Во Усје отворен Дневен центар за лица со посебни потреби

Центарот за лица со пречки во развојот е отворен во март 2015 година Фото: Веб-страница на Општина Кисела Вода

Проект: Дневен центар за лица со посебни потреби

Во соработка со Министерството за труд и социјална политика, ќе отвориме Дневен центар за лица со посебни потреби, со цел нивна социјализација и подобрување на квалитетот на нивното живеење. (Средствата за овој проект ќе ги обезбеди општината Кисела Вода. Рок за реализација: 2014–2015)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Дневен центар за деца и младинци со посебни потреби  е отворен во населбата Усје во март 2015 година.  Ова е исполнето ветување на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, дадено во нејзината Изборна програмата (2013-2017) Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Кисела Вода! (Социјална заштита и социјална превенција, стр. 54).

На 20 март 2015 година медиумите информираа  дека градоначалничката на Општина Кисела Вода, Беличанец-Алексиќ и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заедно со  управителот на Здружението за деца со посебни потреби “ДАМА ЕЛ” Олгица Георгиева,  ја пресекоа лентата и со тоа го означија почетокот на работа на новиот Дневен центар за деца со посебни потреби во населеното место Усје.

На веб-страницата на Општината  во текст насловен: „Градоначалникот Беличанец-Алексиќ и Министерот Спасов отворија Дневен центар за деца со посебни потреби“,  е пренесена изјава на Беличанец-Алексиќ, во која таа вели:

Во објектот кој општина Кисела Вода му го даде на користење на Здружението за деца со посебни потреби “ДАМА ЕЛ”, без надомест, на 10 години, по извршеното реновирање, на вкупно 400 квадратни метри, функционираат 6 училници во кои дневно можат да престојуваат по 25 лица на возраст од 3 до 26 години. Ним на располагање им стои стручен тим составен од психолози, педагози, дефектолози и логопеди. Дополнително, во долниот дел на ова здание е планирано отворање и на амбуланта, а на ова место ќе биде сместена и новата месна заедница

Во истата информација е дадена и изјава на министерот за труд и социјална политика, Спасов во која тој  ѝ се заблагодарува на Беличанец – Алексич

Би сакал да им честитам на општина Кисела Вода и на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ за поддршката што ја имаат дадено на приватниот инвеститор-се со цел еден ваков објект да се стави во намена на децата со пречки во развојот од општина Кисела Вода, меѓутоа и од градот Скопје

Дневниот центар за деца со посебни потреби „Св. Кирил” е сместен во некогашниот објект на ПОУ “Невена Георгиева Дуња“ во населба Усје. Има капацитет за 25 деца на возраст од 3 до 26 години.

 

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Оставете реакција