Видео од размена на затвореници претставено како да е предавање на украински војници

Фото: Принтскрин видео

Во постот погрешно се тврди дека видеото кое се споделува прикажува украински војници кои се предаваат на руските сили. Видеоматеријалот е од размена на заробеници меѓу групата Вагнер и украинските вооружени сили во мај годинава во Украина. Размената тогаш беше потврдена од страна на двете држави

Во постот погрешно се тврди дека видеото кое се споделува прикажува украински војници кои се предаваат на руските сили. Видеоматеријалот е од размена на заробеници меѓу групата Вагнер и украинските вооружени сили во мај годинава во Украина. Размената тогаш беше потврдена од страна на двете држави

 

 

На вирална објава на социјалната мрежа Фејсбук споделено е видео за кое се тврди дека прикажува стотици украински војници како ѝ се предаваат на Русија. Ова не е точно, видеото претставува нешто сосема друго.

Стотици украински војници, истакнувајќи бели знамиња на своите тенкови и пешадиски возила, денеска масовно и се предадоа на Русија. Сè почесто како што трупите гледаат со свои очи, безнадежно е да се продолжи со борбата.

Видео од бојното поле го покажува масовното предавање.

Ефтов, Лимунада, Клеко, Ризвановиќ, Тимчо, Златев на апарати, пишува во постот.

На објавеното видео може да се видат најмалку дванаесет тенкови кои стојат на пат, носејќи бели знамиња, додека неколку десетици униформирани лица се движат во две спротивставени групи кон возилата. Овој видеоматеријал се споделува на социјалните мрежи со неточно тврдење.

Имено, според објавата, видеото снимено од дрон, прикажува украински војници кои ѝ се предаваат на Русија. Но, ова е погрешна информација и претставуваа манипулација.

На видеото не гледаме војници кои се предаваат. Не е јасно како е дојдено до овој заклучок, а уште повеќе не е јасно врз база на што е изнесено тврдењето дека украинските војници се тие што се предаваат.

На видеото се гледаат две групи униформирани мажи како се движат во спротивни насоки. Тенковите носат бели знамиња, кои генерално го сигнализираат постоењето на неутрална зона. Овие два елемента се знак дека станува збор за размена на затвореници.

Со пребарување на интернет со клучните зборови „размена на затвореници“ „Украина“ на англиски, може да најдете извештаи од повеќе медиуми со наслови „Украина разменува затвореници со руската паравоена група Вагнер“ , и „Украина и Русија ги разменуваат затворениците во близина на Бахмут“.

Вистината за ова видео е дека тоа прикажува размена на војници помеѓу украинската и руската страна. Русија, предводена од паравоената група Вагнер и Украина на крајот на мај оваа (2023) година извршија размена на затвореници во близина на спорниот град Бахмут. Во размената беа вратени повеќе од 100 украински војници.

Кога се случи размената, повеќе светски медиуми пренесоа видеа (тука и тука), коишто го прикажуваат истото што е прикажано на видеото од објавата што е предмет на оваа рецензија. Иако видеото не е целосно идентично, односно снимено е од друго агол, сè друго е сосема исто. Се препознава сцената, воените возила кои се на исти позиции, истите бели знамиња и луѓе коишто се движат во спротивни правци, а иста е местоположбата на случувањето.

Размената тогаш беше потврдена од страна на двете држави.

Секој од нив е херој на нашата држава. Многу од оние што ги враќаме од заробеништво се сметаа за исчезнати. Роднините на овие луѓе поминаа низ тежок период, рече високиот функционер, Андриј Јермак, шефот на кабинет на украинскиот претседател Волдомир Зеленски.

Татјана Москалкова, рускиот омбудсман за човекови права, потврди дека руската приватна воена единица Вагнер учествувала во размената на борци во четвртокот, но не даде дополнителни детали.

Според сите набројани факти, заклучуваме дека видеото покажува размена на заробеници меѓу групата Вагнер и украинските вооружени сили во мај во Украина, а не „предавање“ на украинските војници на руските сили.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција