Видео од пожар во Манила, претставено како пожар во Националната библиотека на Франција

Фото: Принтскрин видео

Постот шири невистини дека се случил голем пожар во Националната библиотека во Франција. Видеото што се споделува како поткрепа на ваквото тврдење, е од пожарот во поштата на Манила којшто се случи во мај оваа година. Портпаролот на Канцеларијата за јавни информации во Манила, за АП, потврдил дека видеото  покажува како Централната пошта гори во мај. Елоди Винсент, портпарол на Националната библиотека на Франција, исто така потврдила дека париската библиотека  не била зафатена за време на немирите

Постот шири невистини дека се случил голем пожар во Националната библиотека во Франција. Видеото што се споделува како поткрепа на ваквото тврдење, е од пожарот во поштата на Манила којшто се случи во мај оваа година. Портпаролот на Канцеларијата за јавни информации во Манила, за АП потврдил дека видеото  покажува како Централната пошта гори во мај. Елоди Винсент, портпарол на Националната библиотека на Франција, исто така потврдила дека париската библиотека  не била зафатена за време на немирите

 

 

Во постот е прикажано видео на кое се гледа зграда во пламен, а во описот се тврди дека станува збор за Националната библиотека во Франција. Ова не е точно, видеото е од пожар во Манила.

Националната библиотека у Франција и мулти културна Европа.

Очигледно не штимаат тие две работи у едно. Национално и мултикултурно. Мултикултурно го изеде националното. Бем ви вашите вредности. Касно е веќе…., пишува во описот на постот.

Вирална објава на Фејсбук споделува видео од пожар на кое што се гледа голема зграда во пламен и се слуша викање на луѓе од околу. Притоа, објавата тврди дека пожарот се случил во Национална библиотека во Франција.

Ова не е точно и претставува манипулација на јавноста. Видеото воопшто не е од сега и не е од Франција. Пожарот не е од Националната библиотека во Франција, како што неточно се тврди во објавата.

Драматичните воздушни снимки покажуваат масивна структура со столбови во римски стил која се наоѓа покрај река и е целосно зафатена од пламен. Снимката всушност го покажува огромниот пожар што на 22 мај ја зафати Централната пошта на Филипини којашто се наоѓа во главниот град Манила.

Медиумските извештаи во тоа време, вклучително и од Асошиетед прес, прикажуваат слични видеоклипови од класично дизајнираната зграда со пламен и темен чад што се излегува од неа.

Портпаролот на Канцеларијата за јавни информации во Манила, за АП, потврдил дека видеото што е широко споделено покажува како Централната пошта гори во мај. Елоди Винсент, портпарол на Националната библиотека на Франција, исто така потврдила дека париската библиотека не била зафатена за време на немирите.

Покрај тоа, надворешноста на француската национална библиотека е многу различна од онаа на петкатната пошта во Манила, која се наоѓа покрај бреговите на реката Пасиг.

Француската национална библиотека е пониска зграда која се наоѓа на неколку блока подалеку од Сена.

Што се однесува до пожарот на Филипините, тогашните официјални лица изјавија дека пожарот започнал во подрумот на градбата стара 100 години и беснеел неколку часа пред да биде ставен под контрола и дека зградата ќе биде обновена.

Според сите наведени факти, заклучуваме дека тврдењето дека се случил голем пожар во Националната библиотека во Франција е неточна. Видеото што се споделува на социјалните мрежи со такво тврдење, е од пожарот во поштата на Манила којшто се случи во мај оваа година.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција