Browsing Tag

проверка на факти

Германската амбасадорка не го посочи народот како главен виновник за корупцијата

Холштајн на прес-конференција по предавањето на донирана опрема за МВР зборуваше за корупцијата и потенцираше дека сите треба да научат како се води борбата против корупцијата, вклучително и граѓаните. Никаде во нејзината изјава таа не вели…

Не е точно дека претставници на Европскиот парламент го газат знамето на Донецката Народна Република

Оваа информација e објавена на 8 декември годинава, на Јаху Њуз. Луѓето кои го газат знамето воопшто не се претставници на Европскиот парламент, а видеото е снимено месеци по почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, така што ова…

Не е точно дека вакцината против ковид за бебиња подразбира нивно жртвување

Во текстот на Дејли Мејл, за којшто во постот нема линк за да се пристапи, се вели дека Обединетото Кралство ги одобрило вакцините против ковид за бебиња и дека медицински професионалци утврдиле дека помала доза од вакцината на Фајзер е…

Тест кој може да детектира и ковид и грип, не значи дека двата вируса се исти

Станува збор за комбиниран тест, кој детектира и ковид-19 и грип, а тоа не ги прави двата вируса исти, ниту пак покажува дека имаат ист причинител. Тоа патем го пишува и во самото упатство за тестирање. Не е точно дека сега е сменета само…

Невистинити се тврдењата дека човекот никогаш не стапнал на Месечината

И покрај огромниот број физички докази, вклучително и 382 килограми камења собрани од Месечината во текот на шест мисии, сепак сè уште има луѓе кои веруваат дека мисиите на Месечината никогаш не се оствариле туку дека станува збор за голема…

Лажна наградна игра: ИКЕА нема да ви даде гарнитура ако напишете во кој месец сте родени

Брендот ИКЕА во случајов е злоупотребен со цел промоција на лажна фан страница на Фејсбук, преку техника со која се сака да се промовира оваа страница односно да се дојде до поголема видливост и повеќе допаѓања. Оваа техника се користи од…

Со лажно рекламирање, чај се претставува како „сертифициран лек против паразити”

Чајот го нема во регистарот за лекови и медицински средства на МАЛМЕД, односно не е регистриран. Дополнително, според дефиницијата за тоа што е лек, чаевите не влегуваат во оваа категорија дури и кога би имале такви супериорни…

Не е вистина дека Џорџ Сорос починал

Невистинитото тврдење се сподели на социјалната мрежа Фејсбук и стана многу вирално со голем број на споделувања, реакции и коментари. Ова не е прв пат да се шират гласини дека милијардерот починал. Дезинформацијата, која се шири низ целиот…

Со изоставени информации, се проблематизира ефикасноста на вакцината против ковид

Во текстот на Вашингтон пост, навистина се информира дека коронавирусот не е повеќе пандемија само на невакцинираните, но тоа не значи дека вакцината е виновна за смртноста. Според Вашингтон пост, „да се биде невакциниран сè уште е најголем…

Филмот „Умреа ненадејно“ не докажува дека вакцините против ковид предизвикуваат ненадејна смрт

Дали филмот „Умреа ненадејно“ покажува и докажува дека вакцините за ковид-19 предизвикуваат ненадејна смрт? Одговорот е НЕ. Филмот рециклира претходно разоткриени тврдења дека вакцината е смртоносна или опасна за просечниот човек што ја…

Со кликбејт наслов и манипулативна фотографија за пожар во Крушево читателите се доведуваат во…

Објавата на Фејсбук е придружена од фотографија од речиси комплетно изгорен автобус. Но, кога ќе се отвори текстот, веднаш може да се заклучи дека не станува за „ударна“ или „страшна“ вест до тој степен каква што е намерата на авторите.…

Неточно е тврдењето дека вакцините против ковид-19 се генетски модифицирани

Центарот за контрола и превенција на болести на САД, официјално потврдува дека вакцината против ковид-19 не влегува во интеракција со нашата ДНК на било каков начин. И УНИЦЕФ исто така потврди дека вакцините против ковид-19 не можат да ја…

Анонимен мејл погрешно се интерпретира дека вакцините се штетни за фетусот

Стручниот колегиум на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Скопје (ГАК), Комитетот за безбедно мајчинство на РСМ и Здружението на перинатолози на РСМ издаде препораки во врска со вакцинацијата против ковид-19 за време на…

Нема докази дека невакцинираните деца се поздрави од вакцинираните

Студијата од 2020 година во која се тврди дека вакцините ја зголемуваат стапката на ушна инфекција, астма и проблеми со дишењето е повлечена, бидејќи анализата во студијата се базирала на невалидни мерења од страна на авторите, кои не…

Не е вистина дека Мел Гибсон изјавил оти „Холивуд е болен, а властите јадат месо од бебиња и пијат…

Портпаролот на Мел Гибсон, пренесе Ројтерс, изјавил дека изнесените тврдења се 100 проценти лажни. Порталот за проверка на факти Раскринкавање наведува дека првпат оваа лажна изјава со наводното шокирање на светот и за наводниот развратен…

Меѓународна конференција за дезинформациите околу војната во Украина: Првата одговорност на…

Војната во Украина, руските агресорски дејствија, пропагандата и дезинформациите што се шират од руските центри на влијание во онлајн просторот и во некои медиуми, практиката на спротивставувањето на ваквите дезинформации и полувистини,…

Момчето што е приведено, не значи и дека е виновно за лажните закани за бомби во скопските училишта

Во полициското соопштение јасно стои дека лицето е приведено „поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби“. Никаде, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, не се вели дека токму тоа лице е „момчето што…

Човекот фотографиран во здолниште и со потпетици не е поврзан со Брисел

На фотографијата е Марк Брајан, 61-годишен дедо на четири внуци, среќно оженет во изминатите 11 години. Во 2010 година тој се преселил од Тексас во гратче во Германија, каде сега работи на полето на роботскиот инженеринг и е тренер на…