Завршена е реконструкцијата на булеварот „АСНОМ“ до мостот „Близнак“

Фото:skopje.gov.mk

На почетокот на мандатот градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во рамки на проектот за сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Гази Баба и Центар , во неговата прва фаза најави:

Реконструкција на булеварот „АСНОМ“

[Извор: Нетпрес датум:23.03.2018 г.]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Реконструкцијата на булеварот „АСНОМ“  на потегот од крстосницата со булеварот „Васко Карангелески“ до крстосницата со булеварот „Србија“ кај мостот „Близнак“, е  исполнето ветување на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Проширувањето на оваа делница Шилегов го најави на прес-конференција неколку месеци по доаѓањето на функцијата, како прва фаза од проектот за новиот сообраќаен коридор преку реката Вардар којшто ќе ги поврзува  Аеродром, Гази Баба и Центар.

Реконструкцијата на оваа сообраќајница, чијшто изведба започна пролетта 2019 година, заврши во мај минатата година (2020). На споменатиот потег е направено проширување  на булеварот „АСНОМ“ со по 3 коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки во двете насоки  и средишно зеленило.

Ова, фактички, е првата од трите фази за изградба на овој булевар, кој во наредниот период преку новиот мост на реката Вардар – којшто е во завршна фаза на изградба, треба да се поврзе со булеварот „Гоце Делчев“ во Општина Гази Баба (кај Ќерамидница), со што Аеродром ќе добие и нова сообраќајна релација кон Центар.

Информација и фотографии за проширениот билевар се објавени на официјалната  веб-страница на Град Скопје и во повеќе меедиуми.

 

ИЗВОРИ:

 


Овој напис е изработен во рамките проектот Проверка на фактите за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Написот, кој е првично објавен во Вистиномер, e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација NED (National Endowment for Democracy). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, НЕД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

Оставете реакција