Тефал не доделува тави за готвење за 123 денари

Делува сомнително и тоа што лажната наградна игра е споделена од  Фејсбук страница која има само два поста и двата се за наводна наградна игра за Тефал тави. Исто така, не постои ниедна официјална информација или соопштение дека Тефал ги раскинале договорите со сите продавници во ЕУ. Да се случело такво нешто, досега сигурно ќе беше некаде објавено

Делува сомнително и тоа што лажната наградна игра е споделена од  Фејсбук страница која има само два поста и двата се за наводна наградна игра за Тефал тави. Исто така, не постои ниедна официјална информација или соопштение дека Тефал ги раскинале договорите со сите продавници во ЕУ. Да се случело такво нешто, досега сигурно ќе беше некаде објавено

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се споделува лажна промоција за продажба на тефал тави за готвење.

Во склоп на објавата се вели:

Неверојатна понуда! Купете Тефал Инженио тави за символична цена од 123 МКД и добијте бесплатна испорака до било која точка во Македонија!

Потоа се споделува фотографија од повеќе пакети со сетовите тави и на фотографијата компјутерски е намонтирана лажната цена на промоција – односно дека тие чинат само 123 денари.

Под објавата има копче „нарачај сега“ и кога ќе се пристапи на него, сајтот води кон друга страница каде испишана е лажна порака со следната содржина:

Набавете го Тефал за само 123 МКД. Тефал ги раскина договорите со половина од земјите од ЕУ на 21 јануари 2023 година. Причината за оваа одлука беше намалувањето на побарувачката за производи на Тефал, тефалхас одлучи да ги раскине договорите со поголемиот дел од продавниците лоцирани на територијата на Европската Унија. Тефал решија да го подарат преостанатиот производ на Тефал, Тефал Ингенио. Бројот на награди не е објавен но нема да надмине 200. Денес е 9 мај 2023, вие сте избрани по случаен избор да учествувате во оваа лотарија. Ќе помине минута и ќе добиете Тефал Ингенио! За да влезете ве молиме пополнете кратка анкета која ќе ни помогне да откриеме дали се квалификувате за победникот и исто така ќе ни помогне да ја подобриме нашата услуга за клиенти. Имате само 5 минути да го завршите овој квиз! Побрзајте бројот на награди е ограничен!

Потоа се појавуваат пет прашања: Дали живеете во Македонија? Дали имате над 18 години? Дали ви се допаѓа квалитетот на Тефал? Дали сте задоволни од цената на производите на Тефал? Дали би го препорачале Тефал на пријателите?

Oткако измамените граѓани ќе ги одговорат прашањата се појавува поле: „чекај твоите одговори се проверуваат“, после што се појавуваат честитки дека сте „добитник на Тефал Ингенио“.

Ти победи! Освоивте Тефал Ингенио! Кликнете на ОК подолу за да отидете на страната со нашите спонзори! Внесете ја вашата адреса и платете 123 МКД за испорака за да добиете Тефал Ингенио. Ќе биде испорачан за 5 до 7 дена лажно се тврди во наградната игра изработена на повеќе нивоа, koja вклучuva и наводен квиз.

Потоа се бараат име, презиме, адреса, град, телефонски број и мејл адреса, а кога тие ќе бидат внесени, следуваат и нови полиња при што се бара од „добитникот“ да ги внесе и податоците од кредитната картичка, односно банкарските податоци за наводното плаќање од 123 денари.

Но, ова е лажна наградна игра. Најпрво паѓа в очи дека во постот има словна грешка (символична), нешто на коешто реномираните компании, зад кои стојат тимови на маркетинг менаџери и менаџери за управување со социјални мрежи, многу внимаваат.

Делува сомнително и тоа што лажната наградна игра е споделена од страница со наслов „Понуда на денот“, која има само два поста и двата се за наводна наградна игра за Тефал тави.

Исто така, не постои ниедна официјална информација или соопштение дека Тефал ги раскинале договорите со сите продавници во ЕУ. Да се случело такво нешто, досега сигурно ќе беше објавено.

На официјалната страница на Тефал уште во 2019 година предупредиле дека има измамнички сајтови кои на интернет ги злоупотребуваат нивниот бренд и производи.

Забележавме дека лажен веб-сајт постира промоции на Тефал производи. Овој сајт се презентира како официјален, ја користи нашата графика, логоа и производи. Овој сајт на ниеден начин не е поврзан со нашиот бренд и ви препорачуваме да бидете внимателни и да не нарачувате од него. Правиме се што можеме да го сопреме ова, пишува во објавата.

Поради сите горенаведени факти постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Во конкретниот пост се работи за измама, при што е злоупотребен брендот на Тефал со цел да се прибават лични и банкарски податоци на корисниците на Фејсбук, со лажно ветување за награда.

Корисниците на социјалните мрежи треба особено да бидат внимателни и никогаш да не оставаат свои банкарски податоци во наводна наградна игра, бидејќи се доведуваат во опасност истите да бидат злоупотребени за финансиски малверзации.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција