Срамот од елката на Арсовска „блесна“ до Загреб

Фото: Принтскрин видео

Дали навистина Скопје заблеска во новогодишна магија, како што вети градоначалничката Арсовска? И дали таа магија може да се види – почувствува во градот, особено на Градскиот плоштад околу тажната, накривена елка? За тоа каква е новогодишната атмосфера најдобро говорат реакциите на скопјани и коментарите на социјалните мрежи дека Скопје никогаш не било полошо украсено. Но, не само кај нас, елката го привлече вниманието и на медиумите во регионот, некои со потсмев пишуваат дека е олицетворение на очај и невкус. Па, иако формално гледано градот е украсен, ветениот новогодишен сјај никаде го нема

Дали навистина Скопје заблеска во новогодишна магија, како што вети градоначалничката Арсовска? И дали таа магија може да се види – почувствува во градот, особено на Градскиот плоштад околу тажната, накривена елка? За тоа каква е новогодишната атмосфера најдобро говорат реакциите на скопјани и коментарите на социјалните мрежи дека Скопје никогаш не било полошо украсено. Но, не само кај нас, елката го привлече вниманието и на медиумите во регионот, некои со потсмев пишуваат дека е олицетворение на очај и невкус. Па, иако формално гледано градот е украсен, ветениот новогодишен сјај никаде го нема

 

 

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска неодамна (11.12.2023) преку објава на Фејсбук на своите сограѓани им порача:

Украсувањето е започнато, а како и секоја година, главниот град ќе блесне со Новогодишна магија на 15-ти декември.

[Извор: Фејсбук објава на градоначалничката Данела Арсовска, Тајм.мк – соопштение на Град Скопје; датум: 11.12.2023]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Оваа порака на скопската градоначалничка Данела Арсовска, всушност уследи по написите во медиумите дека Скопје изгледа тмурно и тажно на две недели пред Нова година. Во реакцијата Арсовска уште вели дека „не ја разбира потребата, веројатно во недостаток на останати аргументи и оваа година во истиот период како на тајмер, партиските војници да констатираат дека „Скопје е тажно“ и дека „Скопје нема да се накити“ за време на новогодишните празници“.

Секоја година истите луѓе се демантирани. Не од нас, туку од граѓаните кои се фотографираат со Новогодишните украси во градот. За загрижените да информираме дека Градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку сомнителни набавки.

Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра, напиша на 11 декември  градоначалничката на Скопје на нејзиниот официјален профил на Фејсбук.

Соопштение со иста содржина испрати до медиумите и градската администрација на Скопје.

Но, дали навистина Скопје заблеска во новогодишна магија, како што вети Арсовска? И дали таа магија може да се види – почувствува во градот, особено на Градскиот плоштад околу тажната, накривена елка?

За тоа каква е новогодишната атмосфера најдобро говорат реакциите на скопјани и објавите на социјалните мрежи, кои деновиве пламнаа од коментари дека Скопје никогаш не било вака очајно и полошо украсено. 

Знаете како викаат: каква ти е душата и домот, таква ти е и новогодишната елка. Кметице, ова е одраз на вашата душа и вашиот дом, Град Скопје. Срамота

Голем број на туристи од цел свет почнаа да пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка. Во хотелите се бара кревет повеќе

Македонија во една слика

 

 

Кривата елка во Скопје 

Странските туристи почнале масовно да ги откажуваат новогодишните и божиќните аранжмани во Охрид и да ги презакажуваат хотелските резервации за Скопје, затоа што разбрале дека најпознатата светска туристичка атракција во овој момент се наоѓа на скопскиот плоштад – кривата елка

Ова се само дел од коментарите за новогодишната елка на социјалната мрежа „X“ (поранешен Твитер).

 

 

 

 

 

 

Ама не само кај нас, елката во Скопје го привлече вниманието и на медиумите во регионот, некои со потсмев пишуваат дека е олицетворение на очај и невкус.

Веста за „најтажната“ новогодишна елка стаса во Загреб. Хрватскиот „Јутарњи.хр“ во насловот на својот напис прашува: Зошто новогодишната елка во Скопје стана предмет на потсмев? (Zašto je božićno drvce u Skoplju postalo predmet sprdnje?). Медиумот пишува за тоа дека во овој период од годината, кога сите градови се натпреваруваат кој ќе има поубави и пораскошно украсени улици и плоштади, елката во Скопје стана вистински хит на социјалните мрежи и предизвика лавина коментари.

Деновиве и повеќе српски медиуми пишуваа за скопската новогодишна елка.

Српскиот портал Б92, во текст со наслов: Туристи од целиот свет се потсмеваат на новогодишната елка во Скопје: „Ужасна, грда за гледање“  (Turisti iz celog sveta ismevaju novogodišnju jelku u Skoplju: “Užasna, ružna na pogled” FOTO), пренесува реакции на социјалните мрежи и пишува дека елката за кратко време станала предмет на потсмев на социјалните мрежи.

И порталот „Ало.рс“ во напис насловен:ВАКВА НЕМА НИ НА АЛИ ЕКСПРЕС“ Целиот регион зборува за новогодишната елка во Скопје  (OVAKVE NEMA NI NA ALI EKSPRESU” Ceo region priča o novogodišnjoj jelci u Skoplju FOTO), пишува дека елката станала хит на социјалните мрежи.

Додека европските градови се натпреваруваат да имаат најубаво украсени плоштади, новогодишната елка во Скопје стана предмет на потсмев на социјалните мрежи, пишува Ало.рс

Текстови со слични вакви наслови и содржина има и на порталите Еспресо и Телеграф, и на форумот Крстарица.

Порталот Нова.рс ја опиша елката во Скопје како „несреќна“ и препорача:

Кога мислите дека сте во лоша ситуација, помислете на несреќната елка во центарот на Скопје, (Kad pomislite da ste u lošem stanju, setite se nesrećne novogodišnje jelke u centru Skoplja).

Па имајќи ги предвид сите коментари и реакции, ова ветување на Арсовска дека „главниот град ќе блесне со новогодишна магија“, го оценуваме како недоследно. Формално гледано градот е украсен, но ветениот новогодишен сјај никаде го нема.

 

ИЗВОРИ:

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција