ВМРО-ДПМНЕ: Зголемување на платите во администрацијата

Платите на учителите, здравствените работници, полицијата, војската, културните работници и јавната администрација, на 1 октомври 2008 ќе се зголемат за уште 10%, а на 1 октомври 2009 за дополнителни 10%. Вкупното зголемување на платите со ВМРО-ДПМНЕ заклучно со октомври 2009 ќе достигне 34%. Веруваме дека подобрените услови за бизнис и зајакнувањето на економскиот раст ќе овозможат и приватниот сектор да продолжи со зголемување на платите на работниците.

Образложение:

Во Отчетот кој самата ВМРО-ДПМНЕ го објави пред предвремените избори во 2011 година пишува дека ова ветување е делумно остварено. На страна 107 од Отчетот партијата потсетува дека платите во јавниот сектор во 2007 и во 2008 година биле зголемени за по 10%, а третото зголемување за 10% беше одложено за по целосното завршување на светската криза.

Министерот за финансии Зоран Ставрески на 23 март 2010 година објави дека Македонија официјално излегла од рецесијата бидејќи државата забележала раст на Бруто домашниот производ од 1,2 проценти.

Не е јасно дали излегувањето од рецесија може да се смета како крај на светската криза и збунувачки е што всушност може да значи – крај на светската криза. САД, Германија, Јапонија и повеќето големи економија во втората половина од 2009 година објавија дека излегле од рецесија.

Линкови

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција