Зелената агенда е патоказ за унапредување на квалитетот на животот

Фото: Gerd AltmannPixabay

Зелената агенда на Светскиот економски форум воопшто не значи дека нема да има сонце, растенија, храна и луѓе како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме. Зелената агенда се однесува на глобални проблеми за кои е потребна итна акција. Зелената агенда за Западен Балкан се состои од 5 столба: 1) Декарбонизација: климатска акција, зелена енергија и одржлив транспорт 2) Циркуларна економија 3) Борба против загадувањето 4) Одржливо производство на храна и одржливи рурални средини 5) Биодиверзитет: Заштита и реставрација на природата и екосистемите

Зелената агенда на Светскиот економски форум воопшто не значи дека нема да има сонце, растенија, храна и луѓе, како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме. Зелената агенда се однесува на глобални проблеми за кои е потребна итна акција. Зелената агенда за Западен Балкан се состои од 5 столба: 1) Декарбонизација: климатска акција, зелена енергија и одржлив транспорт 2) Циркуларна економија 3) Борба против загадувањето 4) Одржливо производство на храна и одржливи рурални средини 5) Биодиверзитет: Заштита и реставрација на природата и екосистемите

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од Бил Гејтс и пишува:

„Зелената Агенда” на светскиот економски форум. Нема Сонце, Нема растенија, Нема храна, Нема луѓе.
Зелената агенда на Светскиот економски форум воопшто не значи дека нема да има сонце, растенија, храна и луѓе, како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме. Зелената агенда се однесува на глобални проблеми за кои е потребна итна акција. Климатските промени се глобална криза каде повеќе од половина од светскиот бруто домашен производ директно зависи од природата. Да се сфати итноста на зелената транзиција е исклучително важно за глобални лидери, особено корпоративните лидери, бидејќи од тоа зависи одржливоста на природата и идната добробит на планетата. Одржливи практики во иднина сè она кон коешто се стреми да мотивира Светскиот економски форум.

За време на ковид пандемијата, падот на глобалната побарувачка за енергија резултираше со помали емисии на јаглерод диоксид. Овој тренд стана поизразен поради падот на субвенциите за фосилни горива и зголемувањето на производството на електрична енергија од обновливи извори и продажбата на електрични возила. Луѓето ширум светот забележаа позитивни ефекти, воздухот беше помалку загаден, а природата се подобруваше. Изгледаше како да има можност за економско закрепнување во кое зелените политики ќе поддржат одржлив економски раст, со позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата.

Иако се чинеше дека може да се постигне забавување на емисиите на стакленички гасови и дека може да се опорави животната средина, се случи воената инвазија на Русија врз Украина која го поларизираше светот, предизвика енергетски и прехранбени кризи и ја поттикна глобалната инфлација и порастот на трошоците за живот. Тоа го стави прашањето за енергетската безбедност на врвот на политичката агенда на сметка на енергетската транзиција.

Зелената агенда за Западен Балкан е инструмент за постигнување на Европскиот зелен договор во нашиот регион. Европскиот зелен договор претставува пресвртница во борбата против климатските промени и сеопфатна стратегија за раст на Унијата, а неговата имплементација треба да доведе до климатска неутралност на Европската унија до 2050 година.

Со потпишување на софиската декларација за зелената агенда за Западен Балкан на 10-ти ноември 2020 година, земјите од регионот се обврзаа да ја имплементираат Зелената агенда како „патна карта“ за низа конкретни акции и мерки што ќе доведат до развој со минимално испуштање на јаглерод и економски раст во согласност со принципите на одржлив развој. Зелената агенда за Западен Балкан опфаќа пет области: клима, енергија и мобилност; циркуларна економија; спречување на загадувањето; одржливо земјоделство и производство на храна и биодиверзитетот. За да ја разбереме Зелената агенда за Западен Балкан, треба да го разбереме Европскиот зелен договор. Тој е долгорочна развојна стратегија на земјите од ЕУ, која има за цел да ги спречи климатските промени. Последиците од климатските промени во природата денес веќе можеме да ги видиме, од топењето на глечерите, брзиот пораст на нивото на морето, до интензивните топлотни бранови, појавата на нови болести и масовното исчезнување на различни растителни и животински видови. Главниот виновник за овие нуспојави кои влијаат на нашата околина е емисијата на стакленички гасови, поточно оние кои како покривка ја задржуваат топлината во атмосферата на Земјата и на тој начин ја загреваат планетата. Затоа, главната цел на Зелениот договор е да се постигне јаглеродна неутралност до 2050 година, односно целосно да се неутрализира количината на стакленички гасови што ги испуштаме во атмосферата, пишува Обединет Балкан за чист воздух.

Зелената агенда за Западен Балкан се состои од 5 столба:
1) Декарбонизација: климатска акција, зелена енергија и одржлив транспорт
2) Циркуларна економија
3) Борба против загадувањето
4) Одржливо производство на храна и одржливи рурални средини
5) Биодиверзитет: Заштита и реставрација на природата и екосистемите.
Декарбонизацијата подразбира постепено намалување, и конечно целосно укинување на употребата на фосилните горива за производство на енергија и транзиција кон чисти, обновливи, неограничени и одржливи извори на енергија. Со согорувањето на фосилните горива ја зголемуваме концентрацијата на стакленички гасови и на тој начин придонесуваме за климатските промени, притоа произведувајќи огромни количини на загадување кое се испушта во воздухот, водата и почвата, загрозувајќи го здравјето на сите граѓани, стабилноста на природните екосистеми, залихите и пристап до вода и производство на храна.
Со оглед на тоа што земјата, како и водата, е основа за земјоделството на целиот регион, по овој столб од Зелената агенда логично следи следниот, а тоа е заштитата на земјоделското производство. Спроведувањето на Зелената агенда би подразбирало производство на поквалитетна храна, на начин кој нема да ѝ наштети на животната средина и со употреба на технолошки иновации. Така, на пример, земјоделците од нашиот регион би можеле да ја подобрат својата продуктивност со следење на податоците добиени преку сателитски снимки, за потенцијални временски непогоди, што ќе им овозможи навремено да ги заштитат своите посеви.
Со регулирање на употребата на пестициди, инсектите ќе бидат помалку загрозени, што е важно за петтиот столб од Зелената агенда, а тоа е заштитата и обновувањето на биолошката разновидност и екосистемите.
Петтиот столб од Зелената агенда се стреми да го запре губењето на биолошката разновидност, натамошното уништување на шумите и губењето на земјиштето и да овозможи обнова на екосистемите и биолошката разновидност на Западен Балкан.
Како дел од зелената агенда потребно е земјите од нашиот регион заеднички да развијат стратешки планови за заштита на природата и биодиверзитетот и заеднички да ги имплементираат. Треба да направиме и заеднички планови за обновување на шумските површини, како и за спречување на уништувањето на шумите, што во моментов е голем проблем во некои од земјите од Западен Балкан. Со цел понатамошно подобрување на зачувувањето на биолошката разновидност и екосистемите, Зелената агенда ќе ја поттикне соработката меѓу нашите земји, особено помеѓу институциите кои се занимаваат со заштита на природата и истражување, со цел да се формира заеднички информативен центар за биолошка разновидност на Западен Балкан. Целта на оваа соработка, како и целта на формирањето на заеднички информативен центар, е да се истражат можностите и начините за зачувување на биолошката разновидност, како и можностите за развој на природни решенија за одбрана од ефектите на климатските промени, пишува Обединет Балкан за чист воздух, објаснувајќи ја зелената агенда.
Евидентно од сето горенаведено, зелената агенда има за цел зачувување и унапредување на животната средина и исхраната, а не укинување на сонцето, растенијата и храната и луѓето.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција