Техномаркет не доделува 5 илјади долари ако напишете бројка во коментар

Веродостојната фан-страница на „Техномаркет“ има 177 илјади следбеници и изгледа многу поинаку од лажната,  професионално е менаџирана, има податоци за производите, контакти,  промоции, флаери за електрониката и нејзините цени… На оваа страница има голем број попусти на производите во „Техномаркет“, ама нема наградна игри како онаа што се промовира на лажната Фејсбук страница. Кога ќе се погледнат рецензиите на лажната Фејсбук страницата, евидентно е дека неколкумина од членовите веќе сфатиле дека станува збор за измама, па ги предупредуваат за тоа останатите корисници на социјалната мрежа

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Денес, тимот на ТехноМаркет нуди ваучери во вредност од 5000 долари на првите 250 луѓе кои знаат друг број освен [702]!
Во склоп на постот објавена е фотографија со повеќе бројки, при што се ветува  дека првите 250 луѓе што ќе забележат друг број на таа фотографија освен бројот 702, ќе добијат ваучер од 5 илјади долари. Ова се споделува од Фејсбук страница со име TehnoMarket FANS. Во коментарите под објавата се додава да „не заборавате да коментирате и да ја споделите оваа објава на други групи и профили за поголеми шанси за победа“.
Кога ќе се погледнат коментарите под објавата, евидентно е дека огромен број на граѓани поверувале дека ќе учествуваат во некаква наградна игра на „Техномаркет“. Меѓутоа, станува збор за лажна наградна игра во којашто името и логото на овој бренд се злоупотребени за лажна промоција со цел страницата којашто ја споделува  да добие што поголем број на следбеници и подоцна да може да биде преименувана и продадена.
Речиси 180 коментари се оставени под објавата каде граѓаните наведуваат други бројки што ги гледаат на фотографијата освен бројот 702. Страницата веќе има 9.9 илјади следбеници и покрај тоа што единствената содржина на неа е лажната наградна игра. Нема други постови, освен фотографии од логото на „Техномаркет“, со цел да се измамат граѓаните, да поверуваат дека станува збор за веродостојна страница поврзана со брендот.

Кога ќе се погледнат рецензиите на Фејсбук страницата, евидентно е дека неколкумина од членовите веќе сфатиле дека станува збор за измама, па ги предупредуваат за тоа останатите корисници на социјалната мрежа
Веродостојната фан-страница на „Техномаркет“ има 177 илјади следбеници и изгледа многу поинаку од лажната, односно професионално е менаџирана, има секакви податоци, контакти, голем број на промоции, флаери за електрониката и нејзините цени и перформанси, огласи за вработување на различни локации итн. На оваа страница има голем број попусти на производите во „Техноmаркет“, ама нема наградна игри како онаа што се промовира на лажната Фејсбук страница.
Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Не е точно дека „Техномаркет“ доделува ваучери од 5 илјади долари за 250 Фејсбук корисници кои ќе напишат една бројка во коментар.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција