Плажите во Стење и во Сливница добија нов лик

Фото: Принтскрин

Проект Партерно уредување на плажите на езерото во селото Стење.

Опис: Овој проект предвидува изградба на пешачка патека по должината на плажата во селото Стење, поставување на клупи и корпи за отпадоци, како и нивно хортикултурно уредување. Средства: 2.000.000,00 денари (Извори на финансирање: Буџет на општината Рок за реализација: 2013-2014.)

  

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Плажите на Преспанското Езеро во Стење и во Сливница се партерно уредени и имаат нов лик. Ова е исполнето ветување на градоначалникот на Ресен , Ѓоко Стрезовски дадено за локалните избори во 2013 година,  во изборната програма  „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Ресен“. Сепак, споменатиот проект е реализиран со задоцнување од една година во однос на крајниот рок – декември 2014 година,  наведен во изборната програма ( во делот Комунални работи и инфраструктура стр.37).

Во март 2015 година медиумите информираа дека започнаа градежните работи на уредување на 500 метри плажа во населба Стење и 100 метри плажа во населба Сливница, на Преспанското Езеро.

Уредувањето на плажата подразбира изградба на шанкови, дрвена платформа, игралишта за одбојка фудбал и бадмингтон, туш кабини, пешацка патека и други содржини кои ќе ја збогатат туристичката понуда на ова место. Инвестицијата е вредна 77 милиони денари.Исто така, во соработка со општината и патот кој води до самата плажа ќе биде саниран.

 На 06.06.2015  министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, при посетата на Стење најави дека новата плажа во Стење во должина 500 метри ќе биде завршена за еден месец  (јули 2015 година).

Градежните активности се во полн ек, а моментно се поставуваат платформите во езерото. Поставена е конструкцијата за двата шанка, а се врши и попесочување. Покрај оваа  плажа, веќе се испроектирани уште 1.400 метри  плажи на Преспанското Езеро. (Мисајловски)

Во февруари 2016 година од Министерството за транспорт и врски информираа дека „Преспа доби две модерни плажи уредени по најсовремени стандарди, плажата во Стење и плажата во Сливница, со вкупна инвестиција 77 милиони денари“.

Информација за новиот модерен изглед на двете плажи на Преспанското Езеро заедно  со фотографии и видео материјали објавија и повеќе медиуми.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција