше инаугурирана спортската сала во ова училиште. На манифестацијата беше присатен и генералниот секретар на Демократската унија за интеграција, Абдулаќим Адеми, поранешниот заменик-премиер на Македонија, Муса Џафери, и претставници на општина Арачиново на чело со градоначалникот Брахим Ајвази. Градоначалникот Ајвази истакнал дека ова сала е капитален проект, кој што ќе биде од полза за жителите на селото, особено за младите, за развивање на нивните спортски вештини.

„Оваа сала ќе може да ја користат љубителите на спортот, кои што сакаат да постигнат нешто повеќе во спортските и забавните активности“. (Извори: Факте.нет, 24.06.2016)

Проектот за изградба на спортската сала во О.У. „Ѓерѓ Кастриот – Скендербег“ во Арачиново, беше започнат пред многу години. Според методологијата на „Вистиномер“, можеме да заклучиме дека овој проект заклучно со 2016 г. е реализиран, но со задоцнување.

ИЗВОРИ:

Оцени: Рабије Абази

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција