Видеото со децата во кафез е снимено пред нападот на Хамас врз Израел

Фото: Принтскрин видео

Снимката настана пред последниот бран злосторства и насилства на Блискиот Исток. Спорната снимка не е поврзана со актуелната состојба меѓу Хамас и Израел и не прикажува жртви на војната на Блискиот Исток. Снимката е објавена на Тик Ток неколку дена пред палестинската милитантна група Хамас да го нападне Израел на 7 октомври годинава, за што сведочат фотографии кои ги објави редакцијата за проверка на факти на еврејски јазик, Фејк Репортер. Дека спорната снимка со децата во кафезот нема врска со судирот меѓу Хамас и Израел потврдуваат, меѓу другото и редакциите на Сноупс, Лид Сторис, Ју Ес Еј Тудеј, Мит Детектор и Фактограф

Снимката настана пред последниот бран злосторства и насилства на Блискиот Исток. Спорната снимка не е поврзана со актуелната состојба меѓу Хамас и Израел и не прикажува жртви на војната на Блискиот Исток. Снимката е објавена на Тик Ток неколку дена пред палестинската милитантна група Хамас да го нападне Израел на 7 октомври годинава, за што сведочат фотографии кои ги објави редакцијата за проверка на факти на еврејски јазик, Фејк Репортер. Дека спорната снимка со децата во кафезот нема врска со судирот меѓу Хамас и Израел потврдуваат, меѓу другото и редакциите на Сноупс, Лид Сторис, Ју Ес Еј Тудеј, Мит Детектор и Фактограф

 

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео и се вели:

Безумни луѓе од Македонија кои јавно го поддржувате Хамас, погледнете го ова видео кое борци на Хамас ова утро го објавија на Тик Ток.

Киднапирани израелски деца, затворени во кафез, се изживуваат врз нив и им се смеат. Се спремаат да ги разменат за убијци осудени од Израел.

Напомена: Овие активности на Хамас во изминатите два дена се поддржани од Димитар Апасиев, пратеник од македонското собрание.

На вознемирувачката снимка се гледа дека има деца во кафези. Но, не е точно дека на снимката се прикажани израелски деца заробени од Хамас. Како што пишуваат проверувачи на факти од различни редакции ширум светот, истата снимка се злоупотребува за невистинито да се прикаже дека на неа се израелски деца или палестински деца, зависно од тоа кој ја објавува.

Но, вистината е сосема поинаква.

Снимката настана пред последниот бран злосторства и насилства на Блискиот Исток. Видео содржината се користи за ширење дезинформации. Спорната снимка не е поврзана со актуелната состојба меѓу Хамас и Израел и не прикажува жртви на војната на Блискиот Исток. Снимката е објавена на Тик Ток неколку дена пред палестинската милитантна група Хамас да го нападне Израел на 7 октомври годинава, за што сведочат фотографии кои ги објави редакцијата за проверка на факти на еврејски јазик, Фејк Репортер.

Според објавата на Фејк Репортер, оригиналното видео што било објавено на Тик Ток, било објавено денови пред да се случи нападот од Хамас и не се знае од каде е снимено и од кого. Единствено што се знае и она кое го документирале новинарите е дека станува збор за објава пред нападот.

Имајте на ум дека моментално кружи видеоснимка од деца во кафез и се тврди дека се киднапирани израелски деца. Ова е старо видео објавено пред барем 4 дена, како што може да видите од фотографијата. На интернет не недостасува ужас, а злоставувањето на децата не е прифатливо во било кој миг, но во овој случај е лага. Престанете да го споделувате видеото, објави Фејк Репортер на 8 октомври на социјалната мрежа Икс.

Спорната снимка во меѓувреме беше избришана од Тик Ток, а корисникот кој ја објави, привремено го деактивираше профилот. Меѓутоа, на 8 октомври тој повторно го активираше својот Тик Ток профил и објави видео на арапски јазик во кое објаснува дека децата во кафезите се негови роднини и дека снимката е од пред актуелниот судир меѓу Израел и Хамас.

Здраво, оваа порака е за луѓето кои ме прашуваат за видеото. Овие деца се мои роднини, не се Евреи. Видеото го снимив 3 дена пред нападот, вели момчето на видеото кое е автор на снимката.

Оригиналното видео е објавено на Тик Ток со популарен хаштаг и шеговит аудио запис, на човек кој се смее во позадина, што сугерира дека е објавено како дел од Тик Ток тренд кој нема врска со киднапирања на Блискиот Исток. Дека спорната снимка со децата во кафезот нема врска со судирот меѓу Хамас и Израел потврдуваат, меѓу другото и редакциите на Сноупс, Лид Сторис, Ју Ес Еј Тудеј, Мит Детектор и Фактограф.

Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистинита.

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција