Видеото на кое зборува Бајден погрешно се цитира и има погрешен превод

Фото: скриншот од манипулираното видео

Изјавата на Бајден во видео исечокот е и погрешна цитирана и погрешено интерпретирана. Целосниот контекст зад изјавата покажува дека Бајден не направил гаф, туку во говорот се повикува на претходните гафови од поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

Изјавата на Бајден во видео исечокот е и погрешнo цитирана и погрешено интерпретирана. Целосниот контекст зад изјавата покажува дека Бајден не направил гаф, туку во говорот се повикува на претходните гафови од поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп

 

Видео објавено на Фејсбук ги манипулира корисниците на социјалната мрежа да помислат дека претседателот на САД, Џо Бајден направил гаф. Ова не е вистина, се манипулира со преводот и контекстот на неговите зборови.

И така Исус, му рече на Бајден…

Евангелие по Мики Маус, глава девет, стих тринаести.

 

Честите гафови на американскиот претседателот Џо Бајден служат како муниција за неговите критичари да потенцираат дека тој не е компетентен да ја извршува функцијата. Во таа насока е и споделеното видео во кое што наводно Бајден кажал гаф, но всушност не е така, туку се манипулира со неговиот говор во видеото, при што недостасуваа соодветниот контест, а јавноста добива погрешен впечаток.

Како што Бајден зборува на снимката, титлуваниот текст покажува дека тој рекол: „Истиот стабилен Исус рече дека најголемиот проблем што го имавме во револуционерната војна е дека немавме доволно аеродроми“.

Но, изјавата што му се припишува на Бајден е и погрешно цитирана и погрешено интерпретирана. Целосниот контекст зад изјавата покажува дека Бајден не направил гаф, туку во говорот се повикува на претходните гафови од поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Видеото доаѓа од предизборниот говор на Бајден на 29 октомври 2020 година на митинг во Тампа, Флорида. Транскриптите од тој говор откриваат дека тогашниот кандидат Бајден реферирал на претходни изјави на Трамп.

Целата изјава со целиот контекст гласи вака:

Доналд Трамп кога мисли на климатските промени, тој вели дека се измама. Па, погодете што? Зборувајќи за измами, се сеќавате што рече за овие зголемени насилни урагани и зачестеноста? Тој, всушност, рече, можеби треба да активираме нуклеарна бомба над Атлантикот. Патем, тоа е истиот стабилен гениј кој рече дека најголемиот проблем што го имавме во Револуционерната војна е што немавме доволно аеродроми.

Бајден во говорот реферира на изјавa на Трамп што предизвика потсмев кај јавноста.  Во 2019 година, Трамп се појави на насловните страници кога за време на неговиот говор на 4- јули, рече дека американските трупи во Револуционерната војна „ги зазеле аеродромите“ .

Нашата армија го управуваше воздухот, ги удри бедемите, ги зазеде аеродромите, направи се што требаше да направи, а во Форт Мекхенри, под црвениот сјај на ракетата, немаше ништо друго освен победа, рече тој.

Овој коментар наиде на критики и потсмев, бидејќи Револуционерната војна заврши во 1783 година, а авионите беа измислени дури на почетокот на 20 век. Авионите со погон не биле користени во војни се до 1911 година.

Во видеото погрешно е цитиран Бајден дека кажал „стабилен Исус“ (stable Jesus), кога всушност тој вели „стабилен гениј“ (stable genius) како референца на минати забелешки на Трамп за себе. За време на неговото претседателствување, Трамп постојано се нарекуваше себеси „стабилен гениј“. Првиот случај беше во јануари 2018 година, откако книгата на Мајкл Волф, „Оган и бес: внатре во Белата куќа на Трамп“, го покрена прашањето дали тој е ментално неподобен за функцијата.

Оваа објава ја оценуваме како објава со испуштен контекст, бидејќи цитирањето на Бајден, кое е и погрешно, и без дополнителни информации, прави јавноста да добие погрешен впечаток. Видеото и транскриптите од целосниот говор на Бајден покажуваат дека тој ги критикувал коментарите на Трамп во 2019 година, а не дека самиот направил гаф.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција