Успешна кампања против дезинформации на Гугл во Германија

Photo by Pawel Czerwinski on Unsplash

Според истражувањето на Јутјуб, оние кои ги виделе видеата биле во просек 5,4 проценти подобри во препознавањето на техниките на манипулација од групата која не ги видела видеата

 

Гугл во текот на летото едуцираше голем дел од населението во Германија со видео кампања за борба против дезинформациите и обидите за манипулација на интернетот, пренесува германската агенција ДПА.

Според одделот Jigsaw на Гугл, 21,9 милиони корисници на Јутјуб ги гледале трите едукативни видеа, што се совпаѓа со 58 отсто од популацијата на возраст од 18 до 54 години во Германија.

Видеата беа достапни и на Фејсбук и Инстаграм од ривалската мрежа Мета, каде достигнале 20,6 милиони луѓе во истата возрасна група или 54 отсто од нив.

Едно од видеата ја покажа техниката на манипулација при заплашување: во овој случај, во наслови се користени бурни зборови како „драматично“ или „екстремно“ за да предизвикаат емоционални реакции.

Второто видео покажува како текстовите или сликите се намерно прикажани во различен контекст или нецелосно, нешто што е познато како „деконтекстуализација“.

Третото видео објаснува тактики за пренасочување, како што е ненадејната промена на темата или прашањето „Но, што е со…?“

Главната цел на кампањата е да им се овозможи на поголем дел од населението во Германија да ги препознаат техниките на манипулација на социјалните мрежи.

Според истражувањето на Јутјуб, оние кои ги виделе видеата биле во просек 5,4 проценти подобри во препознавањето на техниките на манипулација од групата која не ги видела видеата.

Бет Голдберг, шеф на истражување во Jigsaw, вели дека иако ова не голем чекор, сепак е значаен.

„Ова е всушност многу според стандардите на општествените науки, затоа што ако размислите, некого сме научиле нешто за време на едноминутната реклама во време кога луѓето често се расеани и невнимателни“, коментира таа за резултатите.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција