Спортскиот центар „Ново Лисиче“ доби модерна фитнес сала, но не и ветената сала за бокс

Новата опрема содржи 14 справи за кардио и фитнес вежби, ленти за трчање, степери, статични велосипеди, орбитрек... Фото: веб-страница на Општина Аеродром

Проект: Реконструкција на втор дел од спортскиот центар во Ново Лисиче

 Опис на проектот: Реконструкцијата опфаќа реконструкција на сала за фитнес и сала за бокс. (Средства: 35.000.000 денари Извор на финансирање: Буџет на Општината  Рок: декември 2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски за локалните избори во 2013 година вети модерни сали за фитнес и за бокс во рамките на  спортскиот центар „Ново Лисиче“. Во декември 2016 година овој спортски центар  доби модерна фитнес сала,  но не е направена сала за бокс. Така што, ова  е  делумно исполнето ветување дадено во неговата Изборна програма (2013-2017), Нови дела за нов напредок, нови дела за подобар Аеродром!  (Урбанизам и животна средина стр. 37).

На 09.12.2016 година  медиумите информираа дека во спортскиот центар „Ново Лисиче“  е пристигната нова фитнес опрема, која ќе внесе нови содржини во Фитнес центарот и ќе овозможи значително да се подобрат условите за спортување во овој спортско-рекреативен објект. Како што беше тогаш соопштено, новата опрема содржи 14 справи за кардио и фитнес вежби, меѓу кои ленти за трчање, степери, статични велосипеди, орбитрек, кросовер машини, справи за истегнување и клупи за вежбање на стомачните мускули. Ваква информација  има и на веб-страницата на Општина Аеродром.

Во врска со реализацијата овој проект, „Вистиномер“ се обарти во Општина Аеродром, од каде што одговорија дека во спортскиот центар „Ново Лисиче“ е направена современа фитнес сала, додека пак, за салата за бокс  рекоа дека „ќе биде направена во наредниот период“, без да прецизираат кога.  Со оглед на тоа дека мандатот на Коневски истекува за еден месец (мај 2017), ова негово изборно ветување го оценуваме како „делумно исполнето“.

Инаку, споменатиот спортски центар „Ново Лисиче“ беше пуштен во употреба пред речиси пет години (јули 2012 во претходниот мандат на Коневски), на површина од  околу 1.000 квадратни метри на две нивоа, со вклучена повеќенаменска спортска сала за кошарка, мал фудбал и одбојка, сала  за пинг-понг, како и со отворено фудбалско игралиште со капацитет за околу 1.000 гледачи.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција