ВМРО-ДПМНЕ: Намалување на придонесот за здравствено
Придонесот за здравствено осигурување ќе се намали од 9,2 проценти на 6 отсто. Според, Преродбата во 100 чекори, (проширена и надградена) ова намалување ќе оди во три чекори и тоа овој процент постепено треба да се намалува во 2009, 2010 заклучно со први јануари 2011.
Образложение:
Според Отчетот на ВМРО-ДПМНЕ стапката на придонесот за здравствено осигурување е намалена од 9,2 отсто на 7,3 проценти, а не на 6 како што беше ветено во изборната програма на оваа партија. Причина за ова, повторно е светската економска криза и во Отчетот партијата ветува дека По завршувањето на светската економска криза, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги намалува стапките на придонесите, за да се намалат трошоците на фирмите и да се подобри нивната конкурентност.
Линкови:
- ВМРО-ДПМНЕ. (април 2011). Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2006-2011 (ПДФ). [Пристапено на 25.05.2011.]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар