ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкција на Здравствен дом Крива Паланка
Предвидена е целосна реконструкција и адаптација на сутеренскиот простор со површина од 500 м2, во кој ќе се сместат ургентен центар, амбуланти, лабораторија, перална и стерилизација, тоалети и гардероби за персонал. Исто така, ќе се изврши замена на подови, тавани, ѕидни облоги, прозори и врати, како и замена на целокупната инсталација. Во рамки на истиот објект ќе се изврши и замена на кровот и кровната конструкција и ќе се изведе комплетно нова термофасада. Буџет: 21.183.600 денари Рок: [2014 година]
Образложение:
Проектот е дел од програмата на Министерство за здравство со која е планирана изградба и реконструкција на повеќе здравствени објекти. Програмата започна во 2010 година и е финансирана со средства од кредитот од Банката за развој на Советот на Европа.
Во март 2014 година директорот на Здравствениот дом Крива Паланка, Радивој Маџовски, информираше дека во оваа (втора) фаза од реконструкцијата се адаптираат просториите на приземјето каде ќе биде сместена итната медицинска помош, се реконструираат дотраените санитарни јазли и бањи кои комплетно ќе бидат опремени. Иато така, тој спомена дека се реконструира покривната конструкција од околу 1.100 метри квадратни, а ќе биде направена и термо-изолациска фасада со површина од 2.200 метри квадратни, како и громобранска инсталација и хоризонтални и вертикални олуци. [Пристапено на: 23.03.2015]
Во мај 2014 година министерот за здравство, Никола Тодоров при посетата на Здравствениот дом „Професор д-р Димитар Арсов“ во Крива Паланка изјави дека интензивно се работи на темелна реконструкција и адаптација на сутеренскиот простор во кој ќе бидат сместени ургентен центар, амбуланти, лабораторија, перална и стерилизација, тоалети и гардороби за персоналот.
Овој простор целосно се реконструира со замена на подови, плафони, ѕидни облоги, прозори, врати, целокупна инсталација запазувајќи ги европските стандарди за енергетска ефикасност. Овој дом 50 години не е реновиран, сега е проект на Министерството за здравство, проект од Банката на Советот на Европа (ЦЕБ) во висина на 21.183.600,00 денари, изјави Тодоров. [Пристапено на: 23.03.2015]
Во јуни 2014 година директорот на Здравствениот дом Крива Паланка, Маџовски изјави дека реконструкцијата на оваа здравствена установа е во завршна фаза, а градежните активности се очекува да завршат до крајот на месецот. [Пристапено на: 23.03.2015]
Во септември 2014 година во Отчетот по повод 100 дена од работењето на Владата прмиерот и министерот за здравство посочија дека е завршена реконстукцијата на Здравствениот дом Крива Паланка. [Пристапено на: 23.03.2015]
.Линкови:
- Извор: Проверено – Изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ (2014 – 2018), (Здравје во секој дом,здравје за секој граѓанин, Страна 252)
- http://www.mojotizbor.mk/images/programi2014/vmro-2014.pdf
- Press24 (29.09.2014). Ветените проекти приоритет за Владата [Пристапено на: 23.03.2015]
- http://press24.mk/vetenite-proekti-prioritet-za-vladata
- Влада на Република Македонија (27.09.2014).Груевски: За 100 дена реализирани 116 и почнати 554 проекти од програмата [Пристапено на: 23.03.2015]
- http://vlada.mk/node/9446
- Економски Lider (27.09.2014). Инвестиции во здравството и земјоделството во изминатите 100 дена од работењето на Владата [Пристапено на: 23.03.2015]
- http://lider.mk/2014/09/27/investicii-vo-zdravstvoto-zemjodelstvoto-vo-izminatite-100-dena-vlada/
- Telegraf.mk (02.05.2014). Целосна реконструкција на Здравствениот дом во Крива Паланка [Пристапено на: 23.03.2015]
- http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/144381-todorov-celosna-rekonstrukcija-na-zdravstveniot-dom-vo-kriva-palanka
- Курир (02.05.2014): По 50 – години темелна реконструкција на Здрваствениот дом во Крива Паланка [Пристапено на: 23.03.2015]
- http://grid.mk/read/news/507541294/7198420/po-50-godini-temelna-rekonstrukcija-na-zdravstveniot-dom-vo-kriva-palanka
- Press24 (19.03.2014) Жителите на Крива Паланка наскоро ќе добијат нов модерен ургентен центар [Пристапено на: 23.03.2015]
- http://www.press24.mk/zhitelite-na-kriva-palanka-naskoro-kje-dobijat-nov-moderen-urgenten-centar
- Курир (19.03.2014) Втора фаза од реконструкција на здравствениот дом во Крива Паланка [Пристапено на: 23.03.2015]
- http://kurir.mk/republika/opstini/151528-Vtora-faza-od-rekonstrukcijata-na-zdravstveniot-dom-vo-Kriva-Palanka
- Zdravstvo24mk (19.03.2014) Привршува реконструкцијата на здравствениот дом во Крива Паланка [Пристапено на: 23.03.2015]
- http://zdravstvo24.mk/2014/06/10/privrsuva-rekonstrukcijata-na-zdravstveniot-dom-vo-kriva-palanka/
Оценето од: Милена Јосифовска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар