Студенти од Харвард го напуштија предавањето на израелскиот конзул, но во 2019 година

Фото: Принтскрин видео

Оваа случка навистина се случила, меѓутоа не сега – ноември 2023 година и не како знак на солидарност со повеќе од 4 илјади брутално убиени деца, како што тврди објавата на Фејсбук, туку во 2019 година. Видеоматеријалот е објавен од страна на медиумот Middle East Eye, на 14 ноември 2019 година. Така што, настанот прикажан на видеото воопшто не е поврзан со актуелните демонстрации на Универзитетот Харвард

Оваа случка навистина се случила, меѓутоа не сега – ноември 2023 година и не како знак на солидарност со повеќе од 4 илјади брутално убиени деца, како што тврди објавата на Фејсбук, туку во 2019 година. Видеоматеријалот е објавен од страна на медиумот Middle East Eye, на 14 ноември 2019 година. Така што, настанот прикажан на видеото воопшто не е поврзан со актуелните демонстрации на Универзитетот Харвард

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал на кој се гледа како група на студенти од Универзитетот Харвард ја напуштаат салата, односно амфитеатарот додека говорникот го најавува своето излагање. Во описот на објавата пишува:

Израелскиот конзул во Њујорк бојкотиран на Харвард. Израелскиот генерален конзул од Њујорк (член на тимот на амбасадорот), во САД пристигнал на познатиот универзитет Харвард за да одржи предавање пред студентите за „праведната борба на Израел“ и затоа неутралниот став кон конфликтот е “антисемитизам“, а камоли осуда за Израел за воените злосторства во Палестина.

Веднаш по почетокот на говорот, учениците целосно станаа и ја напуштија салата во знак на сочувство за повеќе од 4 илјади палестински деца брутално убиени за помалку од еден месец.

Вистиномер го пронајде оригиналното видео од оваа случка која навистина се случила, меѓутоа не во 2023 година и не како знак на солидарност со повеќе од 4 илјади брутално убиени деца, туку во 2019 година. Видеоматеријалот е објавен од страна на медиумот Middle East Eye, на 14 ноември 2019 година. Во описот на тогаш објавениот клип се вели дека Дени Дајан, генерален конзул на Израел во Њујорк зборувал на тема „Правната стратегија за израелските населби“, кога десетици студенти по право од Харвард, држејќи пароли „населбите се воени злосторства“ го напуштиле амфитеатарот и потоа Дајан предавањето го одржал пред значително помала публика.

Ова старо видео – од 2019 година, почна да се споделува на социјалните мрежи во текот на актуелните воени дејствија во Газа. Самата Фејсбук објава заедно со видеото со постар датум се споделува во контекст кога на Универзитетот Харвард се случуваат поделби меѓу студентите и кога таму има протестни активности (ноември оваа година).

Претходно, уште во октомври 2023 година, група студенти од Харвард на кампусот потпишаа писмо (групна изјава), во кое наведоа дека Израел е единствениот одговорен за нападите од Хамас. Потоа овие студенти беа жестоко напаѓани, а пред кампусот на Харвард се појави камион со билборд на кој беа истакнати имињата и фотографиите на студентите кои се потпишале на групната изјава. На билбордот тие беа обележани како „главните антисемитисти од Харвард“. Милијардерот Бил Акман побара Харвард да ги објави имињата на овие студенти за да не бидат вработени во иднина.

Самиот универзитет извести за зајакнати полициски мерки на кампусот, како и ресурси достапни на студентите, доколку почувствуваат дека нивната физичка безбедност е загрозена, поради настанатата ситуација која предизвикала поларизација и на универзитетот и надвор од него.

На 17 ноември годинава, група студенти ја окупираа студентската сала на Харвард, а надвор се собра група демонстранти од околу 100 лица. Групата „Евреи од Харвард за Палестина“ ја запоседна универзитетската хала барајќи крај на воените дејствија меѓу Израел и Хамас. Деветмина студенти цела ноќ останаа на универзитетот, и покрај тоа што деканот им понуди да го прекинат протестот и да не завршат на дисциплинска комисија. Студентите имаа три услови за да го завршат протестот, меѓу кои пишан одговор на нивните барања и гаранција дека нема да бидат дадени на дисциплинска постапка пред административниот борд. Барањата на групата се администрацијата на Харвард да упати повик за прекин на огнот, да има поголема административна поддршка за пропалестинските студентски организатори, како и да се формира истражувачки комитет за исламофобија, антипалестински расизам и против потиснувањето на пропалестинскиот говор, како и универзитетот да напише изјава со која потврдува дека антиционизмот и антисемитизмот не е исто. Барањата не им беа прифатени. Студентите останаа во подрумот на универзитетската хала.

Протестот заврши после 24 часа. Тој доби критики од портпаролот на израелската влада Елион Леви, кој ги нарече протестирачите „апологети за Хамас“.

Виолет Берон, една од организаторките на протестот на Харвард изјави:

Останавме зашто нашите барања се поважни од заканите од Универзитетот. Останавме зашто сакаме да ѝ кажеме на администрацијата дека нема да бидеме тивки додека тие продолжуваат да соучествуваат во убивање и геноцид.

 

 



 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција